• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Колегијално како да ја подобриме комуникацијата за читачи на екран на форумов

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
684
399
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Знам дека меќу другото постојат одредени правила на Форумов меѓу кои едно од нив е да се пишува на кирилица, и претежно се почитува од "повозрасните", додека од несовесните или оние кои цел живот брзаат некаде, а секогаш некој ги чека, не се почитува. Сепак ме заитересира случајот за лицата, моментално запознат сум со една личност, кои користат скрин читачи за да комуницираат, како на форумов така да се снаоѓаат и надвор од него. При Веб Девелопмент има еден правец кој се вика Аксесибилити и има закони за почитување во посовесни држави иако неретко и таму се скока односно заобиколува. Сепак што преставува Аксесибилити како и Аксесибилити заедно со практики на Јузер Експириенс/Јузер Интерфејс? Тоа е начин да се помогне на лицата со попреченост (слободно нека ме корегира некој ако го погрешив изразот) за инклузивитет на Интернет и Дигиталниот простор. На Форумов во една реченица разбрав дека @Fatal1ty_ го почитува тој Концепт и начин на творење и комуникација. Затоа би ве замолил да одвоиме време како за запознавање со начините на кои би пишувале за побрзо да може некој да чита и осознава, а не да се успорува во некои нејасности како латинично пишување на Македонски Јазик или неправилна граматика или тајпос, сѐ со цел да помогнеме за побрз нечиј напредок.

Го поканувам да се приклучи во дискусија.

ЗАБЕЛЕШКА: Како правило број 1 кое почнав да го почитувам а тоа тој ми го кажа е Англиските зборови да ги пишувам на фонетски начин бидејќи така му е полесно за разбирање.
Мислењето е автоматски споено:

@masterwu извини што си зедов за право да отворам тема која во меѓувреме изрази желба да ја отвориш ти.
Мислењето е автоматски споено:

Правило број 2 НЕ ЦИТИРАЈТЕ доколку не е неопходно да се долови некоја поента. Така штедите време за читачот на екран.
 

masterwu

On your way to fame
11 февруари 2016
631
505
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
Ајде фала за темава, се надевам нема да сум единствениот член со скрин ридер на форумов за долго време, па да не треба да го замарам Fatal1ty_ само за мене :). Претходната верзија на форумов беше дефинитивно најпристапна во споредба со било кој друг македонски форум, а новава верзија има мали ситници кои што ќе треба да се поправат за да го донесат на исто ниво со претходната верзија, но чоеков веќе работи на тоа па ќе треба да го частам!.

Пишувањето на кирилица стварно ептен помага бидејќи македонскиот енџин што го користам штелован е нормално за кирилична азбука. Си врши одлична работа кога е пишано и на латиница, но сепак кириличното е подобро.

За странски јазици, во нашиот случај пишување англиски зборови фонетски, да, полесно се разбира, но како што спомнав и во другата тема јас веќе сум навикнат, а често пати и самиот менувам јазик за да напишам термин на англиски. Пример screen reader ќе ми го прочита како сцреен реадер, но лично за мене тоа не претставува проблем. Така да, што е до мене, слободно пишувајте си термини на оригиналниот јазик :). Доколку нешто ми звучи чудно и не можам да го разберам, секогаш можам да го проверам зборот буква по буква за да видам (pun intended) за што станува збор.

