- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139
Естонија, поради поттикнување на виртуелна војна против државата, казни еден 20-годишен Русин со парична казна.
Дмитри Галушкевич е првиот човек кој е казнет поради поттикнување на виртуелна војна - тој ја блокира веб страната на партијата на премиерот.
Паричната казна изнесува 17.500 круни (околу 1.250 евра).
Нападот се случил меѓу 25 април и четврти мај 2007 година, а бил еден од низата хакерски напади на институциите и компаниите на Естонија. Во тоа време Естонија ја обвинуваше Русија за организирање на нападите, додека Москва негираше било каква вмешаност. Нападите се случувале во време кога многу руски Естонци протестираа поради отстранување на советскиот споменик од центарот на естонската престолнина. Во текот на тие протести еден човек беше убиен, а дури 150 беа повредени.
Отстранувањето на таканаречениот Бронзен војник сфатено е како недостиг на почитување кон руските војници кои гинеле во текот на Втората светска војна. Обвинителите изјавија дека студентот Галушкевич ги направил нападите во знак на протест против премиерот кој стана исклучително омразен кај руското малцинство. Руското малцинство во Естонија брои 1,3 милиони луѓе, што претставува една четвртина од популацијата.
Извор: А1