1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Компаниите не го сакаат „виндоус 7“

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од светот' започната од JunkieMKD, 14 Јули 2009.

  1. JunkieMKD

    JunkieMKD
    Retro King

    2,346
    1,082
    3 Декември 2008
    Машко
    Шест од 10 компании нема да го купат новиот оперативен систем, „виндоус 7“, покажуваат резултатите од едно неодамнешно истражување. Како причини за оваа одлука се наведуваат обидите да се заштедат пари и загриженоста за компатибилноста на новиот софтвер од „Мајкрософт“ со апликациите што тие моментално ги употребуваат. „Виндоус 7“ ќе излезе на 22 октомври и досега за оваа верзија се слушаат претежно добри критики, за разлика од неговиот претходник, „виндоус виста“, што многу фирми одбија да го користат тврдејќи дека е нестабилен систем. Од истражувањето во кое беа вклучени околу 1.000 компании беше заклучено дека за време на рецесијата тие се обидуваа да заштедат воздржувајќи се од последните софтверски ажурирања, поради што нивните системи не ќе можат да се усогласат со последната понуда од „Мајкрософт“.

    Извор.
     
  2. HijackHacker

    HijackHacker
    Gaining Experience

    5,108
    297
    21 Февруари 2008
    Машко
    Web Designer
    Очигледно е дека ќе треба да направат појака маркетинг кампања за фирмите да ги прифатат...
     
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,895
    26,221
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Тешко е да се одвикнеш од првата љубов XP нема да се исчисти комплетно уште долго време.
     
  4. filipvselena

    filipvselena
    Gaining Experience

    2,799
    76
    7 Април 2007
    Џабе им е Мајкрософт ќе смисли нешто,нема да прави апдејти за XP,нема да се развиваат додатоци на него и на крај ќе бидат приморани да го прифатат.
     
  5. Blagojce

    Blagojce
    Gaining Experience

    888
    67
    26 Декември 2007
    Машко
    Програмер
    Ако не прават update-и за XP тогаш може да се определат за Linux(бесплатен, нови update-и). Не е баш толку едноставно што стратегија да се примени за да го прифатат 7.
     
  6. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    890
    873
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    tie sto veke bile na windows teska rabota deka ke se prefrlat na linux, ke treba da se otepat od rabota da prefrlat celata funkcionlanost na linux, i plus ke treba da gi obucuvaat vrabotenite za linux koristenje.

    toj premin od win na linux mozat samo mali firmi (maaaali) da si go dozvolat, i tuka e prasanje kolku ke izgubat profit u meguvreme.
     
  7. filipvselena

    filipvselena
    Gaining Experience

    2,799
    76
    7 Април 2007
    Факт е дека 7 е подобар од XP во повеќе аспекти.Верувам дека компаниите можат да издвојат доволно пари да ги доградат системите на 1 гига рам,а ефектите за Аеро ако не ги подржува или не им одговараат лесно можат да се исклучат.Win XP полека влегува во историја така да бројот на тие корисници ќе почне постепено да се намалува.Доколку имаат проблеми со компактибилност на софтверот кој го користат верувам дека ќе може некако да се среди,односно сигурен сум дека софтверот си има соодветна подршка која е задолжена за издавање додатни надоградби поради компактибилност.
     
  8. CyberSpic

    CyberSpic
    Intern

    823
    26
    14 Април 2007
    Мислиш дека цената е скапа поради тој 1 гига рам ? Да не се тие 300$ по лиценца ? :D
     
  9. filipvselena

    filipvselena
    Gaining Experience

    2,799
    76
    7 Април 2007
    Епа порано кога ги платиле парите за XP сега нема да биде проблем и за 7 плус тие добиваат попуст бидејќи зимаат повеќе лиценци.Нема многу да го погоди буџетот на компаниите бидејќи ако е профитабилна компанија парите ќе ги врати за година дена или помалку.
     
  10. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,614
    3,537
    11 Декември 2008
    Машко
    Ќе го засакаат со тек на време :)
     
  11. Fiasco

    Fiasco
    Gaining Experience

    3,036
    203
    2 Март 2008
    Нека помине кризата прво.
     

Сподели

Вчитување...