1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија Кинески Аларми (Најефтините)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од ARMac, 30 Август 2018.

  1. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,870
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Пред некое време порачав аларм од али, без многу очекувања и стигна пред некое време ама дури сега се наканив да го монтирам, па еве и да споделам некое искуство.

    Ова е оној модел што го прават повеќе производители. Јас се одлучив за eMastif. Од функции има

    1. GSM модул за мобилен број (да не користи фиксна линија)
    2. 90 wireless и 7 wired зони на кој може да се приклучи било кој сензор.
    3. Подршка до 8 RF далечински
    4. Терминал за жичана сирена.
    5. Различни сетинзи по секоја зона поединечно, одложен аларм.
    6. Активирање, деактивирање и 2-way спикерфон преку мобилен

    Мојот пакет е најстандардниот и кошта 40$. Со него се добива PIR сензор (кој јас не го искористив), жичан сензор за врата (исто не го искористив), жичана сирена и самиот аларм систем кој е интегриран во пластиката со бројки.

    Позади има батерија од 600 mAh која за жал е Ni-Mh но може лесно да се замени.

    За инсталација се решив да ги закопам каблите во ѕид (каналот на сликата е за штеќерот само), а напојувањето и каблите се во дозна (на сликите). Тој ПИР што го даваат кинезите не е лош, но јас имам PIR-ови со вграден доплер (micro-wave) кои се далеку подобри од обичните, па решив таков да ставам.

    Се на се сум задоволен од системот, освен една работа а тоа е што на терминалите позади алармот нема AUX порта од 12 волти да се напојува PIR-от од него. Тоа значи дека ако сензорите немаат дедицирана бекап батерија, ако некој изгаси струја пред да провалува иако самиот аларм работи, сензорите се гасат. Се решава ова со мало УПС без проблем, кое секако го препорачувам наместо само бекап батеријата.

    Далечинските работат од прилично голема далечина (слично како на кола).

    Од останати функции би издвоил ауто-форвард СМС (што стига на картицата во алармот), delay arm & disarm и опција за одложено активирање на сирената ако системот влезе во ARM мод што за живо чудо на некој модели го нема и одма почнува да вришти. Најзгодно (уште подобро во комбинација со камери) е што можеш од сопствен мобилен да свртиш на алармот кога е во ARM мод и да збориш со натрапникот. Сирената е прегласна, не сум измерил во db но после 10 секунди ушите ми беа затнати како кога ќе искочев од МНТ на времето.

    За нешто повеќе од 40$ сега гледам има модели што се врзуваат на интернет па преку посредник сервис на производителот се контролираат преку интернет. За мене тоа е глупост, ако излегува надвор од локална мрежа, а и никој не ти гарантира дека производителот од Кина ќе го држи активен сервисот во наредниве х години.

    Упатството е разбирливо (на англиски) мада зоните означени позади не се совпаѓаат со зоните во системот. Z4 позади е на пример Z96 во системот и на ова потрошив едно пола саат додека не укапирав (ги брои од назад).

    Еве и некои фотки, уште останува да доизгипсирам и израмнам па да искречам. Ако има некој прашање, бујрум. Само не по ПП плс. Шиберот си го сакам, цел стан го реновирав ама него го оставив, не ми чачкајте шиберот. И ѕидот е кремасто жолт, ќе го фарбам бел не е од цигари таков :)


    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Free Shipping!Wireless GSM Intruder Burglar Alarm Systems Security Home Wired Signal PIR/Door Sensor Russian voice PDF Manual-in Alarm System Kits from Security & Protection on Aliexpress.com | Alibaba Group
     
    На CBB_6, FLEGMA, The-spiki и уште 23 други им се допаѓа ова.
  2. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    906
    1,350
    6 ноември 2007
    Скоро обија стан в комшии, па разгледував од тие обичните PIR аларми меѓутоа не ми се некако reliable

    Kако функционира сензорот и се штелува ли некако? Пример во зграда, Кој ми гарантира дека нема да прави false activation... Некоj interference во околината, сончеви зраци, електромагнетни зраци, топлина од парно, греалка, клима, муви летаат, глувци шетаат, духови шетаат.... и да се активира само од себе и да ги скрева комшиите до бесвест додека не дојдам да титнам на даљинско.
     
    На damil му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,870
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Никој не гарантира. Кај мене е наместен само на влезна врата. Тоа е мал ходник и тука нема движење. Пошто како што споменав јас монтирав PIR со доплер на 2.4Ghz, тој е поверојатно да изреагира на муви и слично. Додека PIR сензорот што доаѓа со алармот е деклариран како Pet-safe што значи на муви, мачки и мали движења не реагира. Ова го потврдив со тоа што фрлав фудбал топка пред него и не се активираше ни еднаш, додека јас кога пројдов секој пат ме регистрираше без грешка.

    Најдобро е да си имаш и камера па кога ќе се активира алармот (ти стига СМС или ти врти алармот како ќе подесиш), да се уклучиш на камера и да видиш.

