1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Кога би бил ваш IT.com.mk, вие би....

Дискусија во форумот 'Ваши сугестии / забелешки / проблеми' започната од D, 25 Септември 2007.

  1. Avid

    Avid
    Unstoppable

    2,491
    3,309
    21 Јануари 2009
    Не ми се верува дека и да го одбанираат би се вратил.
     
  2. krema

    krema
    Professor

    6,772
    6,402
    24 Јуни 2009
    Машко
    Како и да е, добро е да се даде шанса.
     
  3. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,591
    6,254
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Те сакам :kiss::kiss::kiss::oh:
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Avid

    Avid
    Unstoppable

    2,491
    3,309
    21 Јануари 2009
    Кога би бил мој IT, јас би му укажал на модераторов мој што сум го назначил, дека редоследот на активности во ваков случај е обратен.
    Прво се опоменува, па се банира.
    А не, некој порано бил баниран за едно, сега го прави истото, и добива опомена.
    LOL
    Кога ќе размислам подобро, модераторов не знам дали би го најмил in the first place...
     
    Последна промена: 15 Април 2018
  5. tomi

    tomi
    Guru

    9,921
    8,995
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    За без пари супер се, не се бунат и не крадат.... Ова го работиме од кејф, се давало можност и на други модератори од време на време ама за жал не се покажаа во добро светло освен да глумат џандари на форумот што не ни беше тоа целта....

    Кога би бил мој IT.COM.MK би ги молел лугето повеќе да разговараат на темите кој се за IT одколку за темите поврзани кој што напраил и згрешил или во темите купи продај....

    Квалтетот од вас членовите е паднат на МИНИМАЛНО ниво, за прв и единствен форум за хардвер во МК тоа е жалосно, каде се тие што беа информатичари, сервисери, познавачи на IT ??? Сигурно но јасно е дека лугето се помалце ги интересира технологијата нова или па немаат пари да дојдат до неа па воопшто и не се замара да отвара тема на нешто ново или па да напише рецензија за нешто купено како што се правеше порано...

    IT.COM.MK не е СЕИР место за да се гледа и мониторира работата на модераторите или членовите

    IT.COM.MK е место да си најдеш информација која ти е погодна за тебе и на истата да коментираш и придонесеш со твојата активност да се развије квалитетна тема, а се додека ги гледате модераторите кој што изјавил и кој што напраил од такви како вас нема просперитет на форумот, или па еве уште една идеја

    Кога веке сакате да коментирате за администрацијата и модераторите кога го правите тоа, во мегувреме можете да напишете и некоја убава рецензија со тоа ке добиете поголема репутација кај нас администрацијата и членовите.

    Цел живот се зајадуеме едни со други и се другиот ни е крив, а пред наша черга срам ни е да погледнеме пошто сме исто гјубре...
     
    На emsss, tomaso, Jovan2389 и уште 3 други им се допаѓа ова.
  6. Avid

    Avid
    Unstoppable

    2,491
    3,309
    21 Јануари 2009
    За што да напишам рецензија кога немам купено ништо ново?
    Ако не па да купам нешто само колку да напишам рецензија?
    Зошто мислиш дека ако некој коментира за администрација, во меѓувреме не постира ништо релевантно?
    Ја виде темата за враќање на пораки на Вибер?
    Ги виде темите кога сум подарил ствари?
    Ги виде постовите кога сум помагал за Ексел, за Виндоус, за телефони...?
    Што сакате бе вие, цело време да цвета розово и да се дискутира за тоа што вие сакате?
    Зошто постои темава?

    Наместо да ми кажуваш што да правам, биди ОН ТОПИК и објасни ми ја логиката во:
    1. Член прави нешто што не треба.
    2. Членот добива бан.
    3. Член го прави ИСТОТО ПОВТОРНО.
    4. Членот добива опомена.
    Takaee и граѓаните на пример не треба да се мешаат во политика, не треба да критикуваат, треба да ги остават на раат да праат што сакаат :D
     
  7. psyside

    psyside
    Модератор

    24,253
    23,937
    4 Септември 2008
    Коментар > опомена > бан > опомена>бан, ако банираме за сите постови во огласи, буквално секој ден ќе има по 20 банирани, и ќе има butthurt парада, престани да се мешаш каде што не ти е место, кога ќе бидеш ти мод, тогаш ќе кажеш како да се однесуваме, се до тогаш имаш 2 избора.

    a) Да се откажеш од форумот
    b) Да не се откажеш и да ги прифатиш одлуките какви што се.
    c) Види 1 и 2
     
  8. Avid

    Avid
    Unstoppable

    2,491
    3,309
    21 Јануари 2009
    За форум кој што ме има банирано долго време за минорни работи, сметам дека оваа полиса на опомена бан опомена бан е несоодветна или не ги третира еднакво членовите.
    И покрај тоа што ова опомена бан опомена бан може ме има и мене спасено некогаш, сепак сметам дека не треба така да биде.
    Местото каде што има нелогичност/неправедност/екстремни глупости е секогаш мое место за мешање.
    Не, нема. Кога ќе видат членовите дека сериозно си ја имате сфатено работата за почитување на правилото, ќе престанат да коментираат.
    Како што можат некои членови и/или модератори да се прават паметни и да ми цитираат директно правила „Мод/админ смее да избрише мислење без објаснување“ така ќе им се правите паметни и на тие што коментираат во огласи.
     