Една работа за која што ќе ве замолам е кога се ставаат слики на форумов, убаво би било да има барем 2-3 збора за сликата. Не мора да има долго објаснување (мада не сум сигурен дали на форумов кога се става слика може да се напише и алт-текст, бидејќи алт текстот во ХТМЛто е тоа што скрин ридерот го чита), но најчесто кога некој ќе се пофали дека купил нешто ќе напише „Денес се подновив со: <слика од продукт>“, треба или да го прашувам членот што има на сликата или пак да прашам некој во близина да ја види сликата па да ми каже што има на неа. Така да кога ќе се фалите, напишете модел или тип на предметот што го сликате. Исто така кога има попусти или се става слика од цена на производ, пожелно е да го напишете во текстуална форма, а не цела слика да се закачи па јас да се тепам додека да најдам за која веб страна станува збор за да дојдам до таа информација :D

За жал нивото на ИТ писменост кај слепите во МК е на многу ниско ниво, а најголеми кривци за тоа се луѓето од сојузот на слепи. Може да се започне од нивната веб страна, си закачија сега едно радио на страната кое што е ембедед објект, и штом отвориш некој линк на страната радиото автоматски се пушта и те вади од памет. Го пријавив проблемот пред некој месец, и еве гледам сеуште го средуваат. Битно некој си зема плата за одржување на сајтот. Дали страната е accessible за слепи луѓе,тоа не е битно. Битно е дека постои веб страна. А тоа што во 2020та година нема инструктори за ориентација и мобилност со бел стап во цела држава е уште поголема трагедија.

Доколку некој има било какви прашања, дали за софтверот што го користам, или пак имате пријател/роднина кој што има потреба од помош за користење на говорна програма, слободно кажете. Веќе две години сум корисник на говорна програма и најверојатно сум меѓу најискусните кај нас, а тоа е најповеќе бидејќи ослепев неодамна и знам визуелно како изгледаат работите на компјутер па брзо се адаптирав како power user.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
684
399
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
@masterwu едно прашање, што можеби и мене би ми олеснило пишување некогаш на тестатура...
На кој начин го внесуваш текстот во форумов? Знам дека има SpeechToText (Спич Ту Текст) и искрено и јас би го користел некогаш пошто не дека ме мрзи да пишувам ама некогаш мора да крене и во тој правец напред технологијава...
 

masterwu

On your way to fame
11 февруари 2016
631
505
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
@masterwu едно прашање, што можеби и мене би ми олеснило пишување некогаш на тестатура...
На кој начин го внесуваш текстот во форумов? Знам дека има SpeechToText (Спич Ту Текст) и искрено и јас би го користел некогаш пошто не дека ме мрзи да пишувам ама некогаш мора да крене и во тој правец напред технологијава...
Стандардна qwerty тастатура. Speech to text најчесто е корисно на телефони за побрзо диктирање, но не е секогаш најпрецизно. Башка на иОС нема диктирање на македонски. Има една ептен добра custom тастатура (апликација) на иос наречена FlickType која што е наменета за користење со скрин ридерот на иОС, па сега и диктирањето го користам ептен ретко бидејќи сум ептен брз на таа тастатура. Недостаток е што засега поддржува само англиски јазик.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
684
399
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
@masterwu speak up !!!
што би сакал, еве барем од моја страна
да почитувам како правило
за да овозможам по smooth искуство...
(освен нели веќе набројаното со сликите, кое ќе се потрудам да го почитувам)
 

masterwu

On your way to fame
11 февруари 2016
631
505
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
@masterwu speak up !!!
што би сакал, еве барем од моја страна
да почитувам како правило
за да овозможам по smooth искуство...
(освен нели веќе набројаното со сликите, кое ќе се потрудам да го почитувам)
Хаха, генерално на форумов начинот на пишување е одличен, а тоа најверојатно е бидејќи поголемиот дел сме повозрасни. Но, доколку следново што ќе го спомнам го правите надвор од форум (пример фејсбук, твитер, инстаграм) убаво би било да прекинете :).

