1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Кој е задолжен во Македонија за пријава против пробивање и злоупотреба на лични податоци

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од kimi makedonski, 14 Февруари 2013.

  1. kimi makedonski

    kimi makedonski
    Intern

    440
    14
    19 Август 2009
    Ме интересира каде во македонија може да се пријави пробивање на фејсбук акаунт. И тоа не еднаш туку повеќе пати очигледно влегува преку одговорот на безбедносното прашање кое го знае а не постои опција откако еднаш ќе се постави безбедносното прашање истото да биде сменето и сега и да го променам пасвордот истиот пак лесно се мени. Ја знам ип адресата од која се тоа се прави и истата е на телекабел. Дали постои механизам во македонија за тоа да се реши и да се дознае чива е ип адрестаа и против тоа лице да бидат превземени соодветни санкции?
     
  2. MarkoHF

    MarkoHF
    Practice makes perfect

    846
    1,108
    30 Септември 2008
    Машко
    Internet Marketing
    Еее, не постои такво нешто во оваа држава. А и да постои нема до толку да се толкува.
    Инаку ти си сам крив што незнаеш да си го чуваш акаунтот.
     
  3. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,510
    2,527
    14 Мај 2008
    Машко
    Постои оддел за заштита на лични податоци во склоп на МВР, само незнам колку функционира и дали функционира воопшто.

    Јави се во полиција, тие ќе те упатат.
     
  4. kimi makedonski

    kimi makedonski
    Intern

    440
    14
    19 Август 2009
    Не е мојот туку на братучетка ми.. и мора да постои бидејќи фб е место каде што имаш многу лични податоци, чет логови. практично кога ќе ти пробијат фејсбук знаат каде си бил што си бил и што планираш да правиш. А дека не постои никој задолжен за ова не верувам
    http://www.dzlp.mk/mk/kontakt
    не за џабе постои агенцијава
     
  5. MarkoHF

    MarkoHF
    Practice makes perfect

    846
    1,108
    30 Септември 2008
    Машко
    Internet Marketing
    И мислиш дека МВР ке се замара толку многу да го најде тој бидејќи некој го мрзело да си го осигура акаунтот убаво. МВР има многу поважна работа, него да бара некој кој што провалува FB акаунти со гаѓање на прашање кое што ке испадне на крај 13 годишно дете.
     
  6. kimi makedonski

    kimi makedonski
    Intern

    440
    14
    19 Август 2009
    Ги најдов јас кои се 2 и тоа женски ама не сфаќаш дека проблемот е друг. Фб како опција нема промена на сигурносно прашање и сега и кога промениш шифра пак ја менат и да го деактивираш профилот пак може да вратат. Едноставно ништо друго не останува освен ќотек или полиција.
     
  7. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,564
    3,480
    11 Декември 2008
    Машко
  8. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,417
    598
    3 Мај 2010
    Машко
    @MarkoIvanov, тотално не си во право.
    @kimi makedonski
    Пријави во Полиција, ќе реагираат.
    Ја имаш и дирекцијата за заштита на лични податоци.
    Ако добијат кривична пријава и само отидат до кај нив тие кои “Хакирале“ проблемот ќе се среди али мислам дека ова е кривично дело и не е заебанција.
     
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,397
    10,206
    13 Јуни 2009
    ДЗЛП се грижи за имплементација на Законот за заштита на лични податоци во МК односно делува на национално ниво. Се сомневам дека имаат било каква ингеренција врз фејсбук кога станува збор за личен акаунт и податоци кои се поставени таму на доброволна основа. За да се започне истрага треба налог од судија.

    Значи нашата земја може да реагира до властите надлежни за интернет и фејсбук само доколку постои прашање кое е од национален и витален интерес па да се започне постапка од поголеми размери. Мислам дека ваков пример беше Германија кога од фејсбук побара да се користат псевдоними а не цели имиња и презимиња што беше во согласност со нивната легислатива.

    Моето мислење е дека не можеш да направиш ништо освен да ги контактираш администрацијата на фејсбук па да ти достават податоци за тој кој атакува на акаунтот ако може или воопшто некако да реагираат ако тоа е предвидено од нивна страна.

    Друга работа која треба да ја прочиташ се нивните terms and conditions кои најверојатно се појавуваат кога ќе се зачлениш па доколку некои одредби се прекршени да пробаш преку меѓународен суд да ги тужиш фејсбук или тој кој направил злодело.

    Пазете си ги податоците колку можете таму.
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  10. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,005
    18 ноември 2009
    Јас сум задолжен кажи маката.

    Прво тука нема прекршок . Тие не го хакнале профилот туку едноставно смениле лозинка со тоа шо погодиле прашањето . Значи се е легално со никаков софтвер не Хакнале .
    Второ ставаш податоци лични јавно и бараш ЗАШТИТА на нив.
    Трето фб акаунт не е ичен податок па да ти нуди некој заштита .

