Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Канцелариски Лаптоп

The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1.159
476
Вака сега... Ги "ископав" сите 3 сајта на Сетек, Нептун и Анхоч. Најдов доста добри модели и од HP, и од Lenovo.

Оние на HP беа со минимум 400 нити светлина на дисплеј, но беа околу 50 - 57Wh капацитет на батерија. Едниот беше OLED, и тој беше така со малку поголем капацитет на батерија, ама кошташе околу 66к, што е реално кога ќе си размислам вака.

Оние на Lenovo кои што ги најдов, беа со по пристапна цена (испод 50к), со солиднен капацитет на батерија, околу 60 - 68Wh. Но пак затоа светлината на дисплејот повеќе од 300 нити тешко. А и башка самиот touchpad на Lenovo Thinkpad лаптоп уредите беше наместен повеќе на лево него ли на центар. Незнам тоа дали би ми правело проблеми при пишување.

Јас како што до сега успеав да увидам е дека HP лаптоп уредите се направени со врвен квалитет, врвни материјали, и повеќе целат према големи фирми, нудејќи голема поддршка, долготрајност... затоа можеби и повеќето нивни лаптоп уреди се и поскапи. Секако дека успеав и на други сајтови да најдам HP лаптоп уреди за доста поевтино, но дисплејот беше со 250 нити, што за мене (а и за сите други како што гледам овде) е голем "drawback".

Единствено што успеав да најдам, да му погоди и цена, и све остало беа 2 модели на Asus, и тоа многу добри модели за таа цена, со OLED екран, со над 63Wh батерија (поскапиот модел со 70Wh батерија!!!!), со над 500 нити (на обете модела). Едноставно за таа цена, извонредно... да не ти се верува.

Ќе ви пратам линк подоле, па погледнете ги. Е сега јас читав "reviews" на интернет, и викаат се добро за нив, единствено дека се од пластика направени, материјалот можеби не е нај квалитетен (незнам колку е тоа точно), и дека на едниот модел на тип - ц портата немало thunderbolt / неможело да се полни преку тип - ц портата, што искрено мене не ми менува ништо, кога и онака ќе си го користам зададениот полнач од самиот производител.
Баш се заинтересирав да погледнам поубаво, бидејќи ми кажаа пријатели од странство дека слободно можам да го "претворам" лаптоп уредот како компјутер, да си го преклопам целосно, и да го користам поврзан на монитор + маус и тастатура додадено, без никаков проблем, без да ми треба thunderbolt тип - ц порта, само секако ако самиот лаптоп уред има HDMI порта (што овие 2 модела што ќе ги пратам имаат)

Да не губиме многу време, јас ќе ги пратам тие, ако има уште нешто друго за погледнување или имате некој предлог да пратите, слободно. Би погледнал едино од Lenovo ако имаат некој ThinkPad модел кој што е со малку повеќе батерија (барем 60Wh), и бар 400 нити.

32/40Gb рам за канцелариско работење?

овој игра мајтап со сите
Изгледа грешка се разбравме. Да, првично планирав да "целам" кон лаптоп уред со 32 гига рам. Но бидеќи увидов подоцна дека реално и тоа што го барам е премногу, и "overkill" за тоа што ќе го работам / правам, се корегирав подолу.

Тоа 32/40 гига рам не ми е колку јас сакам во моментот, туку чисто ми беше наведено за да знам дали ќе може да се надогради до толку во иднина. Сега за сега секако дека нема да ми треба, но можеби за 5 до 10 години работите ќе се изменат. Можеби во наредните 10 години нема да земам нов лаптоп, а можеби и ќе одлучам да си склопам нов компјутер. Неможам да предвидам што се може да се измени, па заради тоа за секој случај гледам барем да можам до 32 гига да надградам RAM, и барем 1TB SSD да можам. Ако нема потреба, тогаш нема да си надоградувам.
И не играм мајтап со никого, нити планирам. Темава ја отворив за совет, дискусија, и преку сево ова до сега баш ми помогна да се наместам на соодветниот правец кон кој што ќе треба да се упатам.
 
Antonio002

Intern
18 јули 2019
3
0
Здраво,
Веќе година дена користам HP Laptop 15s-fq2,
И за канцелариски потреби се покажа доволно солидно
 
  • Уау
Реакции: thrw

Necromancer

Unbeatable
24 февруари 2012
3.967
5.121
Скопје
Единствено што успеав да најдам, да му погоди и цена, и све остало беа 2 модели на Asus, и тоа многу добри модели за таа цена, со OLED екран, со над 63Wh батерија (поскапиот модел со 70Wh батерија!!!!), со над 500 нити (на обете модела). Едноставно за таа цена, извонредно... да не ти се верува.
Јас го имам овој.

Јас сум доста задоволен. Батеријата е 75Wh и во зависност од употребата ми траела околу 7-8 часа. Екранот е перверзија, OLED 16:10, тастатурата е исто така многу добра, метална изработка. Има 2 Type C (USB 4.0/Thunderbolt 4) порти и една USB 3.2 Gen 2 Type A, има и HDMI. Нема RJ45 ако ти е битно.