Спам од емоџиња - значи секое емоџи си има текстуален опис кој што скрин ридерот го чита кога „виртуелниот курсор“ сретнува емоџи. На пример описот може да биде „широко насмеано лице“, „лице што намигнува“, „лице што се превртува“, „новогодишна елка“, итн. Е сега, кога ќе напишете некаков статус кој што ќе биде во следната форма:

:D :D :D :D :D Да е живо малото! :D :D :D :D :D

Јас треба да го слушам „широко насмеано лице“ сто пати додека да дојдам до содржината на пораката. Уште поголем хорор е кога ќе се користат еден куп емоџина во текстот за делење на зборовите. Пример фирмиве што креираат реклами на Фејсбук (I am looking at you Neptun), ги обожаваат емоџињата. Па додека да дојдам до содржината треба да слушам непотребни информации со описот на емоџињата. Е сега, некој паметен ќе праша, „Добро, не може ли да се исклучи читањето на емоџиња за да ги прескокне?“. Топ прашање, ама што правиме кога на текст чат некој ги користи како што треба, за да долови чувство. Јас сфаќам дека визуелно може да се нацртаат интересни работи со нив бидејќи како што спомнав ослепев неодамна, но пожелно е да не се спамираат за свашта.

А за оние кои што ставаат емоџиња на имињата на профилите на твитер, за вас има специјален казан во пеколот!

А да, додека сум кај твитер. Твитер има опција во апликацијата под сетингс да ве прашува дали сакате да ставите текстуален опис на некоја слика што ја прикачувате. Тоа е всушност алт-текстот на сликата кој што не се гледа но скрин ридер кога ќе ја фокусира сликата го чита. Ако не ве мрзи да пишувате опис на вашите слики, уклучете го тој сетинг. Мислам дека истото го има и на Инстаграм. Фејсбук од друга страна автоматски генерира алт текстови кои што се ептен генерични „Two people sitting. Sky. Ocean.“. Охридското езеро секогаш е Ocean :D.

И за крај, ако имаме јутубери тука кои што снимаат некакви туторијал видеа. Ве молам не ставајте видео со музика без никакво објаснување и само со позадинска музика. Ако ви е срам да зборувате или немате микрофон, барем потрудете се да јаопишете процедурата во описот на видеото.

Благодарам!
 

xenon

Guru
15 јануари 2011
3,789
9,204
Erga Gomnes
xenon's setup  
Processor & Cooler
i7 5960X 4300mhz
Motherboard
Asus X99 Deluxe
Storage
intel 750 400gb / 2 x 8tb seagate, 4 x 6TB WD, 3 x SM951 512gb, 4 x 4TB WD
PSU
Antec 1300W
RAM
64GB DDR4 @ 3200mhz
Video card
SLI (2 x Asus 1080Ti Strix)
Case
Coolermater Cosmos II
Mouse
Sentinel III
Keyboard
Coolermaster Master Keys Pro L
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x (2), Adam A3x (2), TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
43" Samsung KS7500 4К HDR
OS
W10P
Секоја чест за заложбата, се надевам ќе генерира интерес за полесно решавање на проблематиката! Би било добро доколку не е во рамки на можностите на лицата во чија надлежност е ова, да се спонзорира (со донации од членови) ангажман на професионален кадар (за бекенд делот) кој би дал дополнителен/стручен допринос и кога би дошле до тип на енџин/плагин кој ќе може да се користи не само на форумов туку и на останатите македонски сајтови со кои лицата со посебни потреби имаат/имале проблем.
 

masterwu

On your way to fame
11 февруари 2016
631
505
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
@masterwu Извини овака што прашувам. Што се десило ? Зашто користеш скрин читач и какви се тие уреди ?
Нема потреба да се извинуваш :)
Скрин ридерот не е посебен уред туку софтвер. Јас го користам NVDA - Non Visual Desktop Access. Тој е опен сорс и бесплатен. Постои и комерцијален наречен JAWS, но не сум имал искуство со него. Исто така секоја виндоус инсталација доаѓа со вграден скрин ридер наречен Narrator. Можете да го пробате и да го вклучите. Во најновиот билд на Виндоус 10 (билд 2004) доста го надоградија него, но сепак е зад NVDA и Jaws. Примарните копчиња за навигација се стрелките и Таб копчето.