    Јас ваков ПИР користам и е пре-сензитивен. Најверојатно ќе го сменам во иднина со фабричкиот, жиците се исти секогаш. Ако сакаш и нешто поквалитетно, имаат во Global Security доста квалитетни сензори. Не само PIR него и smoke и glass break-ери итн.

    [​IMG]
     
    На Costigan_Jr и damil им се допаѓа ова.
  4. krema

    krema
    Professor

    8,983
    8,735
    24 Јуни 2009
    Машко
    Одлична е темата

    Искрено неколку години меркав еден ваков систем (сличен) кој кошташе околу 25 долари, но со тек на време истиот стануваше поскап и поскап и не го никогаш зедов. Моделот е малку посиромашен од моделот кој што е во првиот пост, но верувам дека има ако не исти, тогаш слични функции.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Ако ја загрееш топката на температура од ~37с, би требало да реагира сензорот. Тие сензори реагираат на тело со човечка температура. Всушност детектираат инфрацрвена светлина од телесната топлина и ја фокусираат во напон.

    Ова значи дека алармот нема да ти детектира зомби (ако се оладени). :hay:


    Штелување со позиционирање на сензорот ваљда. Или да се позанимаваш со Ардуино, ако имаш време и волја.Идејата е дека за вакви пари се исплати ризикот да експериментираш, и да не го биде не си во голема загуба.

    PIR мислам дека нема да прави фолс позитив со муви и инсекти. Глувци, мачки, и други цицачи - можно е ако поминуваат многу блиску до сензорот. Што нема да се случи ако го позиционираш исправно сензорот.



    едит, еве го биг Клајв како дрнда за PIR сензориве, кој го интересира принципот на работа ликов убаво објаснува:

    View: http://www.youtube.com/watch?v=evZM2_RTvTU
     
    The-spiki, Costigan_Jr, borcep и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    449
    350
    26 Јуни 2012
    Машко
    Интересна тема. На погорната слика, мислам дека сензитивност може да се штелува со тоа потенциометарчето едино ако нема друга некоја намена доцнење или сл.

    How PIRs Work | PIR Motion Sensor | Adafruit Learning System
     
  7. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,870
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Може. Исто може и доплерот да се исклучи со дип 3 со што станува обичен пир. Меѓутоа тоа не е сензорот што доаѓа со алармот, посебно ги имам купено овие.

    Во план ми е и 3 камери и рефлектор со сензор пред врата.

    Ова го правам ради тоа што имав 3 обиди за провала. Со недели ми ѕвонеше некој во недела околу 9 сабајле. Кога ќе отворев немаше никој. Следната недела не отворив врата, тишина. После едно 10 минути пак ѕвонеше некој и пак не отворив. После 5 минути слушам како некој пробува со клучеви да отвори. Еден клуч, втор клуч па трет и отворив во темница врата ама не го видов убаво почна да трча по скали и кидна.

    На комшија од другиот влез му обија барале пари и накит не нашле само штета му направиле.

    Кумашинот вика аааа злато дома криеш. А ја му викам искрено многу повеќе бакар имам дома него злато :)
     
    На The-spiki, Costigan_Jr, Oktar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. krema

    krema
    Professor

    8,983
    8,735
    24 Јуни 2009
    Машко
    Само пари и злато крадат, друго не ги интересира.
     
    На damil му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    865
    891
    24 Февруари 2008
    Одлична тема. Не остана зграда која не е обиена во Скопје, земаа замав арамиите и партал прават.

    Внимавајте, не сте безбедни ни со незнам какви блиндирани врати, изучени се, си скенираат тип на брава и си обиваат со клуч-калаус.

    За во гаража имам камера и DIY решение со Orange Pi и магнетни сензори на вратите. При отварање на врата се испраќа нотификација на телефон. Засега преку нет, за скоро SMS преку GSM модул. Следно ми е да ја уградам свирката од старата Буба што ми остана, фабричка на 6V, коа ќе ја пуштам на 12V има со трчање на ушно да идат.
     
    Costigan_Jr, Lokvan и на krema им се допаѓа ова.
  10. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,095
    3,013
    2 Септември 2012
    Машко
    За вакви куртони не е доволно само аларм, човек треба пиштол да има, претоставувам не е сам.
    Штом пробале да влезат кога си дома (сигурно незнаејќи), опасна ситуација кога ќе дојдеш очи во очи со нив.
     
