• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Кој портал од кој препишува?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

sojic

Intern
29 април 2007
435
23
Излегоа миљон македонски портали без оригинални содржини. На сите се вртат исти приказни, претежно copy/paste. Без да сменат една реченица.

Конкретен пример:
Најмалиот пиштол на светот:
http://bezvrska.com/index.php?option=com_content&task=view&id=261&Itemid=1
http://www.digimak.net/content/view/27064/41/
http://www.tocka.com.mk/vest.php?vest=7259
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=58CBF7A1A0F9F54B8F8A7F3AA1B5D1CB
http://www.doznaj.com/vest.php?id=642

Значи македонците се тотално некреативни, неоригинални, само да украдат нешто или да дојдат за џабе до нешто.
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Ова што ќе го пишам нема врска со портали но, и правилникот на форумов е ископиран на неколку места.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

sojic

Intern
29 април 2007
435
23
Правилник си е правилник. У принцип сите форуми се придржуваат до исти правила. Овдека се работи за друго.
 

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
Правилник си е правилник. У принцип сите форуми се придржуваат до исти правила. Овдека се работи за друго.
Друго се принципи и концепти... а друго е кога од збор до збор некој ќе ископира правила од некого. :)

Во секој случај да, не е тоа темата.

Македонски забавни портали не читам, не гледам ни причини зошто би ги читал.
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Се повеќе и повеќе забавни портали излегуваат. Сите ги имаат истите вести дали променети во текстовите дали не. Последен кој излезе и за кој се вртат реклами по телевизија е kirilica.com.mk. На порталот нема ништо поново од другите.
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Токму заради вакви работи и престанав да ги посетувам.
Најискрено, јавно кажувам дека не посетувам ниту еден Македонски портал. Причината е тоа што ништо ново неможам да видам/прочитам на нив освен дневни политички вести кои ми се најодвратни.

На форумов пред неколку месеци имаше препукување помеѓу сопственици и уредници на Македонските портали, и во тој случај не се знаеше кој јаде кој пие и кој од кого копира.
 

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Затоа би требало да го заштитите форумов од пиратерија и копирање.Вака можеме да се лутиме и да се браниме колку сакаме али всушност ништо неможе да се стори бидејќи вака гледано законски нема никаква заштита пример на крајот од насловната страна да пишува Содржините на Македонскиот ИТ форум се заштитени и се задржува правото на нивното менување.Секое нивно злоупотребување или копирање е казнливо по тој и тој закон на РМ!Само вака може да се стави крај копирањето.Исто така на овој форум немора да се регистрира некој член за да може да ги прелистува содржините,истото може да го стори и како гостин.Ова исто може да биде злоупотребено.Ќе ја прочита темата од ИТ вести од светот ќе му се допадне и оп Ctrl+c во неговиот блог,форум итн.Можеби би требало да размислите за опцијата да за да може да се прелистуваат содржините на форумот зачленувањето да е обавезно а во спротивно содржините ќе останата сокирени.Али ние Македонците немаме никаква идеа за ништо само користиме Copy/Paste и тоа е.А вака ако содржината е заштитена ОП фатите некого ај на суд па да видиме дали и следниот пат ќе се осмели на истото.Иначе информацијата дека се повеќе и повеќе македонски поратали излегуваат е радосна информација бидејќи е позитивен знак за нашето ИТ општество,содржините им се делумно исти али што да правиш информацијата е иста во целиот свет али ако неможат да ја преточат со свои зборови е тоа е више нешто друго.
 

paneval

Intern
2 март 2008
178
1
Portal si e portal, nisto ne izmisluvaat, samo prenesuvaat informacija, a taa kako takva ne moze i nesmee da se razlikuva od edno mesto do drugo mesto , znaci sekade e ista. Ima portali sto se podobru od drugite samo po kvalitetot na izrabotka i polesnoto negovo koristenje.
Sekako deka gi posetuvam, osobeno on.net najmogu za sportskite vesti.
 

Tina

Intern
3 март 2008
11
0
интересно, ама кога во македонија важи теоријата дека се измислено само треба да го употребувас, што понатаму да кажам, значи нема луѓе во македонија да измислат нешто ново,
ај да не вреѓам има амa ретки се :)
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
se slozuvam so filipvselena a toa st ogo rece e <1 min rabota vo acp
drugo portali se za toa no treba da se navede od kaj e zemena sodrzinara ili koj e avtorot
 

_BurneR_

Intern
26 април 2007
114
3
www.baltazar.com.mk
Е вака сега бидејки и јас имам свој забавно информативен портал ке дадам мал коментар:
Мојот портал е стар месец и нешто можеби 2 месеца и во полисата сеуште му стио дека прибира содржини од забавно информативен карактер. Сакам да кажам дека копирам содржини од дневните весници и од нетпрес. Но ако некоја статија ја видам ама баш на секој друг портал почнувајки од точка на надолу сигурно нема да ја објавам и јас. Секогаш гледам да имам различни статии од другите но сите не го гледаат тоа. Причината поради која сега засега превземам содржини од други портали е поради немањето на време. Но и тоа ке се смене летото планира да го разработам да оде со 150 и да си го спроведам планот што го имам со него и да го продадам евентуално ако е некој заинтересиран :D