На телефон исто така има вградени скрин ридери. На иОС се вика VoiceOver додека на Андроид се вика Talkback.

Иначе зошто користам скрин ридер? Па за тоа заслужен е Retinitis Pigmentosa, дегенеративна болест со која што клетките на ретината си решаваат да се самоубиваат и да не се создаваат нови. Али името на болестта е јако, како Хари Потер магија звучи :D. Иначе RP е најчестата болест од која што луѓето во светот ослепуваат. Башка и доста е рандом, некои ослепуваат во тинејџерските години, а некои 60тите години од животот. Мене ми падна бингото да го изгубам видот во средината на 20тите.
Мислењето е автоматски споено:

Секоја чест за заложбата, се надевам ќе генерира интерес за полесно решавање на проблематиката! Би било добро доколку не е во рамки на можностите на лицата во чија надлежност е ова, да се спонзорира (со донации од членови) ангажман на професионален кадар (за бекенд делот) кој би дал дополнителен/стручен допринос и кога би дошле до тип на енџин/плагин кој ќе може да се користи не само на форумов туку и на останатите македонски сајтови со кои лицата со посебни потреби имаат/имале проблем.
Форумов е доста пристапен, а и голем дел на македонските страни се пристапни бидејќи се базирани на ВордПрес, а ВордПрес out of the box си е пристапен, па се додека не се менуваат премногу дифолт работите, супер е. Новава верзија на форумов има потреба од неколку мали фиксови, за тоа треба фронт енд девелопер бидејќи сите фиксови се прават на HTML / CSS / JS. Али пошто и Кајгана ги има истите проблеми моментално, доколку се средат проблемите тука, лесно ќе може да се пренесе и таму.
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #10

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
684
399
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
@masterwu има некој во МК што изработува некој софтвер кои ги надополнуваат помагањата на функционирање во дигиталниот свет на луѓе со недостатоци во видот??? чисто ме интересира пошто си запознаен со областа прилично добро...
 
Последна промена:

masterwu

On your way to fame
11 февруари 2016
631
505
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
@masterwu има некој во МК што изработува некој софтвер кои ги надополнуваат помагањата на функционирање во дигиталниот свет на луѓе со недостатоци во видот??? чисто ме интересира пошто си запознаен со областа прилично добро...
Не познавам таква личност или фирма. Не знам дали дечките кои што работеа наMaika.mk имаат некаков план енџинот што го користат да го пуштат во употреба како standalone синтесајзер што би можело да се додаде на NVDA за да се добие поприроден глас. Јас тој што го користам од eSpeak енџинот е доста роботизиран. Но од друга страна овие од Маика изгледа користат некаков вид на Machine Learning / AI за нивниот енџин, а според гласот на жената, изворот е најверојатно од македонските аудио книги кои што се бесплатно достапни преку веб страната на сојузот за слепи:


Пазете само дебилното радио ќе ви се пушта автоматски кога ќе навигирате на било кој линк на страната. Аудио книгите се закачени на SoundCloud.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
684
399
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Стварно, покрај Форумов, имаш време за читање (слушање) аудио книги? Знам на rutracker ги има во изобилие и дури еднаш се залетав "по класици" на Англиски, мислев дека така ќе уштедам на време и ќе "читам", Али сепак се надевам дека покрај Компјутерски науки дури како пензионер "ќе прочитам" нешто друго добро...
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,115
27,380
kalco.ru
@masterwu Средено е со alt на слики.
Значи кога ќе се прикачат преку attachments на форум, како alt автоматски ќе се генерира името на сликата, што значи името ќе треба да го опишува продуктот што е на сликата.
Доколку се прикачува ембедиран линк од надворешен сервис alt можете да го ставате рачно. bbcode-от треба да изгледа вака...

