1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

КЛИМИ.мк - Видео презентации ( КРИТИКИ И ПРЕПОРАКИ )

Дискусија во форумот 'Видео и аудио продукција' започната од sumi, 20 Мај 2019.

  1. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,129
    736
    8 Април 2007
    Машко
    Hi,

    од КЛИМИ.мк почнавме со креирање на видео презентации за резиденцијални клима уреди.
    Бидејќи ова е голема новост за нас, воедно кај нас скоро и да нема ваков тип на видеа а и во светот неуспеавме да најдеме нешто слично за клими и климатизација не интересираат критиките, каде сме добри а каде може да се подобреме.

    До сега имаме 2 видеа:






    Идејата е дека видеата не се реклама, не се review видеа, не се споредбени видеа туку класични независни презентациони видеа. Идејата е да се презентираат основни информации за клима уредот и плус неколку дополнителни работи информации кои скоро и да неможат да се најдат. Информациите се јавно достапните информации за секој клима уред и истите се независно презентирани.

    Ме интересираат критики и од графичко технички карактер за самото видео а и од содржински карактер.

    Во план е снимање на најмалку 10тина видеа зависно од фидбекот кој ке го добиеме после првите 5 видео презентации.
     
    На Necromancer, maci, StalkeR и уште 22 други им се допаѓа ова.
  2. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    780
    1,609
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    После сите препукувања, мерења, премерување, мојот комресор е поголем... муабети ширум низ форумскиот етер, конечно некој се сети визуелно да ни претстави дел од овие уреди.
    Најчесто за цени се информираме од клими мк, па браво за идејата да не удостојат и со по некое видео.

    Би сакал да има и некое видео со фино скоцкано упатство за монтажата на овие уреди. Многу пати е зборувано околу тоа, како треба, позиционирање, цефки, вакуумирање... ама убаво би било целото тоа да биди сумирано во едно видео.
     
  3. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    682
    628
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    На презентерот му виси на јазик да каже: да го ебам :)
     
    На causevd и sumi им се допаѓа ова.
  4. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    271
    218
    1 Февруари 2017
    Машко
    Правилна монтажа изгледа вака.
    https://www.google.com/url?sa=t&sou...AQo7QBCDQwCA&usg=AOvVaw1QrZB10Nlae4kRhWXAWhFK
    Ваква монтажа со вакви апарати тешко кај нас тоа е за во фини земји .
     
  5. tomi

    tomi
    Guru

    9,867
    9,111
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Одлични се видеата продолжете понатака со исто темпо, не ви треба професионални видеа, баш овие се попривлечни за народот.
     
    На sumi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    271
    218
    1 Февруари 2017
    Машко
    На FLEGMA и sumi им се допаѓа ова.
  7. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,954
    1,176
    5 oктомври 2007
    Машко
    Јас ништо посебно невидов овде у монтажава освен чист комбилизон . Сум гледал 3 пати монтажа од почеток до крај, 2 од Енергија и 1 од Клими.мк, и баш вака, со такви алати, пумпи, и што и да е се вршеше. Можда марките не се тие, ама сите овие чекори беа запазени.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
  8. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Предлози и видувања:
    - демонстрација на моменти со кои генералната популација има проблем за разбирање, како чистење на филтрите од внатрешната единица
    - промовирање на користење на мерачи за потрошувачка, а зошто и да не ги продавате, одберете некој со добар однос перформанси/цена, нарачајте количина од Кина, и продавајте ги (ова директно промовира користење и купување на клима уреди, пошто визуелно ја покажува заштедата во потрошувачка на електрична енергија)
    - избегнување на спомување класични реклама моменти (а бескорисни за намената на уредот), како на пример „вграден плазма јонизатор кој го чисти воздухот а вас ве прави да се чуствувате супер:)

    Пофалби за иницијативата, и продолжете со презентации на повеќе модели. Ја разбирам економската логика за промоција најпрво на најпрофитабилните модели овде во државата (како ломо еко и вивакс аери), но тука на форумов имаме понапредна корисничка заедница која повеќе ја интересираат цена/перформанси и перформанси моделите. Не толку најевтиното-нешто-што-сепак-работи модели.

    Но ова се конструктивни критики и затоа со желба за успех - повторно пофалби за иницијативата, и продолжете со реализација на добрата работа. :)
     
  9. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    271
    218
    1 Февруари 2017
    Машко
    Zavisi sto Gledase ,nasive majstori(so retki isklucoci )
    se Da zemat pari a nisto soidno nema Da srabotaat.
     
  10. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,129
    736
    8 Април 2007
    Машко
    ФАЛА на фидбек.

    Видео за монтажа е во размислување, само малку е специфично и бара добро планирање бидејќи кај нас многу се хејта и плука а нас не ни е тоа идејата. Ако во видеото кажеш 15мин вакумирање ке се најде некој со коментар врска немате треба 20, ако кажеш 20 ке ти каже врска немате треба 30 итн ... Ке те обнвинат лево десно не си наместил најдобро требало поинаку, ке ти наоѓаат маани, какви држачи, бакарни цевки, кабелот, цревото итн ... И на најдобрата монтажа ако сакаш можеш да најдеш маани и да дадеш предлози како можело поинаку и по некоја теорија подобро да се изведе а никој нема да ти каже дека цената за монтажа кај нас е најниска во регионот а со тоа и во ЕУ. Сепак како што кажав нешто се размислува и околу такво видео.



