• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Казна за „Ти-мобајл“ и „Космофон“ за услугата говорно сандаче

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
„Ти-мобајл“ треба да плати 4 милиони евра, „Космофон“ 250.000 евра казна оти контра законите им наплаќале на корисниците за услугата говорно сандаче.

Одлуката ја донесе комисијата за заштита на конкуренцијата на последната седница. Констатирано е дека двата мобилни оператори ја злоупотребиле доминантната позиција на пазарот, го прекршиле Законот за заштита на конкуренцијата нудејќи ја услугата мејли.

Се работи за злоупотреба во која „Ти-мобајл“ и „Космофон“ не им оставиле бесплатен простор на своите клиенти за да одлучат дали на лицето што го бараат ќе му остават порака, ако на мобилниот телефон го вклучил говорното сандаче.

Наплаќале веднаш од моментот на отворање на мејли опцијата, иако според домашната регулатива тарифирањето требало да почне дури откако операторот ќе извести дека е вклучено сандачето.

Одлуките на комисијата се конечни, но мобилните оператори можат да реагираат против решенијата со тужба на управен суд.

Во „Ти-мобајл“, велат дека веќе поднеле тужба, но и дека го смениле начинот на тарифирање за услугата говорно сандаче.

Потенцираат опцијата мејли во Македонија ја вовеле според меѓународните стандарди во мобилната телефонија и дека досега во Европа ниту еден регулатор не изрекол санкција за иста ваква работа.

Во „Космофон“ официјално немаат коментар. Извори од таму тврдат дека ќе реагираат против решението на комисијата.

Извор: А1
 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
И покрај тоа што беа опоменати пред 3-4 месеци, тие пак си продолжија со истата песна.
http://it.com.mk/forum/showthread.php?t=1409

Браво за потегов. Нека размислат сега малку „Ти-мобајл“ и „Космофон“ како во иднина ќе ги активираат новите услуги на корисниците. :bravo:
 

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
Ха ха... која добра финта...

Јавно предупредување.... фирмите не прават ништо, а во меѓувреме собираат пари од граѓаните.... а на крај, државата добива, а и фирмата не да не..... :))

уф уф, боље некој данок да ни шибнеа него на ваков начин да не мотаа. :)

Абре Македонче... :p
 

IT member

Intern
21 декември 2007
274
1
ivan-sorry1.hi5.com
I da znaes deka treba da se zamislat... samo kolku pati te izgori sandaceto i posle nemas kredit- dokolku si na pripejd.
Mozat da stavat cena i na sandaceto..na primer: ako sakame da ostavime poraka do prijatelot, da ni odbie od kredit ili slicno, a ne vaka ne si se ni javil odma ti zema kredit... Dobra gi e idejata za sandaceto :)
 

IT member

Intern
21 декември 2007
274
1
ivan-sorry1.hi5.com
Ха ха... која добра финта...

Јавно предупредување.... фирмите не прават ништо, а во меѓувреме собираат пари од граѓаните.... а на крај, државата добива, а и фирмата не да не..... :))

уф уф, боље некој данок да ни шибнеа него на ваков начин да не мотаа. :)

Абре Македонче... :p
Abre makedonce, corba makedonce :LOL::LOL::LOL:
 

vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
Е ова стварно ми се допадна. Изненаден сум. Браво!!
 

dulemk

Gaining Experience
11 јануари 2008
1,049
53
Јесссс, е баш ми се напрае ќејф со ова што го слушнав.
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
4,000,000 евра, а за 4 месеци имаат 3 пати поголем профит.
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Добра финта. Ова се вика тренирање строгост на државата. На „легален“ начин си бара рекет од нив за парите кои компаниите ги стекнале на нелегален начин. Ебана странка повторно корисниците...
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Тоа е***о сандаче ми го трошело кредиотот неколку пати а и на моето кога имав единствена порака што ја добивав е пцовка, поради тоа што особата која ми се јавила не збори со мене туку со некоја машина
 

DaDo|BT

Intern
21 септември 2007
258
13
dad0bt.blogspot.com
а ке му ги вратат парите на корисниците или мало морген ? :) оти јас сум на претплата на мобимак... и кога беф во будва и кога го исклучвав телефонот , само се активирало и оставаја пораки ... а мене ме кинеа на сметката .... :(
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Супер, до сега НОНСТОП ми се кинеше кредитот од таа работа... Ај сега мош нема да наплаќаат .. Кој ги знае... Македончиња се :)
 

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Фала богу да ги казнат море дај повише да им земат казна дупло!!!
 

paneval

Intern
2 март 2008
178
1
Ima mnogu raboti zosto da gi kaznat, no dokolku se toa bi go napravila drzavata siguro se za zatvaranje.
BRAVO
 

vlatkorun

Intern
8 јуни 2007
633
14
Abe ajde so zborete narode nasite institucii profunkcionirale.Sigurno nesto se obrnalo.
Deka bea do sega.
Ali sepak e za pozdrav aj pa nareden pozdrav za nekoja slicna akcija ke bide za edno 2-3 godini.:bye1:
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Тоа е***о сандаче ми го трошело кредиотот неколку пати а и на моето кога имав единствена порака што ја добивав е пцовка, поради тоа што особата која ми се јавила не збори со мене туку со некоја машина
Мене пред неколку години за титка од Хрватска ми зема 88 денари. Сакав да пратам сигнал, ми се уклучи мејли и оп... ме заклаа. :krshiglava:
 

stefan007

Intern
27 јуни 2007
395
2
Vreme bese, nema smisla vise za 1 ili 2 sekudi 20 denara
Treba i onie od VIP isto so sekoj kupen broj mejlito e avtomatski vkluceno a nikade ne pisuva kako da se iskluci. Go odraa narodot
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Мејли јас имам исклучено одма откако го купив телефонот, не сакам некој да ме пцуе. А за дерење, од Будимпешта сакав да сецнам, ме фати по грешка и оп 177 денари.
 

GeNeRaToR

Intern
20 јануари 2008
538
7
Е ај баш да видиме што ке се случи. Мислам дека ке си продужат по истата песна .
 
  • Ја почнал/а темата
  • #24

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Еве официјално дознав дека сега веќе опцијата Мејли кај Т-Мобајл е бесплатна. Тоа значи дека ако се уклучи мејли кај тој што бирате не ви зема пари. Но запамтете: Бесплатно е се до звучниот сигнал за оставање на порака. Кога ќе ви каже по звучниот сигнал оставете порака, оставањето на гласовна порака се наплаќа.
Единствено нешто што ми се попаѓа кај оваа опција Мејли е следното:
1.Добивам ЅМЅ за тоа кои броеви ме барале додека сум недостапен,
2.Добивам ЅМЅ за тоа дека е достапен бројот што сум го барал претходно и бил недостапен.
За мене ова е корисна опција.
За Космофон сеуште немам информација. :bye1:
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Космофон и без уклучен мејли, кога ќе го вклучите телефонот ви стига СМС од тие што ве барале.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,570
Мислења
823,613
Членови
28,075
Најнов член
GGPPkorcula
На врв Дно