- Ја почнал/а темата
- #1,576
D
Администратор
Ако веќе сте се нафатиле да се регистрирате и одвоите скапоцено време да постирате на ИТ форум кој има јасно наведени правила, постирајте како што треба, не може секој модератор цело време да проверува дали сите објавени теми и постови се како што треба, затоа што на некој му текнало така...Ако веќе сте се нафатиле да модерирате, модерирајте како што треба, не може секој член цело време да проверува дали му се избришани мислења, затоа што на некој му текнало така...
Видиш како може да се сврти ова?
Модераторите имаат дискреција да направат проценка според лично мислење, избрани се на таа позиција со макотрпен труд претходно, и најважното - трошат лично свое време да придонесат за општо добро на сите нас тука со модерирањето за кое немаат надокнада.
Да се докажуваме на секое избришано мислење (а веруј некои денови ги има премногу) или тема ке е залудно потрошено време на сите.
Сосема е во ред доколку сметате дека нешто е нефер или неоосдвенто направено, да пријавите како @NecrotoX погоре и како што имаш пријавено и ти - меѓутоа не очекувајте објаснувања и одговори ако модераторот/админот нејќат да навлегуваат во темата - бидејќи си ја отвараме пандорината кутија, ако одговараме на сите - ќе треба буквално на сите - а доколку си заинтересиран може да ти споделиме да видиш што се се постира
Мислењето е автоматски споено:
Ајде да пробаме вакво нешто на тема избришени мислења/теми: Жалботека - официјална тема за избришани мислења / теми
Последна промена: