1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Кога би бил ваш IT.com.mk, вие би....

Дискусија во форумот 'Ваши сугестии / забелешки / проблеми' започната од D, 25 Септември 2007.

  1. D

    D
    Администратор

    3,183
    1,464
    31 Март 2007
    Аналитика ти дава слика на како се перцепираат содржините што се веќе објавени, а не какви содржини би сакале да ги има.

    Во ред, tnx на забелешката.

    Земање на предвид на критика значи дека ке ја земеме во предвид во моменти кога се носат одлуки, а не дека ке биде валидирана и имплементирана. Бидејќи како што ти имаш свое мислење, имаат и други, имаме и ние наше и кога ке кажеме дека земаме во предвид се зборува и за тоа што како се пишува во темава и во други теми. Смешно е да ако некој каже "ке земеме во предвид" критика очекува да истата биде имплементирана, а ако не е имплементирана после тој коментар да каже дека "критиките не ги земате во предвид, туку само гледате да го оправдате вашиот начин".

    ИТ.мк бележи рекордна година во посетители, секако дека со тоа има и позитивни и негативни страни и коментари, и малце е покомплексно да се одлучи што е тоа што треба да се направи туку така.

    Straw man - Wikipedia
     
    На gOJDO и PandaBomber им се допаѓа ова.
  2. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    1,874
    2,987
    7 ноември 2014
    Машко
    1. Заради тоа пишав да ТЕСТИРА содржини, наместо да ги прашувате. Хенри Форд има изјавено „Да ги прашав потрошувачите што сакаа, ќе ми кажеа побрз коњ“
    2. Како може да речеш "tnx на забелешката“ ноншалантно, кога не е забелешка туку констатација. Филм не е дел од IT портал, ова не е забелешка или мое мислење кое треба да го “земате во предвид“.
    3. Настрана тоа што е навредливо во форумска дискусија да даваш линкови од википедија (зашто имплицираш дека не знам јас што е Straw man), но уште полошо е што нема поврзаност со поентата која јас ја правам и е ВАЛИДНА - ако одиме само по тоа што би сакале посетителите, следно е Фчерашни новости и ВМРО-СДСМ. Во тој случај прекрстете се во Кајгана 2 и јас ќе немам проблем...но, вие се фалите дека сте најголем IT портал, така што мое скромно мислење е дека треба да споделувате IT содржини.
     
  3. D

    D
    Администратор

    3,183
    1,464
    31 Март 2007
    Тоа и се прави тестираме, мериме врз основа на дадени сугестии. Тебе тоа ти смета и го критикуваш во темава, fair enoguh.

    Не е дискусијата дали филм е дел од ИТ портал, туку дали таквите содржини припаѓаат на IT.mk. Тоа е веќе забелешка, а не констатација, барем во наши очи. А за тоа дали е ноншалантно или шалантно, интересно е како пишани зборови секој си ги чита со свој глас и тон.

    Пак исто и тука, јас не реков TylerMKD ти не знаеш што е straw man, туку со тоа кажав дека аргуметнот ти го гледам како straw man. На ниту еден начин не ни помислив да навлегувам во тоа што ти знаеш. Би те потсетил само да имаш во предвид дека не те познавам и дека немам намера да те навредам на никаков начин и не треба така да ги перцепираш моите постови како лични навреди.

    Straw man ти е аргументот бидејќи за филм кој сметаме дека е интересен за една ИТ публика се постира ептен ретко, а другите содржини се ИТ фокусирани. Ама во ред, ке ги правиме работите непропорционални и ке ги дуваме фактите само за да направиме поента.
     
  4. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,586
    1,756
    19 Јули 2013
    Наместо бесплатно објавување на туѓа реклама како вест, јас би очекувал некој напис поврзан со информатичката технологија употребена за изработка на филмот. Каква опрема и инфраструктура користеле, на какви проблеми наишле и како ги решиле. Десетици фирми учествуваат на вакви проекти, може да се пренесе искуството од било која од ниб од било кој аспект што е релевантен за ИТ.
    Ама ова бара труд и ангажман за нас неколкумина тука што би ги интересирало тоа, кои најверојатно во тие статистички анализи потпаѓаме во категоријата незначајно.
     
    На Avid и D им се допаѓа ова.
  5. D

    D
    Администратор

    3,183
    1,464
    31 Март 2007
    Пренесено до авторот.
     
  6. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    1,874
    2,987
    7 ноември 2014
    Машко
    Нема проблем, логикава која ја постираше е доволна за да се согласиме дека не се согласуваме. Затоа и реков, следно интересно за нив ќе биде ов Фчерашни новости, постирајте ги од време на време.

