• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Компјутеризирање на училиштата низ Македонија, добро или лошо?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

leopard

Intern
13 март 2008
60
5
Компјутеризирање на училиштата низ Македонија, Колку е паметна оваа инвестиција?

Па еве имам една мисла, но сакам да знам што и другите мислат за ова сега што го изведуват низ училиштата со инсталирањето на компјутерите.
Колку е паметна оваа инвестиција?
Спрема мене, да од една страна супер идеа. Подобро учење.... Но за кои ученици? За 1 година пак ке се вратат по старите методи. Зошто ? Па нема да постојат тие компјутери за 1 год. За овој народ е такво нешто?
Плус, смрт за очите. Колку и што тврдат нема зрачење од тфт мониторите, има. Бидејки минам 10-15 часа дневно пред ком и знам како е... После неможам очи да отворам...
Не е битно, сакам да кажам дека овој Македонски народ што повекето незнаат да го вклучат компјутерот сеуште не се спремни за компјутеризацијата. Прво професорите треба на курс да одат минимум 2 години па да можат да го водат часот преку компјутер:D
Ајде да чујам ваше мислење?:)

PS: Сменив топик бидејки овој мислам дека му е по соодветен.
 
Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Добро е тоа што се стремиме кон компјутеризација. Но се не треба да биде со помош на компјутери. Плус можно е неовластено влегување и нивна злоупотреба (кај оние кој се разбираат подобро). Така да сум 50-50 за ова.
 
fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
hmmmmz.. Tuka delumno se slozhuvame..
Namerata za kompjuteriziranje na Makedonskite uchislishta vo globala e dobra, voedno ima edukativna i olesnitelna cel. No, kako shto i ti kazha, neznam kolku tie kompjuteri kje traat.. I mislam deka dokolku pochne da se drzhi nastava ( ili nekade vekje mozhebi i e pochnato ), golem procent od uchenicite koi shto ja drzhat nastavata so pomosh na kompjuter, ednostavno kje zabegaat so materijalot.. Mnogu pointeresno na nekoi kje im e da si "roshkaat" po kompjuterot neshto shto niv kje im padne na um, od kolku da sledat shto profesorot/profesorkata diskutira, i da gi izrabotuvaat zadachite koi shto im se zadadeni.
Taka da, koga vekje aktivno kje pochne da se oddrzhuva nastavata samoto vreme kje go prikazhe rezultatot.

I da.. I profesorite ne se spremni za oddrzhuvanje na nastava preku kompjuter.. Nemozham da gi zamislam, nekoi 60-tina godishni profesori pred penzioniranje drzhat nastava na kompjuter, a cel zhivot prethodno nemale ni videno kompjuter kako izgleda.. Chest na iskluchocite.
 
dani_janev

Intern
19 април 2007
280
7
не знам како може да се постави вакво прашање компјутеризација...добро или лошо?
како може ова да биде лошо?!
ние сме толку назад во тој поглед што школи по села имаат по 2-3 компјутера (и тоа директорот и секретарката се рабира)...и зарем тие деца на некои праисториски машини ќе разберат и научат како што треба.
затоа имаме неписмени во 21 век.
а ова дека за една година ќе се вратат старите или смрт за очите не држи вода. нормално е дека не само компјутери и цела техника оди напред...и тоа многу брзо...инаку денес и обична касиерка во маркет поминува по 8 часа пред монитор...може порано се знаеше кои професии користеа и им требаа компјутери...ама сега буквално на секого му треба...од фармери...до директори...од првоодделенци до пензионери...
овој народ и те како е спремен за компјутеризација...ова требаше да почне и порано
 
^Predator

Intern
12 март 2008
293
18
fuUuUzZzZy; напиша:
51279 Mnogu pointeresno na nekoi kje im e da si "roshkaat" po kompjuterot neshto shto niv kje im padne na um, od kolku da sledat shto profesorot/profesorkata diskutira, i da gi izrabotuvaat zadachite koi shto im se zadadeni.
Па ваљда ќе има некој софтвер како што има во интернет кафињата, преку кои што ќе им биде "ограничен" пристапот до комјутерот, и преку кој што не ќе можат да кога сакаат да бидат вклучени на комјутерот...
 
Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Па ваљда ќе има некој софтвер како што има во интернет кафињата, преку кои што ќе им биде "ограничен" пристапот до комјутерот, и преку кој што не ќе можат да кога сакаат да бидат вклучени на комјутерот...
Изводливо е, кај нас на факултет не може ништо да се спушта. Не може ништо да се инсталира и останати работи, сепак за се има лек.
 
fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
а ова дека за една година ќе се вратат старите или смрт за очите не држи вода
Siguren si? Se sekjavam prva godina gimnazija kakvi samo li se pravea kompjuterite.. Rachunaj mladi lugje vo 21-vi vek, nenasitni za kompjuter..kompjuterite bea povekje rasipani od kolku shto bea vo red.. Ili nekakva mehanichka shteta, ili pak prepoln so virusi, izbrishan windows i ect ect.. I toa, se na se na 30 kompjuteri, kade shto tochno se znaeshe koj se sedi na kompjuterot, odnosno koj klas pominal na toj kompjuter, i koj uchenik napravil shteta.. A zamisli sega, dokolku se realizira toa da za sekoj uchenik da ima posebno kompjuter ( potochno 1 kompjuter za 6 uchenika ), kade shto redot nemozhe da mu se fati.. Kje treba sekoj den nekoj da gi formatira, da gi poprava i sl.. Se nadevam deka gresham, no nekako toa prvo mi doagja koga kje se spomne deka sekoj uchenik kje ima kompjuter.
btw. daleku od toa deka ne treba kompjuterizacija.. Treba, no da vidime kolku toa kje znae da se ceni, i da se oddrzhuva.

Па ваљда ќе има некој софтвер како што има во интернет кафињата, преку кои што ќе им биде "ограничен" пристапот до комјутерот, и преку кој што не ќе можат да кога сакаат да бидат вклучени на комјутерот...
Abe fala bogu deka kje ima takvo neshto, ama koga na nekoj mu e dosadno, (posebno na nekoj takvi chasovi kako fizika hemija matematika istorija) povekje bi go ispolnilo, cel chas samo pozadini da menuva ili da "shkrta" vo paint ili slichno, od kolku da go slusha profesorot.. ( kazhuvam od iskustvo..)
 
Eva Molotow

Intern
14 април 2008
106
30
Дефинитивно нема добро да поминат компјутерите.
Јас сум 15 и ги гледам овие околу мене.
Пре агресивни се, скоро сите од 15-16 год.
 
^Predator

Intern
12 март 2008
293
18
Abe fala bogu deka kje ima takvo neshto, ama koga na nekoj mu e dosadno, (posebno na nekoj takvi chasovi kako fizika hemija matematika istorija) povekje bi go ispolnilo, cel chas samo pozadini da menuva ili da "shkrta" vo paint ili slichno, od kolku da go slusha profesorot.. ( kazhuvam od iskustvo..)
Како ќе шкрта во пеинтот кога не го знае пасвордот, а само професорот може да му одобри влез во комјутерот, преку неговиот сервер?
 
Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Како ќе шкрта во пеинтот кога не го знае пасвордот, а само професорот може да му одобри влез во комјутерот, преку неговиот сервер?
Ова ти го кажувам по примерот на штуловиот. Секој студент си има свој username: (primer) ir12979 и лозинка. Откако ќе се логира има пристап само до определени делови како десктопот и старт менито и 100 мб кој ги има на серверот. Единствено место каде може да се снима е десктопот и УСБ меморија, и нормално ако си носиш екстерен хард диск :)). Кај нас ова успешно функционира нема никаков проблем на компјутерите. Корисниците се фактички нешто како limited users. Поздрав
 
Alexandar.MK

Intern
26 март 2008
7
0
Идејава со компјутерите е многу избрзана. Скоро 90 % од училиштата во МК кои просечно имаат околу 20 компјутера и не можат со нив да се справат а камоли со многу повеќе. Друга негативна работа е што досега процентот на образовани е мал.... џабе 90% оценките се 5-ки коа од ракав се ставани. И шо сеа демек нешто младинава повеќе ќе научи ако работи на компјутер?
А и не ми е јасно кој ќе ја плаќа струјата што ќе ја тие компјутери? Како што можеме да забележиве едвај школите сии врзуват крај со крај сега, а не пак со 10 пати повеќе трошоци. Дали државата ќе си ја превземе одговорноста за тоа или ЕВН ќе им ја секне струјата па да тогаш учениците да учат на свеќи!!
 
Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Потполно се согласувам со предлогот на Александар.МК, бидејќи е во право за тоа. Мислам за потрошувачката на струја. А инаку сум за компјутеризацијата во училиштата во Република Македонија бидејќи во идно време секој ќе има компјутер дома, па ќе му треба да научи нешто за компјутери. А инаку ова може да има и негативни страни бидејќи ако на ученикот му е тапа на часови ќе работи нешто у компјутерот. На пример ќе се досадува у Пејнт, или во Ворд. Ама сепак мислам дека најдобро решение би било да се стави програм како во интернет кафулињата и со тоа да се ограничи пристапот до компјутерот на ученикот... јас мислам дека така е најдобро:)
 
^Predator

Intern
12 март 2008
293
18
Најдобро е да ја читаш целата тема од почеток и ако нема што да кажеш да не ги повторуваш работите:D
 
super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Изводливо е, кај нас на факултет не може ништо да се спушта. Не може ништо да се инсталира и останати работи, сепак за се има лек.
Па да изводливо е! Се користи Net Support School и со него се поврзуват сите комп. во мрежата со компјутерот на професорот/наставникот т. е.
серверот. Потоа преку серверот може да се набљудува секој компјутер, да се пуштаат тестови, да покажва наставникот нешто како се прај, се става забрана за спуштање или за некои интернет страници или за некои програми...
 
Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Луѓе, ја читам целата тема и се чудам на постовите. Како може компјутеризацијата да е лоша? 21 век сме каде познавањето на работа на компјутер е важна колку и вртењето на мобилен. Што е подобро, компјутеризација или како кај мене што беше во клас, од 27 ученика 21 не знаеја ништо повеќе од Solitaire? Видов дека некои велат компјутерот ќе го одземал вниманието. Ни со тоа не се служувам. Има премногу начини да се регулира тоа софтверски, а и со оглед на фактот што секој ученик има само монитор, тастатура и маус пред себе, не е тешко професорот со еден on/off switch да ја регулира работата на компјутерите. BTW, не секој час ќе се држи пред компјутер, има некои предмети кои не можат да се држат на компјутер, математика мора да земеш тетратката и моливот и да решаваш задачи. А за струјата владата најверојатно нашла решение и за тоа штом почнала со поставување на компјутерите.
 
Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Точно, 21век сме... ерата на компјутерите.. Доколку некој се плаше толку за очите едноставно нека го исклуче мониторот.. а и така и така кје бидат ЛЦД мониторите и оштетувањето на очите ќе биде минимално

За рестрикции веќе има планови кај нас во школо со инсталирање на софтвер или по се изгледа контролирање од главниот сервер но тоа ќе се мисле кога ќе се донесат.. засега немаме ни кабел од компјутер кај нас..

За струјата се поставуваат нови инсталации со нови склопли проводници и такви ствари, може само да најдам забелешка во негрижата за поставување на мрежните кутии оти кај нас векје 5 паднаа од ѕидовите.
 
maximilian

Gaining Experience
26 март 2008
1,064
74
Јас мислам дека компјутерите е крајно време веќе да се воведат во наставата. Зошто да заостануваме? Башка, на било кое работно место да аплицира човек, се бара општо познавање од компјутери, а каде најдобро би научил да работам на компјутер освен на школото? Глеав еден филм (не знам како се викаше) едно дете хакерче си ги поправаше оценките на училиште, така што влегуваше во компјутерите од школото а филмот Е ЗА ФАКИНГ ’82 (или така нешто) а нашите професори до ден денес сеуште се мотаат со дневниците под мишка. И мислам дека поентата не е дали ќе научиш повеќе или помалце, а да научиш да работиш со нив, а и ако сакаш можеш да научиш повеќе од обично, зашто денес буквално секоја информација е достапна на интернет. Јас многу често кога сум пишувал проекти за школото сум користел информации од wikipedia, место да се акам по библиотеки и рачно (или очно како сакате :D ) да барам по азбучен ред по енциклопедиите, па ја немало во оваа, па да барам у друга и тн... Кога луѓето се возеа со коли по светот ние се туркавме со коњи, кога луѓето користат компјутери ние пишуваме рачно...sad but true. И мислам дека крајно време е да бидеме во чекор со времето
 
MaSSta

Intern
11 мај 2008
3
0
И јас мислам дека крајно време е да се воведе компјутеризација во училиштата на државно ниво но мислам дека освен компјутерите треба паралелно да се развиваат и стандардизирани апликации за едукација. Незнам со какви компјутери сега се опремуваат училиштата но мислам дека требаше да бидат како терминали без хард дискови директно поврзани во мрежа а сервер да има кај професорот.
 