Код:
[IMG alt="ALT TEKST"]LINK NA SLIKAK[/IMG]
Колку ќе го почитуваат ова членовите не сум баш сигурен...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
684
399
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Не може да го сторат како додатно input field!? Поедноставно би било ако секој внесува alt text во свое додатно поле како што внесуваме URL link на пример...
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,115
27,380
kalco.ru
Па има за атачменти веќе спомнав, има и поле во кое можеш да менуваш текст (означено со i ), а како да додадеш поле кога внесуваш ембедиран код дирекно во текст едитор, освен рачно да го додадеш во кодот или да користите некој сервис кој генерира таков бб код автоматски.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
684
399
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Па има за атачменти веќе спомнав, има и поле во кое можеш да менуваш текст (означено со i ), а како да додадеш поле кога внесуваш ембедиран код дирекно во текст едитор, освен рачно да го додадеш во кодот или да користите некој сервис кој генерира таков бб код автоматски.
извини не загледав на телефон, мислев @masterwu пишува, не загледав...
Благодарност и од мене!
Мислењето е автоматски споено:

При локален сервис, attach -ирање на слика, доколку не е преименувано името на сликата како опис на тоа што е на неа, треба всушност да се кликне на Вклучи BB код и да се додаде таму.
За пософистицирано можеби е малку покомплицирано за изведба, ама што и да е со време се надевам ќе се среди...
 
Последна промена:

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,115
27,380
kalco.ru
При локален сервис, attach -ирање на слика, доколку не е преименувано името на сликата како опис на тоа што е на неа, треба всушност да се кликне на Вклучи BB код и да се додаде таму.
Па... не. Туку ако не се промени, како alt ке го земе името на сликата какво и да е.
 

masterwu

On your way to fame
11 февруари 2016
631
505
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
@masterwu Средено е со alt на слики.
Значи кога ќе се прикачат преку attachments на форум, како alt автоматски ќе се генерира името на сликата, што значи името ќе треба да го опишува продуктот што е на сликата.
Доколку се прикачува ембедиран линк од надворешен сервис alt можете да го ставате рачно. bbcode-от треба да изгледа вака...

Код:
[IMG alt="ALT TEKST"]LINK NA SLIKAK[/IMG]
Колку ќе го почитуваат ова членовите не сум баш сигурен...
Супер, фала друже! На форумов најчесто се прикачуваат скриншотови а имињата на фајловите најчесто се генерираат ор рандом цифри и букви, така да очекувам да слушам рандом стрингови многу често, но во секој случај за слики каде што насловот на сликата ја опишува содржината, ќе помогне доста.

Стварно, покрај Форумов, имаш време за читање (слушање) аудио книги? Знам на rutracker ги има во изобилие и дури еднаш се залетав "по класици" на Англиски, мислев дека така ќе уштедам на време и ќе "читам", Али сепак се надевам дека покрај Компјутерски науки дури како пензионер "ќе прочитам" нешто друго добро...
Да да, слушам доста книги! Имам акаунт на MyAnonamouse, одличен приватен тракер за таа намена. Исто така подкастите се одличен извор за тепање време. А за филмови / серии, Нетфликс се одлични со Audio Description траките. Нив ги има На сите филмови и серии продуцирани од нетфликс, а моментално додаваат и на многу други серии. Доколку имаш нетфликс можеш да пробаш за да видиш како звучи тоа, оди на audio / subtitle settings и смени ја аудио траката во Audio Description English.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #19

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
684
399
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
@masterwu немам моментално Netlix уклучив IPTV ради спортот што го пренесуваат, иако Rapid IPTV има и голема библиотека на Филмови и Серии, меѓутоа таквите сервиси како на Netflix тешко дека ќе може да ги замени некој полулегален, иако скоро иста е цената на услугата и на двата сервиса.
Инаку во врска со Аудио Книги, пробав да ја слушам Биографијата на Стив Џобс, заглавив некаде на некој chapter од едноставна причина што често после извесен период "ми се расејуваат" мислите "особено" на некои типови на вокал, па немам концентрација да слушам (исто како и во некои видео туторијали). Можеби тоа е повеќе субјективо, иако не е измислено џабе и Pomodoro техниката од такви причини...
 

