D
Администратор
Државната техничка инспекција да има регулаторна и надзорна улога, а одговорноста за безбедноста на производите да премине од производителот на корисникот, се предлага со измените на Законот за државна техничка инспекција, што ги усвои Владата.
Како што соопшти на денешната прес-конференција владиниот портпарол Ивица Боцевски, со измените се подобрува функционалноста на овој закон како од аспект на негова хармонизација со европското законодавство, така и со Законот за безбедност на производите кој го регулира производството и пуштањето производи на пазар, особено на лифтовите како специфичен производ.
- Праксата на одржување на безбедноста на производите во Македонија покажа дека постојат група производи врз кои не постои определена надлежност во однос на тоа кој орган е задолжен за нивната употреба. Многу чувствителна група на производи за кои е потребен надзор, а за кои не постои строго дефинирана надлежност на државен орган се лифтовите, зашто во минатото беа предизвикани неколку инциденти со сериозни последици по здравјето и животот на граѓаните на Македонија, изјави Боцевски.
Тој посочи дека со новините одговорноста за безбедноста на производите, постројките и инсталациите од државната техничка инспекција се префрла на корисникот кој е дефиниран како сопственик, наемник, работодавач или потрошувач, а технички преглед ќе вршат акредитирани независни правни лица што ги исполнуваат условите пропишани со овој закон.
- Со овој закон корисникот ќе треба да ја обезбедува во континуитет безбедноста на опремата што ја употребува и нема веќе да биде во можност да бара од државата гаранција за безбедноста на производите што тој ги користи. Тој ќе биде задолжен, во согласност со техничкиот пропис, да ги прави неопходните прегледи и за тоа ќе треба да го информира Инспекторатот каде ќе се води евиденција на производите за кои е неопходно периодично прегледување, со цел осигурување на нивната безбедност, рече Боцевски.
Државниот технички инспекторат практично ќе има надлежност да ја следи работата на независните правни лица при нивно вршење технички прегледи и периодични испитувања на техничката опрема во употреба од страна на корисникот на опремата, да води евиденција на техничките производи кои се произведуваат во Македонија, како и на увезените технички производи и опрема. Исто така, Инспекторатот ќе води евиденција на независните правни лица кои ги исполнуваат условите за вршење технички преглед, евиденција на техничките прегледи, а ќе треба и да ги објави на веб страницата.
Со тоа што независните правни лица ќе може да вршат технички преглед, законот создава можност за отпочнување бизнис во сферата на технички испитувања и опрема, додава портпаролот Боцевски.
Vlada.Mk