• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Која е предноста на ГНУ/Линукс?

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Се извинувам ако веќе има отворено слична тема, не сум некој што користи Linux, но ме интересира која е предноста на Linux во однос на Windows? - Ако воопшто има некоја предност. :bye1:
 

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Се извинувам ако веќе има отворено слична тема, не сум некој што користи Linux, но ме интересира која е предноста на Linux во однос на Windows? - Ако воопшто има некоја предност. :bye1:
Prva i najvazna prednost e sto Linux e OPEN SOURCE shto znaci deka e sloboden...
Ima i dr. prednosti...
Inace eve ti i druga prednost bidejki skoro site virusi se sozdadeni za windows shto znaci ne mozes da go infektiras tolku lesno LINUX-ot!
...
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Корисниците на слободен софтвер се секогаш во предност пред тие кои користат неслободен софтвер. Поради 5 причини тие се во предност. Листата веројатно ќе се зголемува, засега е Топ 5.

1. Имаат Знаење, најчесто корисниците на слободен софтвер, доаѓаат од Windows светот. Тоа не треба да го криеме. Свет кој им здосадил и од кој им дошло преку глава. Причините поради кои некој започнал да користи слободен софтвер може да се групираат на два начини, а.) поради тоа што некаде видел дека правите хакери користат Линукс (во тој случај тој не се интересира за слободата и слободниот софтвер многу, тој користи „Линукс“) и б.) заради тоа што навистина увидел дека слободниот софтвер е подобар од неслободниот. Најчесто првото пропаѓа по 6 месеци тупање во гради дека корисникот на компјутер е различен од другите со тоа што не користи друг оперативен неслободен систем, но второто е добро семе за понатамошниот квалитет кој вели дека корисникот што користи слободен софтвер, поради тоа што дошол од Windows платформа, го има знаењето да ги управува, администрира и користи и двата системи. Тоа ги става во летечка предност. Можат да се справат со Windows, можат да се справат и со GNU/Linux. Не е тајна дека денес голем број компании покрај познавањето на конкретна област бараат познавање и од GNU/Linux. Тоа би рекло дека и во случај(1) да сите користат слободен софтвер ќе имате придобивка, па и во случај(2) да слободниот софтвер не се прошири за скоро на голема нога, пак ќе имате добивка. Во првиот случај вашата кауза и дрдорење ќе бидат оправдани и нема да има потреба од многу жестока борба за промоција на слободниот софтвер, а во вториот случај може да бидете ангажиран од компании, фирми и оргранизации кои го промовираат или користат слободниот софтвер, да им решите некои проблеми за што треба да наплатите, се разбира.

2. Имаат Контрола врз системот – имаат целосна контрола врз системот. Неодамна се случи да треба да инсталирам некој софтвер на компјутер кој работи на WinXP. Системот замрзна, тастатурата беше активна, но немаше никаков одговор од работната околина. Не можев да сторам ништо за да ги убијам прозорците кои заглавија и го имаа заробено фокусот, не можев да се одлогирам и не можев да ги убијам процесите кои го закочија системот. Ctrl+Alt Delete не работеше. Тврд рестарт. Тоа не е случај и кога користите *nix систем каде можете да имате контрола врз секој, секој, секој процес кој работи. Можете да имате контрола и тогаш кога прозорците заглавуваат и глувчето не работи. Во ситуации како погоре-опишаната, можете слободно да отворите терминал или да одите во школката (Ctrl+Alt+Fn, каде n е број од 1-8). Потоа може да се користи команда како kill -9, killall и сл. Во секој случај, Linux и Unix системите ви овозможуваат подобра контрола врз тоа како се случуваат работите кај вас.

