1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Keylogger за Android

Дискусија во форумот 'Софтвер за мобилни уреди' започната од Dessel, 25 Март 2015.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. Dessel

    Dessel
    Intern

    7
    1
    25 Март 2015
    Машко
    Имам потреба од нешто како keylogger за мојот Android телефон. За кога некој друг го користи мојот телефон, апликацијата да снима што е пишувано. Па после да можам да прочитам. Не мора да биде некоја апликација што ги праќа податоците на друго место, на пример за да можам од компјутер да гледам што се пишува. Дури е пожелно да не праќа, заради безбедност.

    Постои ли ваква апликација? Може ли некој да помогне? Благодарам однапред :)
     
  2. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,273
    4,782
    4 ноември 2013
    Машко
    Забрането е на форумов да се разговара на такви теми, ако грешам ке ме поправи некој.
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. despotovikj

    despotovikj
    On your way to fame

    1,051
    508
    7 Март 2014
    Машко
    Се согласувам со членот Hardcorec.
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dessel

    Dessel
    Intern

    7
    1
    25 Март 2015
    Машко
    Аха. Епа тогаш штом е забрането да се дискутира, ако може некој да ми помогне нека ми пише ПП :)

    Иако ги прочитав правилата и не најдов некое што забранува вакво нешто.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  5. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,273
    4,782
    4 ноември 2013
    Машко
    забранува забранува, прочитај уште еднаш (може не конкретно за KeyLogger ама забранува таков разговор)
     
  6. Dessel

    Dessel
    Intern

    7
    1
    25 Март 2015
    Машко
    Прочитав 3 пати. Те молам цитирај ми го правилото кое забранува :)
     
  7. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,273
    4,782
    4 ноември 2013
    Машко
    Почекај ке ти постира некој админ :)
     
  8. Avid

    Avid
    Guru

    4,466
    6,721
    21 Јануари 2009
    Моментот кога стари членови не ги знаат правилата, а мислат дека ги знаат и поради тоа што некако е логично дека дискусија за „хакерски работи“ е забранета, слепо даваат совет.
    Зошто кружиш? Зошто да постира админ? Ти, рече дека е забрането и дека го пишува во правилата.
    Толку ти е тешко да му го цитираш правилото кое не постои и е замислено во твојата глава?
    Всушност, невозможно е :D
     
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.
  9. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,273
    4,782
    4 ноември 2013
    Машко
    Па не е слепо, не е единствен кој што бара недозволени работи да се споделат на форумов, имало такви како него па биле одбиени и опоменати.
     
  10. Avid

    Avid
    Guru

    4,466
    6,721
    21 Јануари 2009
    Можно е.
    Но, да прекратиме. Ти рече дека има правило. Каде е?
    Единствено правило што има мала допирна точка со ова е правилото за нарушување на интелектуалнa сопственост ама не е тоа тоа.
    Може постои некој free android keylogger :D
     
  11. Dessel

    Dessel
    Intern

    7
    1
    25 Март 2015
    Машко
    Под нарушување на интелектуална сопственост најчесто се мисли дека е забрането споделување и промовирање на пиратерија. Ова јас што го барам нема никаква врска со тоа.

    Што се однесува до тоа "хакерски работи"... Значи не ми е за никакви хакерски работи. Немам намера други луѓе да мамам да инсталираат keylogger на нивни уреди преку phishing или не знам како. Значи сакам на мој телефон да инсталирам. И прашувам ако некој имал искуство со вакви работи, да препорача нешто добро и сигурно.
     
  12. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,273
    4,782
    4 ноември 2013
    Машко
    Па искрено не сум ни побарал такво правило но пошто висам доста време на форумов јасно ми е дека е забрането да се разговара на таква тема и тоа го почитувам и затоа добронамерно кажав а пошто ете ти си така постар член и може не го практиковаш тоа ете продолжи и разговарај со членот на таа тема :) мене воопшто не ми пречи.
     
  13. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,641
    12,997
    2 Август 2012
    Машко
    Keyloger-ите се легитимни апликации и некои се купуваат за пари. Модифицираните килогери кои доаѓаат во пакет со тројанец се друга прикаска и не гледам зошто би било забрането да се дискутира за овие програми со дискутабилна морална цел.

    @Dessel
    Мислам дека се правиш наивен(на) кога мислиш дека не сме те провалиле за што ќе ти служи килогерот. Таква реторика ќе продаваш на некој Non IT форум каде што не знаат што е patern lock на Андроид.
     
    Costigan_Jr, Banjifiko и на HardCorec им се допаѓа ова.
  14. Dessel

    Dessel
    Intern

    7
    1
    25 Март 2015
    Машко
    За што ќе ми служи? И не знам за каква реторика збориш кога ја првпат слушам за тоа patern lock. Еве го гуглам сега да видам што е.
     
  15. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,641
    12,997
    2 Август 2012
    Машко
  16. Dessel

    Dessel
    Intern

    7
    1
    25 Март 2015
    Машко
    Све тоа у ред, ама уште не ми е јасно што би ми користел keylogger у врска со тоа. Не сум IT експерт, затоа дојдов на форум каде што верував дека има IT експерти што можат да ми помогнат. Да сакав да кријам некои мои намери, како што викаш ти, ќе продавав реторика на некој non IT форум.

    Значи барам по можност некој локален keylogger, не некој што би праќал информации на remote локација.
     
  17. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,641
    12,997
    2 Август 2012
    Машко
    Поентата со Pattern lock е да спречиш да не ти фаќаат во телефонот.

    Или сакаш да ти фаќаат, ти да гледаш и да не знаат дека ти знаеш?
     
  18. Dessel

    Dessel
    Intern

    7
    1
    25 Март 2015
    Машко
    Да речеме дека е нешто во тој стил. Некои мои блиски имаат пристап до мојот телефон, го знаат пасвордот, бидејќи некогаш го давам на кратко на користење. Ама во последно време почнав да се сомневам дека некои од нив го злоупотребуваат тоа и чепкаат по мои лични работи. Сакам да знам ако ми чепка некој, а не сакам да обвинувам без докази.
     
  19. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,175
    20 Април 2007
    Машко
    Темата оди под клуч. Целта е кажана, дискусијата е сувишна. Убав ден :)
     
    krema, borcep, HardCorec и на уште 1 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...