• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Колку вистина има во спамот?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Принципиелна претпоставка на секој редовен корисник на интернетот е дека спамот е само пат до вируси и измами и дека секоја понуда за зголемување на потенцијата по природен пат или апелот за помош кој ви го праќа ќерка на нигериски генерал треба веднаш да се избришат. Од друга страна, фактот е дека очигледно сеуште има доволно идиоти кои наседнуваат на ваквите штосови, бидејќи во спротивно спамерите веќе би измислиле нови финти.

Токму поради ова, Дејв Девалт од McAfee - еден од најпознатите производители на сигурносен софтвер организира необичен експеримент наречен "Super Spam Me". Eкспериментот ќе собере 50 доброволци од разни земји кои од McAfee ќе добијат чисти лаптопи без никаква заштита, нови е-маил адреси, па дури и буџет од 250 фунти за купување на се што ќе посакаат од спамерските понуди.

А ќе мора да купуваат (нарачуваат) според претходен договор - во првата недела, доброволците ќе имаат обврска да се пријават за секоја "фантастична понуда" која ќе ја примат во своето електронско сандаче. Во втората недела ќе се фокусираат на даунлодирање на "бесплатна музика", третата недела ќе биде посветена на вклучување во сите понуди за брзо богатење, а четвртата за купување на сите можни лекови кои се нудат по мејл.

На крајот, по завршувањето на експериментот (нормално, доколку компјутерите им преживеат до тогаш) стручњаците од МcAfee ќе ги прегледаат лаптопите и ќе проверат што се вгнездило во нив. Исто така, сите производи кои ќе стигнат (доколку воопшто некој стигне), доброволците ќе можат да ги задржат.

Се разбира, замислата е да се покаже дека спамот не е ништо друго освен опасна и криминална појава.

Izvor: Kajgana
 

StarBuck

Intern
16 февруари 2008
1,295
48
Берлин
StarBuck's setup  
Processor & Cooler
Quad-Core Intel Xeon E5 3,7
Storage
256 GB SSD
RAM
12 GB DDR3-RAM
Video card
Dual AMD FirePro D300 GDDR5 4GB
Monitor
IPS
OS
Yosemite
Не ми е јасна целта... Нели е тоа веќе општо позната работа? Зошто мора да ја испробуваат? Не викам дека не е интересна идеата ама пак...
 

D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,910
www.iwmnetwork.com
Не ми е јасна целта... Нели е тоа веќе општо позната работа? Зошто мора да ја испробуваат? Не викам дека не е интересна идеата ама пак...
Реклама на компанијата... а и не им е општо познато што всушност е спам на почетниците...
 

StarBuck

Intern
16 февруари 2008
1,295
48
Берлин
StarBuck's setup  
Processor & Cooler
Quad-Core Intel Xeon E5 3,7
Storage
256 GB SSD
RAM
12 GB DDR3-RAM
Video card
Dual AMD FirePro D300 GDDR5 4GB
Monitor
IPS
OS
Yosemite

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн администрација

Статистика

Теми
43,548
Мислења
823,103
Членови
28,060
Најнов член
DamjanTaso
На врв Дно