Цитат:
Првично испратено од sojic Види мислење
само да украдат нешто или да дојдат за џабе до нешто.
Со тебе во целост нема да се сложам бидејки има портали кој не добиваат се за џабе. И јас не си ценам оние портало кој се од принципот земи хост за 50 долара инсталирај џумла подеси темплејт и шибај реклами на copy paste содржини. За разлика од другите барем си имам развиено сопствен CMS. :) Но тоа ти е тоа
 

Vermilion

Intern
23 јули 2007
92
0
www.ikon-design.net
Да, сите имат денес забавен портал со секакви содржини. Според мене еден Портал, без разлика од каков жанр, мора да има своја редакција, свои новинари кои самите си прават содржини, теми на разговарање и слично. Па мора тоа да се земе в предвид како активна работа на која требе време и посвета. А не, препишувај од весник/портал/блог или ватевер. Па ајде, го ценам и тоа што на некои статии си пишувате од каде сте ги превзеле информациите, т.е. кој ви е извор ......
 

dulemk

Gaining Experience
11 јануари 2008
1,049
53
Незнам што се секирате толку што има многу портали што копираат, си сакаат луѓето и си отвараат, немаат друга работа.

Треба да се секираме што нема доволно квалитетни и оргинални.
Така да кога би имало доволно добри портали, никој будала нема да ги посетува другите.
 

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Не ми се допаѓа кога ќе видам дека и на идивиди и на кајгана и на точка итн ги има тотално истите работи. И јас се прашувам кој од кого краде :D
Еве ви пример. Јас работам за гоал.цом.мк и им наоѓам вести кои треба да ги преведам за да им ги пратам и да ги постираат. Уште откако почнав ми дадоа линкови и ми рекоа од таму да преземам содржини. :ermm: И така ја само копи/ пасте и после преведувам.
Но сепак сите се задоволни и среќни но најверојатно е така бидејќи нема многу сајтови за фудбал па никој не се буни што се копираат содржини, а и што има да се бунат кога можат да си прочитаат тазе содржини на македонски јазик. :)

А и да бидеме реални, тоа не се случува само во нашава бедна државичка. Отворете било кој странски портал ќе видите дека копираат новости. Бај тхе веј секој сака да ги објави најактуелните работи а нема којзнае колку такви па да одбираат кои работи ги има на другите сајтови а кои ги нема.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #19

sojic

Intern
29 април 2007
435
23
Не е проблем што ти преведуваш прикаски. Тоа е ОК. Не е спорно. Нормална работа.

Проблем е што еден ја преведе прикаската а 10 ја копираат.

Како што викаш и странските портали имаат исти прикаски, ама секој со свои зборови ја толкува.

Не може ние да измислуваме вести/прикаски. Само треба секој портал да си ја прераскаже на свој начин.

Јас на пример ако треба да напишам нешто два пати, па ќе биде различно, а камо ли пак 10 различни уредници на портали.
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
193
А сте приметиле ли дека он.нет и кајгана си ги крадат содржините од време на време? На пример: Кога ке помине таа содржина на он.нет, ке ја видиш на кајгана и обратно?
 

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Па не се само они. Отвори идивиди и кајгана ќе видиш 10 исти работи и тоа буквално исти. Толку се бедни што ни малку не ги менуваат... чисто копи пасте е.
 

jovan

Intern
24 февруари 2008
20
1
денес на пример во светскиве медиуми излегува вест дека бритни направила сообраќајка и секаде ќе ја има веста...
норамално е дека преведуваат од англиски нашиве портали, впорочем како поинаку би правеле... сигурно нема да одат лос анџелес за да видат како е бритни...
али пак и целосно копи пасте од миа макфакс или пак од конкуренцијата... е тоа ама ич не чини...
и треба барем кога се копираат македонски текстови да се наведе изворот
глупаво е да е украдена веста од миа а да нема извор...
 

Vavo

Intern
20 октомври 2007
270
15
Skopje
Пракса е да спомнеш малце за веста а да направиш линк кон оригиналот. Тоа е поентата со Интернет како медиум. Не да земеш „цел Интернет“ да го ископираш на твојот веб сајт.
 

Wild Rose

Intern
18 мај 2008
77
12
Не се сите забавни портали такви!!
Точно, но повеќето се. Оваа копи пејст тактика веќе навистина ми оди на нерви. Лично, пишувам за еден сајт и навистина не би ми пречело ако некој едноставно го ископира мојот текст. Во ред, неинвентивен си, те мрзи, немаш инспирација, ти се допаѓа како јас тоа сум го напишала... стај линк бе брате. Ископирај се, залепи слики, само стави и линк. Барем кредит да стои.

А тоа што на 60 % од порталиве ќе го читаш истото, според мене не е проблем. Нормално дека сите ние не седиме дома за да смислуваме некој амерички мадр факр топ со нуклеарно полнење, туку тоа го читаме негде по нетов. Впрочем, домашниве компјутери се по сигурни 12 часа он лајн, предвидливо е да сме преплавени со вести. Кога можат сите странски портали и блогови да објавуваат секој ден слични стории, не може да очекуваме дека нашиве портали драстично ќе се разликуваат еден од друг. Кога нешто е интересно и забавно, секој ќе го забележи и објави. Но тие бар се линкаат во буквално секоја сторија. Дури и сум налетала на странски сајтови кои линкале до македонски сајт. Но, не ние попрво ќе се препукаме кој од кого ја копирал точката што стои пред запирката. Најмал проблем е тоа, се додека поштено ставиш линк до оригиналниот извор.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,593
Мислења
824,183
Членови
28,086
Најнов член
martinivs
На врв Дно