    П.с. Ти ставив линк од википедија за дефиниција за логика. Се надевам ова ја докажува мојата поента на тоа што значи имплицирање во онлајн дискусија.
     
    На D му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,727
    3,606
    28 oктомври 2008
    Јас би направил постовите и лајковите во секцијата огласи да не се сметаат.
     
    Astraion, Jovan2389 и на Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  8. toplel

    toplel
    Gaining Experience

    392
    340
    18 Август 2016
    Машко
    Немам ништо против знамето или нацијата, но не сфаќам во кој контекст е ставено знамето на република Албанија кога постојат мал милион неутрални насловни слики (Thumbnails) за тој конкретен текст, без притоа да се пуштаат (ненамерни?) провокативни пораки. Зборувам пред сѐ како IT форум, на којшто такви финеси треба да бидат најмногу запазени. Како репер, погледнете какви насловни слики (Thumbnails) ставиле (дел) про-политички ориентирани портали, па Вие бидете судија. Зарем тие (не IT ориентирани) портали подобро ја знаат IT тематиката и во кој контекст каков наслов да стават и да ја одделат политичката од IT состојбата?

    Можда сум пребирлив и со погрешна проценка; аку сметате дека забелешката не е на место имате целосно право да ми го избришете мислењето. 99494.jpg
     
    На chemioftw, Avid, Borsa и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. D

    D
    Администратор

    3,183
    1,464
    31 Март 2007
    Ке лажам дека ако во темава нема забелешки што стварно држат вода, ама оваа дефинитивно не е една од нив. Се пишува за случувања во некоја земја, се става слика од знамето на таа земја.

    Едни од ретките .мк портали сме кои почитуваат авторски права и референцираат од кај им се сликите (се трудиме во иднина да биде тоа буквално на секој текст) и користиме само фотографии со лиценци кои го дозволуваат тоа. Од таа причина, не секогаш се наоѓа најсоодветна фотографија за темата и се снаоѓа авторот со изнаоѓање на друга слика која ке е соодветна за темата.

    Баш како ИТ медиум, воопшто не треба да мешаме политика тука, и се трудиме и тоа да не го правиме. Дури пред некоја година направивме огромна грешка и дозволивме да се стави платен банер на политичка партија, но по реакциите се донесе одлука да не се дозволува политичко рекламирање во иднина. А само како репер, тоа се обично периодите кога порталите највеќе прават пари.

    Дополнително, еве ти уште неколку текстови:
    upload_2018-12-28_18-27-56.png upload_2018-12-28_18-28-11.png upload_2018-12-28_18-28-25.png upload_2018-12-28_18-28-53.png
     
    На gokica, Can4sta, SiPy` и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. toplel

    toplel
    Gaining Experience

    392
    340
    18 Август 2016
    Машко
    Авторот или уредникот на текстовите треба да е спремен да направи една дедукција и да го извлечи клучниот збор во темата и оттука да прилагоди соодветна слика/Thumbnail со насловот и контекстот. Во овој случај Албанија не е клучниот збор ни од далеку, туку главниот акцент е ставен на регулирањето/цензурата на „онлајн“ медиумите. Цензура е главен збор, а според тоа се наоѓа соодветен thumbnail за темата.

    Аргументот за тоа што имало и претходни случаи со знамиња, воопшто не мора да значи дека сте направиле правилна одлука во однос контекст>thumbnail правилно. „Користењето на податоците на корисниците на Facebook е забрането во Германија“ - знаме од Европска Унија... Не сум имал можност да ги видам на форумот тие теми (ограничени сте со три наслови; ретко посетувам IT.mk), во спротивно ќе ја ставев истата забелешка. Не бидете под импресии дека заприметив зошто ми смета албанско знаме или слично. Впрочем, се одградив од такви сомнежи пред да ја започнам дискусијата.
     
  11. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,433
    2,691
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Иако неќеш да признаеш, имаш проблем со знамето. Иако си се огради од тоа на почеток, смислата на сето после тоа кажано индиректно упатува на тоа дека ти смета знамето. Не бранам никој, ама забелешкава не ти е на место ни 1%. Позз
     
    gokica, D и на bLaCk AnArChY им се допаѓа ова.
  12. toplel

    toplel
    Gaining Experience

    392
    340
    18 Август 2016
    Машко
    Шо сакаш да ти признаам? Твоите избрзани заклучоци за нешто што не е тема на дискусија спакувани во обланда во една водечка и незрела реченица? Пробај кај некој друг со тој отров.

