Кога би бил ваш IT.com.mk, вие би....

Дискусија во форумот 'Ваши сугестии / забелешки / проблеми' започната од D, 25 Септември 2007.

  1. Astro

    Astro Sensei

    3,850
    4,674
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    На -={K-O-R-U-N}=- му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Fatal1ty_

    Fatal1ty_ Großmeister

    19,846
    19,089
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Па Порталот го читаат и почетници не само професионалци... мене ми е ок тој серијал...
     
    На Јас сум желка му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Astro

    Astro Sensei

    3,850
    4,674
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Серијалот како серијал е многу океј. Но термините треба да се посистематизирани во теми и треба повеќе време да се потроши во дефинирање. Особено важно е да не се употребува погрешна терминологија за да се опишат истите...
    Не е работата да се чкраба аматерски само за да се каже дека има таква рубрика. Ние овде сме извор на информации и експертиза, не сме заебанција.

    Башка најдолу додајте текст: „Доколку имате дополнителни прашања за некој од термините, зачленете се и отворете тема на форумот во подфорум тој и тој“, па да удриме и на образование троа.
     
    Јас сум желка, moongose и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  4. Astraion

    Astraion Активен гик

    1,037
    1,358
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Морав да те поправам троа. :)
     
    На -={K-O-R-U-N}=- му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Astro

    Astro Sensei

    3,850
    4,674
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Hyperloop One заврши со првите тестови ⋆ IT.mk

    Не е тешко да се напише уште една или две реченици како вовед, што е Hyperloop One, на кој принцип работи и за што би се користел. Да не мора јас како читател сега да гуглам прво што е тоа за да можам ефективно да го прочитам и сфатам артиклот. Упорно чекам да дојде текстот каде ќе прочитам што е суштината на напишаното и се разочарувам кога останувам со прашалници на крајот на текстот.
    Тоа е основно правило во пишувањето на артикли, вовед и појаснување на напишаното, кратка историја.

    Од оригиналниот пост се добиваат комплетен сет на информации. Она што фали во артиклот на порталот:
    - the transportation pod,
    - avant-garde transportation technology that involves levitation, loops, and lots of speed.
    - sled-type device
    - Hyperloop One used magnetic levitation to hover
    - The goal is to pass up airliners in speed and eventually hit 700 MPH

    Аха, значи сега е многу појасно. Тоа е транспортена направа, која левитира, има потенцијал за брзина, личи на санка, со цел да биде поевтина и побезбедна од авион. Една ***на реченица.

    That's my friends лекција за научување и правило за почитување.
     
    Последна промена: 14 Јули 2017
    На -={K-O-R-U-N}=-, D, moongose и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. TylerMkD

    TylerMkD Активен гик

    1,244
    1,724
    7 ноември 2014
    Машко
    Не се слагам премногу со Астро, ама за ова е комплетно во право. Секогаш кога ќе отворам некоја статија на IT.mk; се чуствувам како да влетувам во трета сезона од некоја серија и треба ред работи да ми се познати пред да читам...

    Јас знам дека на авторот му се познати работите, ама секој текст е своја целина и мора засебно да биде разбирлив од почеток до крај. И јас имам пишувано за портали на времето, ми се лошеше од истите термини постојано да ги споменувам ама мора...
     
    На D и moongose им се допаѓа ова.
  7. D

    D Администратор

    3,074
    1,120
    31 Март 2007
    @Astro, @TylerMkD, валидни забелешки.

    Интересен е фактот дека 65-70% се читатели кои се враќаат цело време на IT.mk, а пример за Hyperloop има купишта текстови и претпоставката е дека веќе им е се познато, ова е само апдејт - буквално трета сезона ко што вика @TylerMkD, но забелешките ви се на место. Ке поразговараме интерно и ке ги земеме работиве во предвид.
     
    Astro, HardCorec и на TylerMkD им се допаѓа ова.
  8. kirev

    kirev Sensei

    4,243
    2,720
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Чисто журналистички - NYT, Wired, WaPo, BBC, ... сите прво тераат увод. Ама сериозен. Па после текст што да ти кажам, со имиња, презимиња, со линкови. За тоа треба многу време, т.е. пари. Затоа само малце уводот да го оправите, може и некоја несреќа надвор од редовните читатели ќе се зезне, па малце барем да е информиран. Или да направите договор со други медиуми за нив да спремате текстови ИЛИ они да смеат да ги преземаат од вас. Чиста работа :)
     
    На D му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bokiscout

    bokiscout Ентузијаст

    1,621
    1,838
    17 Март 2011
    Машко
    Би додал опција да се претплатиш на ИТ Кариера.

    Кога може да стига неделен билтен секој четврток, нека ситигнат и огласи во петок...
     
    На Astro и D им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. MARTIN_MKD
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    853
  2. kicedz007
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    555
  3. dimitars
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    567
  4. xenon
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    503
  5. spiritBreaker
    Одговори:
    25
    Прегледи:
    2,675
Вчитување...

Сподели