Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Ќе се менуваат операторите, но не и телефонските броеви

Статус
Затворена за нови мислења.

D

Администратор
31 март 2007
3.986
4.152
www.aqtos.com
„Семос“ вчера го промовираше првото софтверско решение за преносливост на телефонски броеви. Доколку софтверот се пушти во употреба, граѓаните ќе бидат во можност да ги задржат постојните телефонски броеви без да ги менуваат префиксите во случај да го сменат операторот или местото на живеење. Засега, ако корисникот одлучи да го смени мобилниот оператор, има можност да го задржи својот телефонски број, но мора да го смени префиксот.

„Податоците што се однесуваат на трошоците и информациите за сопственикот на телефонскиот број не се вклучуваат во системот. Станува збор за база на податоци каде што секогаш ќе биде јасно кој телефонски број на која мрежа постои“, вели Иван Ивановски.
Директорот на „Семос“, Герасим Ванчев, нагласи дека станува збор за софтверско решение кое првпат ќе се промовира во Македонија и во регионот. Ванчев појасни дека основната цел на ова софтверско решение е да ја зголеми конкурентноста во областа на телекомуникациите. Предвидено е софтверот да ги поврзува сите оператори во земјава. Доколку корисникот сака да го промени операторот без да ги смени телефонскиот број и префиксот, потребно е да поднесе барање до новоизбраниот понудувач на телекомуникациски услуги, по што ќе се изврши пренос на бројот од стариот до новиот оператор.

Агенцијата за електронски комуникации ќе биде задолжена да го надгледува целиот процес. Како што информираат од „Семос“, од АЕК ќе бидат задолжени да внимаваат на евентуалните грешки при преносите, како и обиди за пренесување на фиктивни броеви. Од „Семос“ тврдат дека втор пат се докажале како најдобар понудувач на софтверско решение за преносливост на броеви. Откако заврши тендерот, поради жалби, се вршеше пребодување на понудите на сите учесници.

Prevzemeno od Utrinski
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4.722
221
www.foxmediahouse.com
Interesno taka ke moze da si go zadrzi covek brojot a da se prefrli da receme na VIP zosto ima bolji ponudi za razgovor ili pak na COSMOFON a da si go zadrzi brojot i prefiksot
 

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Ќе се рабудиме од телекомуникацискиот мрак во земјава сите ќе имаат само мобилни телефони, наместо фиксни.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
49.454
Мислења
1.011.942
Членови
36.680
Најнов член
xplodeart

ит маркет

На врв Дно