    Последна промена: 31 Август 2018
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  11. krema

    krema
    Professor

    8,983
    8,735
    24 Јуни 2009
    Машко
    Не знаеш дали они носат оружје, јеб*на ситуација!
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,116
    20 Април 2007
    Машко
    Одлична тема. Кажи ми немаше проблем со најавување на пир сензорот на системот....Уствари ти го поврза жичано а не безжично, така? Но претпоставувам дека и него мораш да го најавиш? Ја ги имам само безжично конфигурирано, а не и жичано.
    Но добро е барем на клучните места да се сензорите со жица, за секој случај и евентуалија.
    Производителот декларира работа од 4 часа без напојување, кое што мислам дека е сосема доволно, практично мобилен во стенд бај 4 часа. Батеријата можеш да ја смениш и со подобра, но мислам дека немаш потреба. :)
     
  13. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,870
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер

    Жичан е сензорот кај мене, некако не ми се бафташе со батерии во сензори (кој ќе се качува и слично).

    Не се најавува во системот како безжичните. Доволно е само зоната да ја конфигурираш и работи. Позади има од Z1 до Z7 терминали, што во систем се уствари од зона 100 до зона 93 (кинеска логика).

    Далечинските мора да ги најавиш т.е. упариш.

    Батеријата сега за сега останува, спремам едно минијатурно УПС-че на кое ќе биде поврзан само 12в - 2А (24W) адаптер кој ќе ги напојува и алармот и сензорите.

    Кај мене и подолго од 4 часа стоеше уклучен (цела ноќ) пошто заборавив да го исклучам. Они викаат standby current <55 mAh. Не сум мерел ама со оглед на тоа што не свети цело време панелот можно е.

    Инаку заборавив да кажам, за разлика од Paradox алармите кои на keypadot светат бројките како зони кога има активност, овде цел екран и тастатура светнуваат (кога некој ќе помине пред сензор).

    EDIT

    Сега гледам на али има 12 волтни упс-а што се ептен практични за ваква работа. Користат 18650 батерии (како во лаптоп) а и не се скапи. Со мали преправки можда е возможно да се направи и со заменливи 18650 батерии.

    Buy mini ups and get free shipping on AliExpress.com

    [​IMG]
     
    Последна промена: 31 Август 2018
    На The-spiki, Costigan_Jr, krema и уште 2 други им се допаѓа ова.
  14. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,593
    5,116
    20 Април 2007
    Машко
    Ajj, многу добро ова упиесчево да ти кажам. Ептен практично изгледа, поготово за ваква работа...
     
  15. smole

    smole
    Unstoppable

    2,953
    3,292
    18 Април 2007
    @ARMac не може да ти се прати пп, зачисти си.
     
  16. lumibi

    lumibi
    Intern

    100
    20
    5 Јуни 2008
    Dali nekoj znae, da vo MK ima nekade kamera so senzor i koja odma ti pusta poraka ili livestream na mobilen ako detektira dvizenje?
     
  17. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Сеф во Комерцијална е џабе пари (со оглед на тоа што го нуди)

    Игнорирај ги оние апашките банки на кои им ги украле сефовите како на мајмуни. Каматите на денарски влогови (и на девизни) се незначителни ама барем ти ги чуваат :)
     
    На Costigan_Jr и krema им се допаѓа ова.
  18. krema

    krema
    Professor

    8,983
    8,735
    24 Јуни 2009
    Машко
    @FLEGMA
    Дали имаш некое инфо колку кошта најмалиот сеф годишно во КБ?
     
  19. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,870
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Јас го плаќам 200 ден. месечно најмалиот во КБ. најмал ама не е баш мал. незнам сега напамет димензии.
     
    На Costigan_Jr и krema им се допаѓа ова.
  20. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Околу 2000 до 2400. И доволен е освен во случај да чуваш златни прачки од по 10 кг.
    Ако не си штедач на Комерцијална бараат 100 евра депозит за времето додека имаш сеф. Загинат клуч е 250 евра (сефот се отвора со два, едниот го има службеникот)
    Не е препорачливо да се чува голема количина на кеш заради правилата во договорот. Исто и оружје и нормално.. храна.

    Многу се безбедни. Протоколите се почитуваат без оглед на тоа колку си им познат или симпатичен. Придружуван од стражар и службеник цело време додека си таму. Има "просторивче" за приватност додека бркаш работа.
    Моја препорака.
     
    DonFrozex, olikomerc, krema и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. krema

    krema
    Professor

    8,983
    8,735
    24 Јуни 2009
    Машко
    @FLEGMA
    Tnx, одлично инфо е ова.
     
  22. Vavo

    Vavo
    Intern

    262
    4
    20 oктомври 2007
    Најголем проблем е што далечинското за активирање и деактивирање лесно се клонира на овие уреди, така што лесно може да ти го "украдат" клучот од алармот.
     
  23. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,870
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Објасни повеќе. Како ќе го клонира ако го нема оригиналот?
     
  24. lumibi

    lumibi
    Intern

    100
    20
    5 Јуни 2008
    Da, i jas toa se prasuvam!?
     
  25. krema

    krema
    Professor

    8,983
    8,735
    24 Јуни 2009
    Машко
    Чинам дека треба да се упари далечинското со станицата така да ако нема пристап до станицата нема можност за клонирање.
     

Сподели

Вчитување...