    Доколку сакаш да скокаш во прерани заклучоци со 0% поткрепа од факти тоа не е мој проблем. Доволно сум лингвистички и интелектуално способен за да знам што пишувам и стојам зад напишаното, а вакви лични навреди ќе имаш право да ми даваш единствено кога ќе имаш некогаш воспоставено вербална дискусија со мене, а не виртуелна. Аку ти гледаш (индиректна/директна) национална основа на нешто со сосема друг контекст тогаш запрашај се: дали е во тебе или во мене проблемот?

    А, во однос на тоа дали забелешката е на место или не треба прво да сфатиш што сум напишал па после да пресудиш со проценти.
     
  13. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,433
    2,691
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Навреда од мене кон тебе немаше ни директна или индиректна. Од кога то давање на мое мислење е навреда? Ако некој изрази мислење во однос на твооето напишано, и го гледаш како навреда тогаш тоа е твој проблем.
     
    На VerGer му/ѝ се допаѓа ова.
  14. toplel

    toplel
    Gaining Experience

    392
    340
    18 Август 2016
    Машко
    Сега не ја гледаш ни навредата? Еве ќе ти ја цитирам со прилично големи букви па ти пресуди си сам.

    Ме обвинуваш и воедно скокаш во заклучок дека ми сметало знамето и згора на сѐ сметаш дека со забелешката лажам (во смисла: вртам од околу, а сум всушност ксенофоб и имам против албанското знаме/нација), иако горе напишав нешто сосема поинакво од ова што тебе ти се гледа како такво.

    И како ова не е навреда? Читај го она што сум го напишал, не парафразирај тебе што и како ти изгледа.
     
  15. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,433
    2,691
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Ок нема везе. Уживај во вечерта ;)
     
  16. toplel

    toplel
    Gaining Experience

    392
    340
    18 Август 2016
    Машко
    Квалитетен аргумент. ;)
     
  17. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,433
    2,691
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Не трошам на празно зборови и време за нешто шо сум пробал да го објаснам а другата страна си го сваќа трагично и навредливо, а не е. Позз
     
  18. toplel

    toplel
    Gaining Experience

    392
    340
    18 Август 2016
    Машко
    Аку потрошеше доволно време да сфатиш шо напишав јас, а за што обвинуваш ти немаше воопшто ни да започне дискусијава.
     
    На spiritBreaker му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,727
    3,606
    28 oктомври 2008
    Би го тргнал цел под-форум "Електронски цигари" како посебен целина со избор да не се појавува во нови мислења. :annoyed:
     
    Astro, gOJDO, Fredy и на уште 1 им се допаѓа ова.
  20. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    20,939
    23,292
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Со новините на пролет ќе биде и тоа :)
     
    Astro, VerGer, esquimaux и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. highflyer

    highflyer
    Gaining Experience

    181
    137
    3 Јануари 2010
    Машко
    Дечки мислам паметно е да се тргне рестрикција на пребарување , у моментов неможам да пребарам бидејќи се прекратки : "i7" ,"970" , "570" ,"CPU" , "GPU", (прекратки се , мислам дека рестрикцијата беше над 4 карактери да пребарува ) без да додадам некои додатни зборови кои може да водат кон скроз погрешни резултати. Среќни празници :)
     
  22. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,726
    4,901
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Мислам дека CGI во филмови е сосема пристојно како ИТ да се третира. Nvidia графички карти се користат за рендер :)
     
  23. Astro

    Astro
    Guru

    5,711
    7,571
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Епа да отвориме и подфорум за порно. И така 100% од порно контент се испорачува си помош на ИТ.

    Sent from my Redmi Note 6 Pro using Tapatalk
     
    На CBB_6 и TylerMkD им се допаѓа ова.
  24. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    1,874
    2,987
    7 ноември 2014
    Машко
    Според Silicon Valley, порно индустријата ги движи IT иновациите напред, особено со мрежа и компресирање видео. :D
     
    На Astro и prichina им се допаѓа ова.
  25. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    825
    2,124
    12 oктомври 2014
    Машко
    Директно би банирал перманентно јузери кои не исполнуваат услови,а си огласуваат хардвер.
    Си начекуваат коа нема никој од админите онлајн,си го лупаат огласот во некоја тотално неповрзана тема(нормално неможат во огласи зошто немаат привилегии за огласување) и додека видат админите/модераторите хардверот е веќе огласен.Типот си завршил работа и после по пм си прави дилови.
    Крајно педерска тактика која само со бичкија у старт се решава :)
     
    На gokica, Astro, CBB_6 и уште 3 други им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. MARTIN_MKD
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    944
  2. kicedz007
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    631
  3. dimitars
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    657
  4. xenon
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    616
  5. spiritBreaker
    Одговори:
    25
    Прегледи:
    3,055
Вчитување...

Сподели

Вчитување...