3. Користат Бесплатност – иако слободниот софтвер не е секогаш бесплатен, ја уживаат неговата бесплатност во најголем број случаи. Голема предност имаме што во нашиот јазик постојат зборови и за бесплатно и за слободно, еден од ретките пати кога ние сме во предност пред западот кој го користи терминот Free и во двата случаи. Кога последен пат како корисник на неслободен софтвер сте наишле на некракирана верзија на апликацитивен софтвер? Па, поради тоа што кај нас такво е тлото, сте барале крак, па сте нашле или не сте нашле, па одговарал, па требало друга верзија итн. А пак за да добиете корисна апликација од типот на апликација за векторска графика, доволно е да ја чекирате во пакетот за софтверска инсталација (или во Debian базирани системи apt-get install inskscape), по што Inkscape ќе се инсталира и ќе можете да го користите слободно. Значи тоа што софтверот кај нас и нема врска со бесплатност, нели сите користат пиратски софтвер, има удар врз крајниот корисник кој се бори постојано да овозможи одреден пакет да функционира. Како дел од тоа што слободата е секогаш пристаплива и ќе го најде секое парче пукнатина да излезе на површина, се појавува и тоа што тие…

4. …добиваат бесплатна и масовна Поддршка – колку и да сакаме да ја заробиме, таа ќе го појави својот никулец. Поддршката за корисниците на слободен софтвер е масовна на цело село! Форуми, IRC канали (irc.freenode.net -> #lugola каналот на Лугола), поштенски листи, специјално обучени тимови за поддршка, групи на корисници на GNU/Linux, Вики страници итн. Поддршката е многу важен елемент во тоа да се користи слободен софтвер. Човек кој мигрира од едно место на друго мора да дознае каде има маркет, кино, театар, каде смее да оди каде не, каде е безбедно каде не е. Така и во овој случај. Корисниците мора да знаат како да извршуваат одредени задачи бидејќи само така тие ќе можат да се вклопат во новата средина. Тешка им глава на тие кои постојано критизираат и велат дека „ова не е како во контрол панел…“ и сл. Мора да разбериме, преминот на краен корисник на Linux систем може да биде зафркната работа ако не се вклучиме во поддршката. А од друга страна корисниците мора да разберат дека не е ништо исто како претходно, се работи за нов систем со нови можности и поставувања.

5. Дружење и познанства – речиси да нема човек од заедницата за кој друг од истата не чул за него. Да, постојат корисници на слободен софтвер кои сакаат притаено да го користат GNU/Linux, но сепак тие кои се активни се познаваат меѓусебно и тоа во дадени ситуации многу добро. Сум стекнал луѓе на кои можам да се потпрам не само за стручни потреби, едноставно сум направил добри другарства. За оваа точка имав една реализација пред половина година. Бевме во кафуле сите активни членови на Лугола, па можеби се собравме 15тина. Отидов до тоалет, па кога се вратив уште од далеку ги наслушнав муабетите за слободен софтвер, луѓето зборуваа еден со друг, GIMP, GNOME, KDE…се слушаше низ целото кафуле. Тоа што го направивме со Лугола не е можеби многу во однос на светската заедница на слободен софтвер, но најважно е тоа што секогаш се дружиме и сме расположени за работа поради тоа што сме свесни дека ќе останат најпрво спомените од случките, а потоа резултатот од работата. Да, другарите навистина се најважни во животот, а ние сме на некој начин фабрика за другари. Што е најдобро, и тие се слободни, како што треба да биде и со софтверот, па за да си направите добро другарче со кое ќе бидете во предност пред корисниците на неслободен софтвер, придружете се на заедницата на слободен софтвер, одма!

izvor
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Ова прашање нуди можност за подолга дискусија и не е баш лесно да се даде одговор со неколку збора во еден пост. Сепак и едниот и другиот ОЅ имаат свои предности и маани. Најреална оценка треба да дадат оние кои ги користат и двата ОЅ.

BTW Читни ја темата Windows vs Linux.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Ова прашање нуди можност за подолга дискусија и не е баш лесно да се даде одговор со неколку збора во еден пост. Сепак и едниот и другиот ОЅ имаат свои предности и маани. Најреална оценка треба да дадат оние кои ги користат и двата ОЅ.