  9. tomi

    tomi
    Guru

    9,921
    8,995
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    @Avid кога веке ме цитираш да ти објаснам јас како гледам на работите, и секој треба да си има нели свое мислење

    Никаде не те спомнав и потенцирав но очигледно си се пронајде. Колку и да си помагал и помагаш во идина вакво однесување не ти доликува. Уште да земеш и да не испотепаш цела администрација.... Имај некој работи на ум

    1.Сајтот си има газда, а газдата си има вработени, така да нашите модерирања и однесувања ги мониторира некој друг значи не сме ние пуштени од ланец па да прајме што сакаме.

    2. Премеко се однесуваме за тоа што треба да биде форумот, ако се банира секој што ке наруши правило од прва тогаш форумов немаше да биде тука и да гледате во него, опстојува затоа што сите допринесуваме за него колку толку а најмногу вие членовите.

    3.Нови членови мора да има и да доагаат, помегу нив има многу што не ги прочитале правилата и им треба време да се уходаат во целиот форум треба време да им се даде, а кога ке мислиме дека претерале треба и да одат на бан

    4. За жал и тие малце стари членови што останаа, дел пукаат сеир а дел продаваат, тешко и да искочи квалитетна тема на форумов како што беше порано

    Значи немора одма да се скока и да се кара со цела администрација зашто ова зашто она напраила.... нит сме врмо нит сдс нит тераме политика сепак секој е добредојден да каже што има но не и непотребни коментрари колку само да се набилдаат мислења за да го тупи по огласи...

    Факт е дека квалитетот на форумот е паднат доста, ние место да напраиме нешто подобро вас администрацијата ви е крива...
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  10. architect

    architect
    Practice makes perfect

    1,750
    1,907
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    А што се подразбира под стар член пошто гледам дечки што вчера направиле акаунт да продаваат семки се третираат на исто ниво со членови од пред 10 години. Паднал форумот епа паднал, удел за тоа имаат членовите но и огромен удел имаат и модераторите кои немаат никаков респект кон некој што седел тука 10 години. Ете мораше некој да ви ја каже вистината пошто малце повеќе се забега со почитување "правила".
    Се давале опомени чисто формално за да има алиби за она што не можел модераторот да го направи од прва а тоа е бан (тука некаде имаш измеѓу провоцирање на мод до член за да имаш реакција), и не поради прекршување на правило туку поради прекршено лично его на модераторот.
    Моето мислење од поодамна беше позитивно сега е сведено на ниво -200000 за модерирањето на форумот.
     
    Последна промена: 15 Април 2018
  11. tomi

    tomi
    Guru

    9,921
    8,995
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Абе ти уште си бил тука :) ја па мислев бан си јадел.... баш штета


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  12. psyside

    psyside
    Модератор

    24,253
    23,937
    4 Септември 2008
    Сериозен си или си тролаш?

    Човекот на кој буквално секој пост му беше тролање, треба да се врати?
     
  13. krema

    krema
    Professor

    6,772
    6,402
    24 Јуни 2009
    Машко
    Не бе какво тролање, таман работа.
    Ако работите се сосема поинакви тогаш се повлекувам од дискусијата за мојот предлог.
     
  14. architect

    architect
    Practice makes perfect

    1,750
    1,907
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Сега бар е јасно зашто секаде го земам твојот пример за ''одлично'' модерирање на форум. Едно време беше член со нормално однесување па потоа стана модератор ала дуинг бизнис на купи продај па ти пропадна мебиус и те снема тотално ...или во превод више немаше интерес за да бидеш присутен освен вакви моменти кога тук вам таму некој ќе ти чепне во интима.
     
  15. tomi

    tomi
    Guru

    9,921
    8,995
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Да мебиус пропадна сеа нексио ми се другари па нив ке ги фалам :) бизнис секција или не бизнис секој си гради иднина на свој начин мене форумов многу ми помогнал а и јас исто на него.фала


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  16. architect

    architect
    Practice makes perfect

    1,750
    1,907
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Па тоа и зборам, ти си основоположник на темелите кои овој форум ги фати во правец на РЕКЛАМА 5. Кога ќе напишеш километарски пост кој изгледа така наивно и тажно всушност иритира, зашто знаеме дека позади тоа стои бизнис човек од твој калибар.
    п.с. имаат камери во нексико ;) ?
     
