• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Kingston usb проблем

dule_

Gaining Experience
7 март 2015
218
114
Дечки купив усб кингстон од сетек и почна да ме зафркава. Вчера супер си работеше ама денеска на сред копирање податоци пишуваше дека не го препознава усбто. Пробав и на друг компјутер истото се случи и сега неможе ни да се форматира. Некој да не има некоја идеја како да го средам?

9167fa8fd3224d558769a87bc6b36ea6.png


d06fd800601d4ecf989162e241ad3b1c.png
 

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,581
3,328
Има големи шанси да цркнало, мене ми се случи истото пред недела дена. Никакво партиционирање не помагаше, со hdtune тестот покажуваше само bad sectors. Арно што чувам амбалажи и Кингстон имаат гаранција 5 години, го однесов да ми го сменат.
 

dule_

Gaining Experience
7 март 2015
218
114

Пробано е, не се оправи.
Има големи шанси да цркнало, мене ми се случи истото пред недела дена. Никакво партиционирање не помагаше, со hdtune тестот покажуваше само bad sectors. Арно што чувам амбалажи и Кингстон имаат гаранција 5 години, го однесов да ми го сменат.

Во четвртокот го купив ама ја фрлив амбалажата. Би правеле проблем за тоа? И дали го однесе во салонот каде што го купи или директно во сервис?
 

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,581
3,328
Без амбалажа ништо, таа уствари е гаранцијата.
Јас го однесов во локалната фирма од каде што секогаш си купувам работи и они понатаму си процесираа.
 

null_ptr

On your way to fame
20 ноември 2013
653
603
Однеси го со фискална ака гаранција. Го однесоа на сервис па добив замена.
 

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,581
3,328
Однеси го со фискална ака гаранција. Го однесоа на сервис па добив замена.

Во принцип не треба фискална туку само гарантниот лист, а на тој лист сериски број од самото усб не пишува. Серискиот број го има на опаковката и истиот е ситно гравиран на металниот-контакт дел на самото усб, затоа кога купуваш усб сите продавачи ти кажуваат да го зачуваш картончето од пакувањето.
 

dule_

Gaining Experience
7 март 2015
218
114
Епа бидна веќе, сум го фрлил. Не очекував дека ќе се расипе на второ користење. Ќе одам утре па ќе пишам што сум направил.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
8,131
11,670
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Отиди во Сет на Рузвелтова и речи им: дечки абе завчера го купив УСБ-во, работеше 5 минути и рикна. Ај видите шо и како е.

Ќе се збунат, нема да ти побараат ништо и ќе го земат.
 

Daniel86

Guru
28 мај 2013
2,990
7,873
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i7 3770 & Cooler Master Hyper 612 V2
Motherboard
Asus P8Z77-V PRO
Storage
Samsung 860 EVO 250GB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Cooler Master-Silent Pro Gold 600W
RAM
Geil 2x8GB
Video card
Asus R7 250 2GDDR5 & Intel HD 4000
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Verbatim KU-0725
Audio
Realtek ALC887 & Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 7 Ultimate SP1 x64 И НЕ ГО МЕЊАМ!!!
Ако не ти го заменат, донеси го, би требало да можам да го оправам.
 

G4M3R

Practice makes perfect
26 јуни 2012
825
1,012
Кингстон дебело ја оплескале работата со поновиве УСБ-а, доста познаници имам кој се пожалија на истово. Воглавно проблемот лежи во софтверот/фирмверот на самото усб и доколку се успее да се флешне со нов (точен) софтвер усб-то ќе се спаси :). Нормално со ова никој не треба да се замара освен тие што ви го продале.
 

null_ptr

On your way to fame
20 ноември 2013
653
603
Ептен ја оплескале од Кингстон, од искуство знам со едно усб од 1 ГБ кое се користеше нон-стоп од многу корисници и по незнам колку години поминати уште работи...

Пример како ќе го најдеш серискиот од оваа што неможе да се види, микроскоп ?

FullSizeRender.jpg
 

igor_igor

Unstoppable
2 септември 2012
2,180
3,457
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i3-10100F + CM Hyper 212 EVO
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NV1 500GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master G750M 80 Plus Bronze
RAM
2 x 8GB (16GB) Kingston HyperX FURY RGB 3200MHz DDR4
Video card
Sapphire RX580 Nitro+ 4GB DDR5
Case
SAMA Vision III
Mouse
A4 X5 MAX Bloody Gaming Esports Stone Black
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 10 Pro 64 bit
Во рок од една и пол година ми цркнаа две micro SDHC картички Kingston купени од Сет по 16GB, а као 5 години гаранција.
Првата ми ја заменија со нова 16GB и за кратко време отиде и втората.
За вторава не ми дадоа гаранција никаква така да не ни отидов воопшто, туку си купив Patriot 32GB class 10 од Мебиус.
Од Kingston сега бегам како од ѓавол. :devil: :D
 

dule_

Gaining Experience
7 март 2015
218
114
Бев денеска во сетек и ми дадоја ново усб. Имав позитивно искуство со 2 усбиња кингстон и затоа зедов пак исто. Ќе видиме ова како ќе се покаже. Фала на сите кои ми дадовте совети. :)

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
4,460
13,561
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2s
Keyboard
Ducky One2 SF
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 7 + MacOS

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,142
Мислења
878,763
Членови
30,760
Најнов член
DarkoM86
На врв Дно