1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Кога би бил ваш IT.com.mk, вие би....

Дискусија во форумот 'Ваши сугестии / забелешки / проблеми' започната од D, 25 Септември 2007.

  1. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    577
    972
    16 Јануари 2016
    Машко
    Правилата на форумов никогаш не важеле или пак се така креирани да лесно се заобиколуваат без никакви реперкусии. Се почесто гледам огласи со префикс проценка иако уопште не се бара проценка само се избегнува јавно ставање на цена, и нормално следи понуди/цена инбокс и сл. Огласување за други членови не смее додека огласување за други "не-членови" смее. Ако немате услови да огласувате боље бриши акаунтот и барај услуга од некој да ти огласи, пошо заеби логика. Се откажуем од пријавување постови више смачува од селективно модерирање..
     
    CBB_6, Avid и на Sludge.Factory им се допаѓа ова.
  2. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,507
    25,571
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    На сите пријави се реагира.
    И нема селективност по 150ти пат ќе кажам.
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,101
    3,458
    7 ноември 2014
    Машко
    Нашите впечатоци за Anhoch Premium салонот ⋆ IT.mk

    Ова е PR статија? Нели обично ги обележувавте?

    П.с. Мислам дека да се трудевте, немаше да можете подосадна и празна репортажа од ова да пишете. Имало гужва, има гејминг зона и има аудио зона (како што и пишуваше насекаде, ништо плус не додадовте), имало луѓе на каса и најмногу детали за новите електронски цени. Паѓате во квалитет премногу...
     
    G4M3R, Zippo и на toshex им се допаѓа ова.
  4. Astro

    Astro
    Guru

    6,254
    8,652
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Факт е дека текстовите на портал не се пишуваат професионално и тоа е тоа, џабе ќе коментираш. Прифати го тоа, помири се со истото и цепај даље без стрес и нервоза, остај ги човеците нека си тераат.
     
  5. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,762
    3,209
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Ако ги остај човеците да си тераат, тогаш кај да е ќе опаднат текстовите и ќе бидат баш ко маалски муабет пред кооперација. Ако не ги туркаш/критикуваш, тогаш како ќе одат напред (во смисла на креирање квалитетни текстови)?
     
    На D и toshex им се допаѓа ова.
  6. 1s3ct0wN

    1s3ct0wN
    Gaining Experience

    150
    90
    18 Септември 2013
    За мене статијата беше одлична и најважно информативна. Не знаев дека има посебна аудио и гејминг соба нели ова е единствениот салон кој го нуди истото, како тоа не е за да се пише статија во ит сајт како итмк.
    Испратено од HRY-LX1 преку IT.mk форум апликација
     
    На D му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Avid

    Avid
    Guru

    4,164
    6,203
    21 Јануари 2009
    Статијата беше просечна онака ни за хејтање ни за фалење.
    Јас имам поголем проблем што неколку пати налетувам на статии кои препорачуваат програми што го „забрзуваат компјутерот“ и прават „оптимизација“ на регистрито.
     
    На farkizz, Trtka, DonFrozex и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,372
    3,085
    4 Септември 2008
    Зар некој од тука го чита порталот и информациите таму? Јас мислев дека таму кликаат само останатите народни маси преку тајммк и остали агрегатори.
     
    На Трајче Дрварчето, zdravkovskii, Necromancer и уште 3 други им се допаѓа ова.
  9. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,587
    1,693
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Кај и да е: "How to download more ram?"
     
    farkizz, DonFrozex и на Avid им се допаѓа ова.
  10. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,101
    3,458
    7 ноември 2014
    Машко
    Дека има гејминг и аудио соба имаше на сите флаери. Поентата беше да дознаеме повеќе за тоа, а не дека имало гужва и луѓе, па дека толку гужва имало што отишле низ парк да прошетаат и се вратиле за саат и пол.
     
  11. Avid

    Avid
    Guru

    4,164
    6,203
    21 Јануари 2009
    @Fatal1ty_ дали скоро планирате да направите апгрејд на Xenforo (ако е уствари работава за апгрејд, може да е нешо друго, не се разбирам) за да може да се ставаат реакции на постовите наместо само лајк?
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,072
    3,721
    5 Декември 2009
    Машко
    Да не отворам нова тема, втф стана работава кога сакав да лајкнам пост... :D

    1233.png
     
  13. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    222
    471
    24 Април 2007
    Женско
    Мислам претходно објаснија дека е од Cloudflare.
     
