• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Ќе се поставува оптички кабел под Пацификот меѓу САД и Јапонија

Статус
Затворена за нови мислења.

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3.646
139
Група од 6 меѓународни компании меѓу кои и Google, ќе поставуваат подводен оптички кабел што ќе ги поврзува САД и Јапонија. Инвестиција вредна 300 милиони долари.
Кабелот со должина од 6200 милји (9900 км) ќе се поставува како резултат на зголемениот интернет сообраќај и зголемената потреба за пренос на податоци меѓу САД и Јапонија. Со овој подводен оптички линк се очекува да се зголеми капацитетот на преносот на податоци за околу 20% со можност додатно да се зголемува. Брзината која ќе ја овозможи овој линк е 1.92 Tbps.
Церемонијата на потпишување на договорот беше на 23.02.2008, со поставување на кабелот се отпочнува веднаш, а проектот се очекува да биде завршен на почетокот на 2010 година.

Извор: Usatoday, tmcnet.com.
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2.514
90
Јас мислам дека брзината и не е многу зачудувачка. Google не би се нафатил на толкава инвестиција ако не добива нешто што ќе вреди и ќе користи.
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Mала исправка. Максималниот проток ќе биде 7.68 Тbps (link)

Кога се пушта таков кабел, тоа нема да биде тенок кабел. Ќе има многу влакна во него и сигурно се мисли за во иднина. Ако преку обичен UTP кабел, во домашни услови стигнавме до 1Gbps, 1 Тbps да е многу за оптика? :)
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5.748
289
Брзината не би требало да ве чуди, оти мислам дека ова ќе е еден нов backbone на интернетот и нормално е неговата брзина да е многу голема.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.421
Мислења
900.658
Членови
32.137
Огласи
511
Најнов член
Valentina M
На врв Дно