Alexandar.MK

Intern
26 март 2008
7
0
Не е лоша компјутеризацијата туку во лошо време се изведува. Ние сите работи си ги средивме па почнавме од компјутерите. :ha:
Прво училиштата треба да бидат темелно реновирани бидејќи во голем број нема минимални услови за учење, а не пак компјутери дасе постават. А колку овие компјутери ќе бидат заштитени од крадци? Барем досега бевме сведоци на голем број кражби на компјутери од училиштата. :isplashen:
Знам дека денешното време подразбира работа со компјутери и изучување на странски јазици но како што велите учениците ќе бидат контролирани да не работата нешто безвеза на компјутерите. Па зошто досега немаше контрола врз сите овие генерации кои на часевите уште да станувавме да играме. Значи тука затајува една друга мерка - она вистинското образование. Ништо нема да постигнеме со компјутерите ако не створиме култура на однесување и вистинско образование.
Сепак добро е што се почна оти од негде мора да се почне но паралелно мора и другите мерки да се спроведуваат. Не може само инсталирањето на компјутери да не направи земја на информатичари.
 
Sosema se slozhuvam. :bravo: Vo globala ova e nakratko shto treba da se kazhe zemeno od povekje aspekti na diskusijava.. Neveruvam deka nekoj e celosno protiv kompjuteriziranje na uchilishtata, no toa treba da se gleda i od drugi aspekti..
Temava e Interesna i duskutabilna, no nekako se mi se sveduva na ovie nekolku raboti..
 
Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Не е лоша компјутеризацијата туку во лошо време се изведува. Ние сите работи си ги средивме па почнавме од компјутерите. :ha:
Прво училиштата треба да бидат темелно реновирани бидејќи во голем број нема минимални услови за учење, а не пак компјутери дасе постават. А колку овие компјутери ќе бидат заштитени од крадци? Барем досега бевме сведоци на голем број кражби на компјутери од училиштата. :isplashen:
Знам дека денешното време подразбира работа со компјутери и изучување на странски јазици но како што велите учениците ќе бидат контролирани да не работата нешто безвеза на компјутерите. Па зошто досега немаше контрола врз сите овие генерации кои на часевите уште да станувавме да играме. Значи тука затајува една друга мерка - она вистинското образование. Ништо нема да постигнеме со компјутерите ако не створиме култура на однесување и вистинско образование.
Сепак добро е што се почна оти од негде мора да се почне но паралелно мора и другите мерки да се спроведуваат. Не може само инсталирањето на компјутери да не направи земја на информатичари.
Потполно се согласувам со тебе брате:)):bravo::bravo:
 
maximilian

Gaining Experience
26 март 2008
1,064
74
Прво училиштата треба да бидат темелно реновирани бидејќи во голем број нема минимални услови за учење, а не пак компјутери дасе постават.
Извини, а за какви училишта зборуваш? За основни или за средни? Ја мислам дека зборуваме за средни училишта. Не верувам дека повеќето средни училишта во МК се до толку затуцани па да немаат доволно услови за работа.

А колку овие компјутери ќе бидат заштитени од крадци?
Колку што знам, во секое училиште си постојат чувари кои го чуваат школото навечер, па ако снема нешто навечер тие си сносат одговорност.

Па зошто досега немаше контрола врз сите овие генерации кои на часевите уште да станувавме да играме. Значи тука затајува една друга мерка - она вистинското образование
Хмм, зарем мислиш дека некое дете што навистина сака да научи треба да биде лишено од тоа зашто некои ученици се однесуваат девијантно? Ако сакаш да научиш, компјутерот може и тоа многу да ти скрати на време а и на работа. А што, ваму па на другите часеви дисциплината цвета? Таму сите сме просто....бубачки :). Можда на информатика игравме игри, ама пак на хемија се мававме со книшки и летавме авиончиња на сред час :D, па сега...што значи тоа? Дека немавме доволно свест да учиме хемија, и заради тоа не требаше да го учиме предметов (иако сум многу за да нема хемија :D )

Не може само инсталирањето на компјутери да не направи земја на информатичари.
Можеби не може, но е старт. Сепак, од некаде треба да се почне, тука почнуваме со инсталација :p
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,594
Мислења
824,195
Членови
28,086
Најнов член
martinivs
На врв Дно