    Ехх тоа е мојата чудесна земја македонија
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,337
    5,252
    24 Март 2009
    Машко
  12. MarkoHF

    MarkoHF
    Practice makes perfect

    846
    1,108
    30 Септември 2008
    Машко
    Internet Marketing
    Според TOS на facebook безбедноста на твојот акаунт е твоја обврска, некој да ти го смени пасвордот со помош на "безбендото" прашање не е хакнување, тоа е исто како јас да сум си го пишал пасвордот на форумов и некој се логира и јас да го тужам за хакнување на мојот профил пфф.
    Единствено што можеш да направиш е да пријавиш на FB, ништо друго.
     
  13. kimi makedonski

    kimi makedonski
    Intern

    440
    14
    19 Август 2009
    Пролистајте нагоре и јас никаде не спомнав хакирање. И мене ме интересираше дали постои начин бидејќи има константно менување без разлика што да правиш пак и пак. И да го деактивираш пак го активираат.
    Тука пропустот е на фб со тоа што нема опција за промена на сигурносно прашање а дури и откако го избришав првичниот емаил од листата мејлови и додадов друг на негово место повторно со внесување на стариот мејл можеше да се ресетира лозинката.
    Сега од една страна тоа е добро бидејќи ако ти го пробијат на било кој начин ќе си го вратиш ама ако ти го пробијат на овој начин преку сигурносно прашање решение едноставно нема. Може повторно и повторно да го прават тоа.

    И само да додадам мора да има некој закон за тоа да се испита бидејќи пробивањето на лозинката може да биде со фишинг измама а тоа колку што знам е нелегално.
     
  14. The_Man

    The_Man
    Unstoppable

    2,341
    2,005
    18 ноември 2009
    https://www.facebook.com/help/delete_account -
     
  15. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,202
    3,526
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    А не можеш да се обратиш директно до FB и да им укажеш каков проблем имаш? Ако треба они да ти го сменат сигурносното прашање.

    И,
    +1

    P.S. не знам точно како иде процедурата затоа што не користам FB веќе од 2008, и не можам да видам за да ти кажам конкретно.
     
  16. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,876
    4,593
    8 Април 2011
    Машко
    Јави се во полиција,тие ке те уапсат(згреши во граматикава па да те поправам) :D
     
    На uwemi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gokica

    gokica
    Модератор

    8,397
    10,206
    13 Јуни 2009
    Кими, јас сега прочитав дека знаеш кој е.

    Најди ги девојчињата и дотерај им го умот.

    Зависно од нивната и твојата возраст може да се најдете и пријатели на крај па да ја разрешите работата во името на валентајн горе на Водно на пример.
     
  18. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,950
    3,058
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Пиши кои се пижулињата што сакаат да се жуљаат со братучерка ти, па да им кажеме една масовка на ФБ!
     
    На hipo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kimi makedonski

    kimi makedonski
    Intern

    440
    14
    19 Август 2009
    Возраста одговара ама критериумите не баш :D Освен ако со dog style не ја наредиме некако работата :D
     
  20. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,876
    4,593
    8 Април 2011
    Машко
    Ма каква полиција,само ќотек .Со полиција тешко дека ке се докаже дека се баш тие,а со ќотек има да пеат "ристо бомбата ти си тата матата"
     
  21. gokica

    gokica
    Модератор

    8,397
    10,206
    13 Јуни 2009
    Море грбачот само за вакви хакерки.
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  22. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,834
    5,014
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Верификација, потврда со код кој стига во порака на мобилен, тоа е најокеј, јас го користам тоа откако го имплементираа. Го изигнорира RagingDemon, тој ти кажа како да се заштити братучетко ти.
     
  23. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,607
    1,364
    27 Јануари 2011
    Машко
    Дали тие имаат минимун 16 години?
    Колку е минимална граница за отворање на профил?
     
  24. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,831
    4,370
    20 Февруари 2011
    Машко
    Minimalno e da si roden vo 2013...xD

    p.s kontaktiraj gi facebook preku mail mislam deka moze, sigurno onie ke se nafatat za da smenat secret question.
     
  25. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,757
    1,840
    8 Мај 2007
    Машко
    колку не си во право во секоја реченица што ја кажа тоа е чудо едно.
    секој акаунт на секаде е твоја сопственост. ако некој го презема без твое одобрување тоа е пробивање.
    ко да ти провалам дома и да кажам ти си крив оти не си имал доволно јака безбедност.
    не е ни глупо, подоле е од тоа. извини ама ако не знаеш немој да шириш дезинформации.
     

Сподели

Вчитување...