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,017
    26,727
    4 Септември 2008
    Kомпјутерот може не, ама андроид и тек како!
    Дали можете да го забрзате вашиот Android телефон? ⋆ IT.mk

     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,158
    1,781
    13 Јануари 2014
    Машко
    Се коментираше за ова и претходно, ама вистина не сфаќам која е потребата од вакви скоро clickbait наслови, како и изоставање на критични информации од текстовите. Се однесува на текстот подолу, кај што и насловот, и целиот текст вели дека игрите се бесплатни во наредните два месеци, ама нигде не е напишано дека игрите не ги добивате, туку само имате можност да ги играте во тие два месеци. Моето сфаќање на текстов е дека можам да ги земам било кога во наредниве два месеци и остануваат мои. Можда некој ќе рече дека е open to interpretation, ама се работи за факти, а не нечие мислење, така да не гледам потреба од тоа. Зошто да не се додадат тие неколку збора?

    Сите Half Life игри се бесплатни! ⋆ IT.mk

    Иако претходново некој ќе го сфати како nitpicking, еве една посериозна забелешка. Зошто воопшто нема труд квалитетот на напишаните текстови да се крене на повисоко ниво? Работава изгледа ко полицајци застанати на раскрница "колку да наполнат квота со казни", од изборот на наслови и теми (апликации за забрзување на компјутер/телефон, пример), до самото пишување на текстовите кои се полни со грешки и глупости, а ете, пример е погорниот, некогаш се и нецелосни. Уназад низ страните на темава гледам дека подолг период се укажува на работиве што ги спомнав, ама нема никаква иницијатива да се промени било што.
     
    D, moongose и на Avid им се допаѓа ова.
  16. WeiWuWei

    WeiWuWei
    Intern

    62
    33
    17 Јануари 2020
    Машко
    Мизантроп
    Да можат нови членови да коментираат у офф-топик

    ?
     
  17. Astro

    Astro
    Guru

    6,254
    8,652
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Се сложувам. Неколку пати сум забележал, немало никаква реакција ниту иницијатива. Back at the office, ми се смеат кога ќе видат дека имам отворено IT.mk
     
  18. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,507
    25,571
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
  19. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,158
    1,781
    13 Јануари 2014
    Машко
    Јас само форумот го користам, баш од оваа причина многу ретко отварам да прочитам било што од статиите. И нема промена.

    Би можел да појасниш малку? Not picking a fight, вистина ме интересира.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Avid

    Avid
    Guru

    4,164
    6,203
    21 Јануари 2009
    Нема што многу да се објаснува. Нема популарен македонски сајт/форум/комјунити што се нема пожалено дека не праат пари од тоа, туку напротив, некогаш и губат пари.
    Бадијала не правеа пари, Кајгана не прават пари, еве сега и ИТ изгледа не прави пари.
    Ова они го прават од љубов, заработката е минимална а некогаш и одат со загуба.
     
    igor_igor, Astro и на -={K-O-R-U-N}=- им се допаѓа ова.
  21. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,158
    1,781
    13 Јануари 2014
    Машко
    Тоа ми е јасно. Ама очигледно веќе има луѓе што прават research и трошат време да напишат статија. Само квалитетот е во прашање, тоа и ми беше критиката. Ако се губат пари, нека не се пишуваат воопшто статии, и тоа е тоа. Ептен се ради реда.
     
    На D му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Astro

    Astro
    Guru

    6,254
    8,652
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Епа нејќат да потрошат време, затоа и квалитетот.
    За да имаш квалитетни статии треба да платиш некого карикирам 1500 евра месечно бруто и ќе имаш квалитетни статии.
     
  23. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,507
    25,571
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    This ^ Не сум компетентен да објаснувам детали, За тоа треба D да објасни, но квалтетна статија со рисрч кошта многу повеќе од информативна статија.
     
    На D и Astro им се допаѓа ова.
  24. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,158
    1,781
    13 Јануари 2014
    Машко
    Работам како content writer веќе 6 години, затоа и имав забелешки на конкретнава тема. Ама да, јасно ми е зошто е квалитетот таков каков што е. Фала.
     
  25. Astro

    Astro
    Guru

    6,254
    8,652
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Епа учествувај малце ако имаш вишок време :)
    Ќе те плаќаме ние од членарина :) освен ако не пишуваш за Фемина, у тој случај .... продолжи д си пишуваш, заборави дека нешто сум спомнал :oh:
     
    На krashot му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. MARTIN_MKD
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    1,045
  2. kicedz007
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    726
  3. dimitars
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    760
  4. xenon
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    731
  5. spiritBreaker
    Одговори:
    25
    Прегледи:
    3,331
Вчитување...

Сподели

Вчитување...