  17. tomi

    tomi
    Guru

    9,921
    8,995
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Да да имаат се Dahua, hikvision и тн.... исто така имаат и попуст за форумџии од ит.мк :)
     
  18. Avid

    Avid
    Unstoppable

    2,491
    3,309
    21 Јануари 2009
    Колку?
     
  19. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    1,783
    2,730
    7 ноември 2014
    Машко
    1. Администрација става огласи на форумов
    2. Администрација воведува правило за проверен огласувач
    3. Администрација воведува правило за 100 лајкови на постови за да објавуваш оглас
    4. Се накотуваат членови што дошле за огласи и не ги интересираат форумски дискусии, ниту пак имаат форумска култура, се глупираат по форумот со свои агенди од досада
    5. Криви се нормално сите освен администрација
     
    На DaVoRkNe и toshex им се допаѓа ова.
  20. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,032
    2,611
    2 Септември 2012
    Машко
    Ја би вовел аукции или наддавање во секцијата огласи (без разлика што не се појавуваат како нови огласи) како на Ebay или Limundo се разбира и некој процент да оди и за форумов од тоа што ќе се продаде.
    Со таа работа ем ќе заработи форумов некој денар, ем ќе биде поинтересно за нови членови, па и за постарите се надевам. :p
     
  21. Can4sta

    Can4sta
    Gaining Experience

    298
    246
    19 Јануари 2008
    Јас неможам да ве разберам што ви пречат толку огласите? Па да ги немаа и овие огласиве, овој форум треба да го затворат во рок од една недела. Јас мислам дека проблемот не е во Огласите, и темите околу нив, туку во немањето други дискусии, и членови кои придонесуваат на други подфоруми. Сите тука ги искритикувате огласите и темите таму, а сите барем еднаш сте го користиле тој подфорум, кој повеќе кој помалце.

    Инаку факт е дека за неквалитетен форум, вина има администрацијата, па после нив и ние исто толку обичните членови. Јасно е дека ние сме први да искритикуваме друг, но никогаш себеси.

    Јас мислам дека редно време е администрација да преземи сериозни чекори да сменат нешто, бидејќи секогаш од нив се очекуваа да ги преземаат првите чекори за да ги сменат работите на подобро.

    Јас имам еден предлог да не остане само на критикување, на едните или на другите.

    Мојот предлог е да има тотална ре-категоризација на подфорумите, некои помалце активни да ги тргенеме настрана, или да ги стаиме на едно место... Јас сериозно не гледам причина да стои на форумов и да фаќа безвеза простор некој подфорум каде не се пишувало на неа веќе 6месеци или една година.

    Друг предлог, е да го правите форумов по интерактивен, на пример јас би додал Квизови по ИТ, од програмирање до хардвер...
     
    На TylerMkD и igor_igor им се допаѓа ова.
  22. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    3,269
    2,031
    31 oктомври 2012
    Машко
    Невработен
    Едвак чекам тоа до почетна цена 1 денар ко ке ставеш нешто и ке се дог со другите да не ми наддаваат.
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  23. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,032
    2,611
    2 Септември 2012
    Машко
    Шо бе Пане нема да ти наддаваат, Гојдо одма ќе ти даде 2 денара. :p
     
    На Pane24 му/ѝ се допаѓа ова.
  24. DelphiUser

    DelphiUser
    Gaining Experience

    106
    148
    2 Март 2011
    Машко
    Дали може да се тргне забраната за читање на форумот без логирање? Не е практично да треба да се логирам од секој device за да прочитам некоја вест.
     
  25. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    1,783
    2,730
    7 ноември 2014
    Машко
    Главна причина е што по скандалот компаниајта започна да губи клиенти. Секако, проблем се и тужбите и истрагата, а и казните кои најверојатно ќе следат. Компанијта е затворена од среда, 2 мај, а вработтените треба да ги вратат своите комјутери.

    Речиси истовремено со објавата дека компаниајта ја злоупотреби довербата на Facebook, заменет беше Александер Никс, дотогаш директор на компанијата.

    Збогум и не се враќај: Cambridge Analityca се затвора ⋆ IT.mk

    Барем знаеме дека не користите гугл транслејт, ама срамота е да имате во просек по 2 грешки на 1 реченица. :)


    Едит, бонус рунда од истиот автор:

    Омилената дестинацијиа на дел од ентузијастите кога криптовалутите се во прашање, CoinMarketCap, има добра вест.

    Апликацијата ќе го овозможи истото што и веб сервисот, следење на цената на крипто валутите. Секако ова значи дека крипто валутите може да се подредат по секоја катеогрија: име, цена, промена во 24 часа и слично.

    Можеби еднинствената лоша вест е што апликациајта е достапна единствено за iOS.
     
    Последна промена: 3 Мај 2018
    На borcep и spiritBreaker им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. MARTIN_MKD
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    919
  2. kicedz007
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    609
  3. dimitars
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    639
  4. xenon
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    592
  5. spiritBreaker
    Одговори:
    25
    Прегледи:
    2,983
Вчитување...

Сподели

Вчитување...