gdamjan

On your way to fame
3 април 2008
2,380
681
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 3600 / Wraith Stealth
Motherboard
MSI Mortar Wifi B550m
Storage
nvme 1TB / adata xpg sx8200
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz
Video card
Asus RX550 2G
Case
Bequiet! PureBase 500
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
@masterwu има некој во МК што изработува некој софтвер кои ги надополнуваат помагањата на функционирање во дигиталниот свет на луѓе со недостатоци во видот??? чисто ме интересира пошто си запознаен со областа прилично добро...

членови на слободенсофтвер помагаа со собирање на корпус на реченици за тренирање на engine-от на Mozilla и го следиме развојот
 
  • Ја почнал/а темата
  • #21

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
684
399
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
@masterwu да им волонтираме со некои административни задачи???
 

masterwu

On your way to fame
11 февруари 2016
631
505
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
@masterwu да им волонтираме со некои административни задачи???
Изгуглав баш малце за ова што го работаат мозила но изгледа главната работа кај нив е speech to text, значи опен сорс варијанта на Алекса/Ок Гугл.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #23

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
684
399
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
@masterwu мене open source концептот отсекогаш ми се допаѓа, бидејќи отсекогаш бил и е катализатор како на идеи така и на решенија, па дури и на оние платените со поголема поддршка и заедница... Впрочем еден од најголемите Open source проекти според мое мислење, Linux, исто така има и свои гранки каде една од нив Red Hat се "комерцијализираше" на некој начин преку нудење на услуги во врска со самиот Linux, а ако добро паметам всушност тој и Debian како негова основа, се поставени како темел на најмалку една од неколкуте Could гиганти што постојат моментално... (Слободно би сакал корекција ако е потребна)
Туку ако се ОК ХакЛаб, а знам дека СЕ може да прашаме за волонтирање некое, колку се најде време...
Мислењето е автоматски споено:

@gdamjan се "залетуваме" со @masterwu за волонтирање, а всушност има некои позиции за волонтирање и колку часа е потребно да се одвои неделно?
 
Последна промена:

masterwu

On your way to fame
11 февруари 2016
631
505
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
@masterwu мене open source концептот отсекогаш ми се допаѓа, бидејќи отсекогаш бил и е катализатор како на идеи така и на решенија, па дури и на оние платените со поголема поддршка и заедница... Впрочем еден од најголемите Open source проекти според мое мислење, Linux, исто така има и свои гранки каде една од нив Red Hat се "комерцијализираше" на некој начин преку нудење на услуги во врска со самиот Linux, а ако добро паметам всушност тој и Debian како негова основа, се поставени како темел на најмалку една од неколкуте Could гиганти што постојат моментално... (Слободно би сакал корекција ако е потребна)
Туку ако се ОК ХакЛаб, а знам дека СЕ може да прашаме за волонтирање некое, колку се најде време...
Мислењето е автоматски споено:

@gdamjan се "залетуваме" со @masterwu за волонтирање, а всушност има некои позиции за волонтирање и колку часа е потребно да се одвои неделно?
Ппшто зборуваме за волонтирање, после големиот апдејт на NVDA(поминаа од Python 2.x на Python 3), има мали багови со голем дел од интерпункциските знаци на македонскиот синтесајзер. На пример точката ја чита како „dot“, лева и десна заграда ја чита како „left/right paren“, наводниците ги чита како quote и слични такви ситници кои изгледа не се преведени. Ќе треба да проверам дали има некакво dictionray каде што може да се средат овие ситници.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #25

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
684
399
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
mk: MacedonianWork in progress..2018.4
линкот со информацијата од GitHub
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,550
Мислења
820,329
Членови
28,210
Најнов член
iledimovski
На врв Дно