Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Strangly but true:преку MozillaFirefox си наместив home page директно на LiveSearch,барем така мислам да е побезбедно,а иначе би бирал директно на IE,плус оној мал додаток за MozillaFirefox WOT ама корисен
Една од најважните работи на еден веб дизајнер при изработка на една веб страница е оптимизирањето на истата да изгледа речиси подеднакво на повеќе различни интенет прелистувачи. Денес во ИТ светот има изобилство од прелистувачи од кој водечки во пазарот се IE - Internet Explorer i Mozilla Firefox.
Еве една статистика за искористеност на преилистувачите за Април 2009 превземена од: http://0.mk/f7
Од резултатите се гледа дека Internet Explorer го зазема првото место но дали е тоа од што прелистувачот е навистина добар или ??? На пример Internet Explorer 6 е излезен пред 9 години дури и во 2001 година светот остана разочаран од него поради неговата неполна подршка на веб стандардите. На денешен ден Internet Explorer 6 завзема 15 % од пазарот за разика од неговите конкуренти кои се далеку подобри. Според многумина времето на Internet Explorer 6 завршува бидејќи полека е потиснуван од неговите наследници IE7 и IE8. Од гледна точка на веб разработувач оптимизирањето на една веб страница на IE6 понекогаш одзема време колку и самата изработка на истата веб страница. Баш поради оваа причина неколку гиганти во ИТ светот го исврлија од својата подршка. Пример facebook кој доколку го отворите со IE6 ви кажува дека прелистувачот не ви е компактибилен со нив и ви понудува линкови кон подоби прелистувачи, истото е и со gmail кој ве предупредува дека користите застарен пелистувач и gmail неможи да ја има полната функционалност. И покрај сите пропусти во безбедноста и компактибилноста на овој прелиствач тој е убедливо пред совоите конкуренти затоа што ширум светот корисниците на постаите оперативни системи Windows 2000 и XP (во глобала фирми) го добиват овој прелистувач вграден во самиот ос. Internet Explorer7 и 8 не го подржуваат Windows 2000 па што корисникот треба да избира или да си купи нов компјутр или да користи IE6 баш поради овој монопол новиот Winidws 7 ќе биде без интенет прелистувач. Да не забегувам од темата мислата на овој пост ми е да ја видеме застапеноста на прелистувачите во Македонија, иако ИТ не е идеалното место за
оваков тип на акета поради тоа што повеќето тука сме запознаети веб технологиите и користиме "нестандардни" прелистувачи но вреди да се проба.
Работам на FireFox сепак некој макесонки е-банкинг страни не функционираат на ништо друго освен на IE за тоа и него го вклучувам. користам и Google Chromе доколку некаде киксира Mozilla особено на тешки flash страници. Поддршката на Chrome и flash бар според мене е далеку поголема
Како ќе ми се фати, некогаш Firefox некогаш Safari.
Од ова статистиката се гледа, дека повеќето корисници сурфаат на интернет пребарувачот кој доаѓа со оперативниот систем (IE6 иди со XPsp1 и sp2, а IE7 иди со sp3).