AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139
Компаниите ќе можат по електронски пат да ги достават во Централниот регистар годишните сметки за 2008 година, користејќи дигитален електронски потпис (сертификат), а плаќањето ќе се реализира со кредитна каричка. Оваа новина вчера ја најави Иво Ивановски, министерот за информатичко општество, кој нагласи дека од идната година во земјава ќе може да се регистрира и фирма преку интернет.
- Со тоа нема да има потреба да се оди на шалтер и да се плаќаат по 1.000 денари оти од компјутер ќе можат да се симнат сите формулари, да се пополнат и да се платат само 400 денари .Граѓаните ќе заштедат време и пари - вели министерот Ивановски.
Според Зоранчо Алексов, директор на Централниот регистар, до средината на идната година граѓаните ќе можат преку интернет да поднесат барања за добивање на документи и кои ќе им бидат пратени во електронска форма.
- Она што ќе биде најинтересно за граѓаните е тоа што во електронска форма ќе се поднесува целокупната документација за отворање на фирмите, а и решението од Регистерот ќе се добие во електронска форма - вели Алексов.
Тој ја најави втората фаза на едношалтерскиот систем што ќе стартува идната година, со која ќе се поврзат фондовите за пензиско и здравствено осигурување и Агенцијата за вработување, ќе има и електронска услуга за стечајните работници, како и имплементација на регистер на изречени санкции против правни лица.
Извор: Вечер