    Концептот и идејата малку се разликуваат од тоа што сакаме ние да направеме али сепак се ОК да се земе некој пример. ФАЛА!


    Ке одговорам по ист редослет како и критиките:

    - Тоа веке го имаме во делот кај внатрешната единица, повеке време и информации за истото ке има контра ефект бидејки интересот драстично паѓа ако е нешто предлого.

    - Ова е малку специфично, сме размислувале. Знаеш кај нас СЕКОЈ може да земе мерач и да мери ама НИКОЈ не калкулира дека во различна просторија ке добие различни резултати. Ке испадне на крај кај некој е поголема потрошувачка од таа на видеото ( зашто е поголема просторија, поголеми тополотни загуби и слично ) и на крај ке се жали дека лажно си претставил нешто. Па дури и да е иста просторијата, ако во негов случај отвора прозорец по 30мин повеке во денот резултатот нема е да ист и имаш негативен ефект и проблем. Тоа ние како Компанија е многу специфично да го објавуваме со резултати, друго е вие како обични корисници да правете и споредувате мерења, може само како предлог и информација да се додади. Ке го имате во предвид секако како препорака.

    - Прилично ни одзема време како тој дел да го формулираме, од една страна како што пишав не сакаме да биде класична реклама, од друга страна е глупо да не спомнеш нешто кое по спецификации уредот го има, сепак се работи за презентација и како функција/можност/додаток доаѓа со клима уредот колку и да е реалниот негов ефект заклучивме дека сепак нема да бидеме коректни спрема клима уредот доколку не го спомнеме. Сепак во план ни е намалување на таквите информации од состојба на подетално објаснување до состојба да се спомнат за да не бидат изоставени.

    За крај редоследот на модели по кој се снимаат видеата нема врска со економска или профитабилна логика, напротив на најскапите и најмоќните клими е најголем профитот :).

    За едно видео да се сними потребно е пред се да се соберат СИТЕ конкретни информации од админситративен дел. Потоа правиме истражување ( за секој модел посебно ) , седнуваме ја отвараме климата, ја разгледуваме и собираме точки од интерес, бараме од производителот дополнителни информации за кој понекогаш е потребно долго време да се обезбедат, на крај седнуваме и пишуваме сценарио. Сцреариото го препраќаме до продукцијата, презентерот и слично па се враќаме назад на исправка на истото. На крај одиме во студио и цел ден снимаме :).
    Приказната е, како ги комплетираме информациите за одреден модел и го завршуваме сценариото така го снимаме. За ТСТ и АЕРИ на вивакс најбрзо ги склопивме потребните работи па за тоа и првите видеа испаднаа со нив.
    Во фурната веќе се крчкаат видеа за нови клими но пред да снимеме сакаме да собереме критики како вашите :).

    ФАЛА НА ЗАБЕЛЕШКИТЕ И ПРЕДЛОЗИТЕ!
     
    На Lokvan, NecrotoX, Tajson и уште 3 други им се допаѓа ова.
  11. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,661
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Баш се добри видеата, не ми текнува во моментов ни една критика, само напред.
     
    На sumi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,808
    2,039
    19 Јули 2013
    Честитки за иницијативата и вложениот труд (а и средства) за реализацијата.
    Го гледав само ова второто видео за виваксот. Следат неколку забелешки.

    Ми пречат тие точките во „четири точка еден“, „три точка пет“ итн., со оглед дека треба да се запирки, а башка „седум точка нула“ треба да биде само седум.

    Потоа ознаките од модели и компресори не треба да ги кажува буква по буква и онака никој нема да го запамти тоа. Напишете ги на сликата наместо водителот да си крши јазик, ем на време ќе добиете ем на следливост. А не е лошо и моделот на климата да стои цело време некаде со ситни или провидни букви.

    Исто ми пречи и рецитирањето на техничките спецификации, нив и онака ги читаме на екранот. Евентуално може конкретната вредност графички да се нагласи. Водителот треба да има малку поописен текст во тој дел. Впрочем и во целото видео. Треба малку да се „омекне“ текстот, вака ми звучи како да го чита проспектот за климата.
    Ми фалеше далечинското. Се виде оддалеку еднаш-двапати и толку. Треба во крупен план да се покаже, убаво да се видат дисплејот и копчињата. Исто и екранот од телефонот.
    И снимателот да припази малку на фокусот, на неколку места му бега. А на толку инсерти, не бива да „скока“ водителот каде што е кратен.
     
    На sumi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Viktor 04

    Viktor 04
    Intern

    2
    0
    8 Август 2019
    Zdravo decki sakam da kupam klima inverter za prostor okolu 40 kvadrata za vo kuka , kukata e so izolacija 8 cm stiropor I pvc dzamovi I vrati . Pa sakam da slusnam vase mislenje t.e da mi preporacale nekoj inverter od dosegasnite iskustva .
    Jas planiram da stavam 5 Kw inverter.

    Fala nogu

    Испратено од Mi A1 преку IT.mk форум апликација
     

Сподели

Вчитување...