BTW Читни ја темата Windows vs Linux.
Знам дека не е едноставно прашање. И фала за линкот :bravo:, како што реков се извинувам ако има слична тема.
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Знам дека не е едноставно прашање. И фала за линкот :bravo:, како што реков се извинувам ако има слична тема.
Dobro.. ne e bash ista.. Tamu se zboruvashe za Windows vs Linux, a ovaa tema kje bide samo za Linux.. Taka da, istovremeno mozhe mnogu da pridonese za tie shto nemaat nekakvo iskustvo so Linux, a ne se dovolno odluchni za menuvanje na linux, ili pak sakaat neshto povekje da nauchat za Linux.
Vo sekoj sluchaj neka ostane temava..
Kako shto kazha @AMD_fan prashanjevo nudi mozhnost za podolga diskusija.. Se soglasuvam.
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Open Source, значи многу лесно може да се модифицира за да работи по вачи потреби.
Работи на скоро сите компјутерски архитектури.
Брз е и стабилен.
Добра заштита, борјот на вирусите за линукс е многу мал.
Многу луѓе допринесуваат за развојот на Линуксот
Има добра подршка, помош
Секоја софтверска закрпа или надоградба брзо се имплементира.

Филип, може и игри да се играат на Линукс ..

ПС: Темава е за дискусија на Linux-от како кернел или оперативниот систем GNU/Linux ?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
А зошто да не е добар за играње ако имаш добри хардверски компоненти? Или кај линуксот тоа не зависи од хардверот?
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
А зошто да не е добар за играње ако имаш добри хардверски компоненти? Или кај линуксот тоа не зависи од хардверот?
Брзината се разбира дека зависи од хардверските компоненти ... ама за Линукс сеуште нема некои многу добри игри направено... Но сепак може да се игра на него :) Има solitaire :D
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
кантер преку wine работи ОК ... пес не ја знам играта... а можеби може
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
ок, значи ограничени се можностите за игри.
А што е со програмчињата од windows? Работат истите на Linux? (се разбира не мислам на тие што се од Microsoft како WMP или MSN)
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Да. Сите за тие програмчиња кои ги спомна има посебна верзија за Линукс и си работаат без проблем.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
А Unix беше составен дел на Linux?
И ако веќе е дел од линуксот, тогаш зошто кога користев unix минатиот семестар, многу бавен ми беше... а погоре алекс наведе дека е брз :chudenje:
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
@fiascooo

Не си користел Unix, туку симулатор за Unix за Windows :bye1:
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
А Unix беше составен дел на Linux?
И ако веќе е дел од линуксот, тогаш зошто кога користев unix минатиот семестар, многу бавен ми беше... а погоре алекс наведе дека е брз :chudenje:
UNIX е оперативен систем како Windows и Linux. Linuxот е клон од UNIXот создаден од Линус Торвалдс, знаши тие се 2 различни оперативни системи и не верувам дека ќе најдеш UNIX некаде, само UNIX-Like оператицни системи како Linux, MAC X, BSD...
 

DaRkSlidE

Intern
14 мај 2007
152
2
Мислам дека подобро би било да download-ираш некоја верзија на линукс, да речеме Ubuntu и да го пробаш самиот.. интересно ќе ти биде. :))
Ајде поздрав.. :rolleyes:
 

LiquidWorm

Администратор
26 март 2007
2,667
183
www.zeroscience.mk
Има нешто што го има LINUX а го нема во WINDOWS?
Има доста работи кои Линукс ги има а Виндоус ги нема, и обратно..така да останува на тебе да инсталираш и да ги здогледаш разликите. :ermm:
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Има нешто што го има LINUX а го нема во WINDOWS?
Самата архитектура е многу различна од Windowsот ... Прво кернелот, на Windows кернелот различно граден од Linuxot. На Linuxне ти е потребно да правиш Defragmentпоради тоа што Linux filesystemот е расличен и манипулацијата на фајловите се одвива на друг начин.

Има опција да работи како Live CD ... и многу други работи има кои ги нема кај Windowsот и обратно ... Како што ти рекоа, симни некое дистро на Linux и провери си самиот

:bye1:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #25

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Па баш сакам да инсталирам, нарачав од сајтот за бесплатни работи што го фалевте на форумов ама кај мене ништо не стигна :LOL:.

Мене Windowsot како и кај повеќето ми е во Local Disk C: . Линукс подобро е да инсталирам во Local Disk D: така?

И после ќе треба од биосот да се среди нешто за кога ќе го стартирам компјутерот, да ме прашува дали сакам да влезам во Windows или Linux? :hunter2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,502
Мислења
822,062
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно