• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Кој што знае за Eaglelake......

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

somun

Intern
19 јули 2007
55
0
Е вака, пред некое време разбрав за овој чипсет, односно наследникот на Bearlake, или како попознат P35,G33, X38 чипсети. Rene можеш да се надоврзеш на муабетов, пошо верувам кај и да си вакви работи се слушаат побрзо него у МК.

Иако Intel сеуште e во процес на целосно пуштање во продажба на "Bearlake"чипсетите, неговите најголеми планови се насочи кон наследникот на "Bearlake" чипсетите наречен "Eaglelake". Eaglelake се очекува да биде преставен со вообичаените P, G и Q ознаки, за понапредните и бизнис корисниците. Eaglelake фамилијата ќе има поддршка за Intel Penryn, Yorkfield и Wolfdale фамилијата на процесори, и сите останати Intel-ови процесори со FSB до 1333MHz. Intel ќе продолжи да ги опремува Eaglelake чипсетите со DDR-3 и DDR-2 мемориски контролери. Ќе има поддршка за DDR3-1333 и DDR2-800 меморија.

Intel ќе ги спарува Eaglelake фамилијата со нов ICH10 south bridge чипсети. ICH10 поддржува Serial ATA, PCI-Е, USB и high-definition аудио. Новитет на ICH10 south bridge се FIS мултиплицирани портови, кои што треба да овозможат побрзо работење на поголем дрој на SATA хардиковите.

Intel планира да го замени P35 Express со Eaglelake-P. Eaglelake-P ќе поддржува дуал PCIe 2.0 x16 слотови со x8 сигнализација. Intel нема спомнато за CrossFire или SLI поддршка, но како и да е, предходните Intel-ови чипови поддржуваат CrossFire, така да се очекува да нема промени и кај Eaglelake-P.

Eaglelake-G ќе има интегрирано графичко јадро со поголем број на видео излезни опции, како интегриран DVI, DisplayPort и HDMI излезни опции, што доведува до можност за исфрлање од употреба на надворешни ADD2 картици. Интегрираното графичко јадро исто така е опремено со Intel Clear Video технологија за подобрена видео репродукција. Графичкото јадро опремено со Clear Video ќе има забрзано H.264 и VC-1 декодирање за HD DVD и Blu-ray видео репродукциите. Eaglelake-G ќе биде DirectX 10 компатибилен.

Eaglelake-Q се базира на Intel-овата следна генерација McCreary vPro платформа. Eaglelake-Q базирани на McCreary платформа ќе бидат опремени со голем број на нови и напредни технологии. За бизнис корисниците кои нема да имаат потреба од McCreary vPro, ќе можат да набават едноставно Eaglelake-Q без напредни опции.

Се очекува Eaglelake чипстите да почнaт да се произведува во втората половина на 2008 година.
 

minimoog

Intern
14 јули 2007
317
16
Чипсет ко чипсет, што ти е поентата?

А и нема излезено, па глупо е да се коментира.
 

rene

Intern
19 јули 2007
45
0
nema so da se nadovrzam zasega somun..objasna ubo,,bi dodal samo i deka intel ke promovira nekade vo sredinata na 2008 i novi ploci pod ime skyberg napraeni na baza eaglelake cipset (45nm)i,,a ke ima i crossfire poddrska.ke ima i uste nekolku drugi ploci..icedale...ne mi teknuva koi bea drugite
 
M

Mr.Alien

Гостин
Моделите на матичните плочи ќе бидат поделени во три категории.
Executive сегментот ќе ја претставуваат Eaglelake Q плочите, со називи Cube Cove и Eklo. vPro + Core2Quad.
Во Media сегментот ќе ги сретнеме Skyberg (Eaglelake P), Icelake (Eaglelake G) и FlyCreek (Eaglelake G). VIIV + Core2Quad.
Extreme сегментот ќе настапи подоцна - засега нема податоци. vPro + Core2Extreme.
PCI-E 2.0 стандардот ќе донесе двојно зголемување на трансферот на податоци, кој од актуелните 2.5GT/Link ќе се зголеми на 5GT/Link.
(GT - гигатрансфер, односно милијарда трансфери во секунда)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

somun

Intern
19 јули 2007
55
0
minimog реков кој што знае, а не кој ќе се направи попаметен.Ако немаш што да додеш подобро не коментирај. Не ја умирај темава, за некого е интересна,а во недостик на теми за хардвер се е добрдојдено. моеш и да пишеш нешто нели?
 

minimoog

Intern
14 јули 2007
317
16
Па излеа сите се правите паметни.

Еве на пример јас ќе се направам паметен. Колку е на пример лошо кажано „5 GT (гигатрансфери) во секунда по линк“. Што?? Човек да се збуни. Прво ако зборуваме за трансфери ќе се добие погрешна слика за брзината. Кај PCIE има 8B/10B енкодирање, па тие 5 Гига стануваат 4 гигатрансфери, илити во јазик кажан во компјутерска технологија, 500 MB/s по линк. Лесно и разбирливо.

Има и друго работи што ќе донесе освен дупла брзина...
 
M

Mr.Alien

Гостин
Ако бараме влакно во јајцето...во тој случај вероватно си во право. Меѓутоа, количеството трансфер на податоци (ај вака да се изразам) е усвоено да се изразува баш во GT/Link. Тоа не го измислив јас, и ако се потрудиш да пронајдеш на net PDF фајлови со описи на технологијата и технички податоци за истата, ќе се увериш во тоа.
Па сега, дали е поправилно да биде врат или шија.....
 

minimoog

Intern
14 јули 2007
317
16
Па како може да се изразува количеството на информации го гигатрансфери кога реално е 20% помало (уште е помало поради додатните заглавја и поглавја на PCIE пакетите, да не ставам ефикасност на басот, но ајде). Маркетинг. Убаво звучи гигатрансфери. Истото го има за HyperTransport, а почнаа место во бајти во бити да кажуваат брзини. Се само да изгледа ,од око како што се вели, да е поголемо. Мора да се има внимателност.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Постои декаден и бинарен систем. Истиот проблем е и со хард дисковите, како што веќе сигурно ти е познато.
Колку пати луѓе ми кукале "а бе, купив хард диск од 160 гига а ми покажува само 147 (или така некако)". Тогаш на сите им објаснувам дека еден бајт има 8 бита и т.н. до гигабајти.
Така е и овде. Не ти велам дека не си во право, но ќе ти повторам дека ГИГА 'ебен' ТРАНСФЕР е ОФИЦИЈАЛНА МЕРКА, која јас не сум ја измислил или вовел, туку тоа е наведено од производителот.
Сметам дека е доволно дискутирање за ова, ОК? Да не ја разводнуваме темата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,515
Мислења
822,360
Членови
28,049
Најнов член
Mandej
На врв Дно