1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Клонирање на W8 бут партиција

Дискусија во форумот 'Microsoft Windows' започната од gokica, 29 Јуни 2018.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Другар пробува да клонира W8.1 на поголем диск. Од SSD на поголем SSD поврзан преку USB. Пробал различен софтвер вклучително и Macrium Reflect, Ease US но сите со ист резултат. Кога оргиниланиот диск ќе го извади и замени со клонираниот нејќе да бутира.

    Имаше нешто со колизија на потписот од дискот но одамна не сум се бавел со оваа проблематика. Дали некој знае што е зврчката. Благодарам.
     
  2. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,358
    2,961
    4 Септември 2008
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Astro

    Astro
    Guru

    6,107
    8,299
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Па не треба само податочната партиција, треба и бут партицијата да се клонира.
    Нека заврши работа со Acronis ко што пиша Линкс погоре.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Благодарам. Мислам дека ова е одговорот:

    How to clone a laptop hard drive | Knowledge Base

    Тој пробувал со source disk во лаптоп а новиот драјв врзан за USB. Значи мора да ги смени. Новиот диск да го тури во лаптоп а старио на УСБ па после да клонира со акронис бутабл медиа.
     
  5. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,358
    2,961
    4 Септември 2008
    Таква комбинација немам пробано, но 200% работи на пример да направи image од стариот диск на некој екстерен усб диск и после да го стави новиот диск и image-от да го врати назад од екстерниот диск.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,690
    3,016
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    @gokica , знаеш како правам јас, ко менував ссд...додуша, имам два диска, затоа сум некакоо во предност...вака ја праам цела процедура: во контрол панел на виндоусов, постои можност да направиш system image на целиот виндоус, сите партиции, вклучително и бут партицијата од дискот, некаде на некој диск(шо е моментално поврзан на компјутерот, ама не преку усб, туку директно на сата). е сега, откако ќе направиш, вадиш старото ссд, ставаш новото, подигаш виндоус инсталација од усб/двд, шо и да користиш, и пред да кликниш на Install, има едно за repair windows, и таму во опциите, има едно restore from image. наоѓаш имиџот од другиот диск, прајш ристор, и за 5-10 мин имаш истиот виндоус, со се инсталирано, како да не си сменил ссд. јас така правам, досега не ми фејлнало.
     
    На krema и gokica им се допаѓа ова.
  7. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Ќе проба утре со бут медиа па ќе каже. Тој се мачел со саати со разни програми од главен диск на лаптоп кон нов диск врзан преку УСБ. И секој пат дискот е ОК запишан ама не го чита како бутабилен. Ќе му кажам и за оваа опција преку виндовс па нека избере како сака.
     
  8. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,690
    3,016
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Дискот на кој шо ќе прајш имиџот треба да е на сата приклучен, никако на усб.
     
    gokica, bxxxn и на borcep им се допаѓа ова.
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Пробано со акронис бут медиа. И самиот програм кој работи од УСБ под линукс дава порака дека клонираниот диск нема да биде бутабилен. Дискот е на САТА а се клонира од УСБ. Така што не го бидна. Пробано и со сорс/дестинејшн дисковите во лаптоп на САТА. Пак вика дека нема да бидат бутабилни. И не само тоа, туку ги измеша брзините со постоечкиот дикс па и тој стана не бутабилен од непозната причина. АСУС лаптопите со нивниот УЕФИ интерфејс прават некаков проблем т.е. кочница која не ни се разјасни. Виндовс рипеир исто така не помогна. Не можеше да ја оправи инсталацијата т.е. бутот. БЦД едит го виде дискот и параметрите во бутот. Но биосот никако да го води дискот како бутабилен. Изгубивме време а после тоа уште толку со нова реинсталација. Утешно е дека сега дискот е поголем.
     

Сподели

Вчитување...