Има и понова верзија со 13та генерација процесор ама 4.000 денари поскап и мислам дека не вреди, идентични се.

Ако евентуално се решиш и земаш од Сетек, обавезно провери ја кутијата за точна верзија и на самиот лаптоп одоздола. Мене ми дадоа кутија со тој број на модел а на самиот лаптоп друг модел. Внимавај!
 
Фала ти за препораката. Добар е тој лаптоп што ми го прати, го зачував.

Е сега, јас најдов нешто слично но поевтино:

Овој модел е со Ryzen 5 процесор, 400 нити макс светлина, 75Wh батерија, наместо OLED екран има IPS екран, и самиот екран е 60Hz. Мене искрено типот на екранот (OLED или IPS), и колку херци е не ми менува ништо. А и башка знам дека после 5 години користење, на OLED екран може да се појави burn - in проблем, па така да во овој случај IPS екранот ми e од еден аспект подобар, без разлика на тоа што OLED екранот има далеку поголем бенефит за било што друго.

Вака како што гледам, ZenBook серијата е и со подобри материјали (метал, наместо пластика), за разлика од оние два модели кои што ги пратив погоре.

Него сега ме интересира, дали Ryzen процесор би бил по - ефикасен за на лаптоп уред, или веќе не е тоа така? Знам дека пред едно 2 години, Ryzen процесорите беа на тронот кога стануваше збор за ефикасни процесори за лаптоп индустријата.

Овој модел што го пратив сега јас има и некаква интегрирана AMD графичка... таа каква е? Не очекувам на е нешто подобра од онаа на Intel (Iris X).
И зошто напишале на тој модел 1TB HDD SSD, да немаат некоја печатна грешка направено од Setec? Како што проверив на сајтот на Asus, пишува дека има само варијанти со SSD, а не со хард диск, па ваљда грешката за тоа е до Setec.

Баш ме заинтересираа сега овие лаптоп уреди на Asus. Не сум знаел дека се толку добри за таа цена. Богами мислам дека ми ги погодија потребите. Е сега какви се во реалност, тоа јас незнам бидејки претходно нит сум користел Asus лаптоп, нит сум работел со / на Asus лаптоп. Ти кажуваш дека се океј, а гледам и на интернет истото го кажуваат, но еве овде некој пишал да се избегнуваат Asus лаптоп уреди, но нема дадено никакво образложение.

Здраво,
Веќе година дена користам HP Laptop 15s-fq2,
И за канцелариски потреби се покажа доволно солидно

Фала ти за предлогот, но тој лаптоп уред што ми го препорача не ги исполнува моите потреби (8 гига рам, 256 гига SSD, помала батерија...)

Барав јас доста HP лаптоп уреди, но за жал не ми ги исполнија очекувањата. Или се скапи, или немаат светол екран (повеќето модели што ги најдов што се продаваат овде се само со 250 нити светлина на екран), или нешто друго им фали што јас барам.

Изгледа единствено ќе остане на Asus, или ако се најде нешто од Lenovo што ќе ги исполни моите барања.

Фала ви на сите до сега што ми имавте предложено доста лаптоп уреди.
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
9.291
14.420
Него сега ме интересира, дали Ryzen процесор би бил по - ефикасен за на лаптоп уред, или веќе не е тоа така? Знам дека пред едно 2 години, Ryzen процесорите беа на тронот кога стануваше збор за ефикасни процесори за лаптоп индустријата.

Овој модел што го пратив сега јас има и некаква интегрирана AMD графичка... таа каква е? Не очекувам на е нешто подобра од онаа на Intel (Iris X).
Ryzen дефинитивно е подобар од Intel за во лаптоп. Има 5% послаби перформанси за Single core ама многу подобри Multicore, што нема да ти прави голема разлика.
Она што ќе ти прави разлика е што трошат 50% помалку струја и исто толку помалку греат. Ти бараш голема батерија ама уште на почетокот ти кажав дека не е до батеријата, туку до платформата е. Со истата батерија АМД ќе извадат можеби 30-50% повеќе време и ќе греат помалку.
Има интегрирана графичка која е ефикасна и ништо подобра од IrisX што за канцелариска употреба не ти прави разлика. Напротив послаба и поефикасна ти е подобра за батеријата.

Не знам дали во последно време се оправени Асус ама јас не ги ни перципирам откако наследив support роља пред некоја година во фирма која имаше 30 Асус лаптопи и се разочарав како од ништо до сега, тотален фелер и чкарт. Меѓутоа има тука неколку искусни членови што велат дека ZenBook се океј, така да би им верувал на зборот.
 
Necromancer

Unbeatable
24 февруари 2012
3.967
5.121
Скопје
@Astro не можеш да генерализираш бренд, било кој. Треба да се гледа конкретен модел, од сите производители. Имено, сите имаат понуда на модели од 250 евра па до 2000 евра и повеќе. Некој евтин Инспирон и XPS модел на пример не се исти иако се Дел, исто и за НР, Asus, Acer итн.

Држи муабетот за процесор платформа, но не сум имал искуство на лаптоп со рајзен процесор.
 
Да, затоа велам, може ZenBook сега се подобри и примарно реков дека би послушал поискусни со ZenBook, мислев конкретно на тебе пошто знам дека ти знаеш што зборуваш у вези лапопи.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.766
5.665
OLED немој некој да помислил да земе со Фул ХД резолуција, освен ако не ви е за гејминг. Пошто на олед фалат 2/3 пиксели или како и да се нарекува тоа, ефектот е страшен. Знам, имам. Не е тоа достојно за продажба. Немојте. Значи ОЛЕД исклучиво 1440п и нагоре екран. Немојте луѓе. Ектанот е нехумано добар за филм/видео/игра, но текст едвај прикажува. Се трпи, ама ако е примарно за текст - никако.
 
The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1.159
476
OLED немој некој да помислил да земе со Фул ХД резолуција, освен ако не ви е за гејминг. Пошто на олед фалат 2/3 пиксели или како и да се нарекува тоа, ефектот е страшен. Знам, имам. Не е тоа достојно за продажба. Немојте. Значи ОЛЕД исклучиво 1440п и нагоре екран. Немојте луѓе. Ектанот е нехумано добар за филм/видео/игра, но текст едвај прикажува. Се трпи, ама ако е примарно за текст - никако.
Овој што ми го препорачаа е 2.8к резолуција, што мислам дека е подобро.

А тој поевтиниот модел е 1080p резолуција ама е IPS екран.

Ако сум можел да користам 15 инчен лаптоп повеќе од 6 години, со 720p резолуција, тогаш мислам дека и OLED со 1080p резолуција нема да ми е никаков проблем.

Не сум јас некој "pixel peeping" личност која се замара дали ќе имало пиксел повеќе или помалку. Битно ми е да си прикажува екранот соодветно како што треба, да не е ништо матно, и нормално да нема мртви пиксели.
Мислењето е автоматски споено:

Вреди ли од Ananas да се погледнат модели, и други слични такви e - commerce сајтови, како Жирафа и оној Косовскиот незнам како се викаше?
 
thrw

Gaining Experience
3 декември 2021
561
446
Кој е тој лаптоп со 720п резолуција?
Од 2011 година можеби.
Процесорот е можеби доста јак, тоа е тоа најверојатно што ја крева доста цената. А баш листав на сетек (неможев да најдам лаптоп уред кој што ќе ми се погоди за жал), и гледам одредени лаптоп уреди со послаби графички, помалце рам (секако DDR5) коштаат повеќе од лаптоп уреди со некоја појака графичка / процесор и со повеќе рам. Зошто така?
Зошто имаше криза за материјали и електроника што траше 2 години и во тој период сите лаптопи што се произведуваа и склопуваа чинеа 5x поскапо отколку пред и после таа криза.
Надвор од тоа, кога се менува технологијата или генерацијата на графички интегрирани чипови, процесори, рам мемории, внатрешна мемории, има еден процент скаларен каде се што е ново и врвно во технологијата чини значително поскапо и повеќе до моментот кога понудата и побарувачката не ги изделкаат и не се појават повеќе играчи на пазарот што ја нудат таа технологија. И поради тоа забележуваш дека ако некоја технологија е со помал универзално мерен капацитет, на пример рам меморија или внатрешна меморија ама е една генерација постара ќе чини поевтино отколку истиот капацитет на рам меморија или внатрешна меморија што е со новата генерација.
 
The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1.159
476
Кој е тој лаптоп со 720п резолуција?
Lenovo B590

Произведен 2012-та, купен 2013-та. Го користев бајаги време, после за време на коронага брат ми го користеше, душата му ја извадивме на лаптопот. Објаснив во првиот пост овде, доле во тоа дополнителното за тој лаптоп.

За него накнадно ќе си соберам пари да го средам, ќе треба тастатура да се смени (тоа никогаш не сум менувал на лаптоп и не планирам), да се види тоа што брмчи, што прегрева, има нешто со самиот вентилатор на лаптопот што прегрева, треба да земе некој темелно да го провери, може да се среди убаво и да си работи топ, особено SSD кога ќе се стави. Во 2015-та беше надграден со 12 гига RAM, а наводно тој мој модел можел и до 32 гига RAM да се надогради. Ако знаете некој овде во градот (Аеродром, Центар) кој што средува лаптоп уреди, пишете ми во ПП па јас ќе се договорам да се среди тоа, и нека ми служи како за резерва, може ќе се најде за стримање или нешто слично.
 
Последна промена:

kolesk

On your way to fame
6 февруари 2016
421
559
Јас ништо не те разбрав. Испомеша 100работи со секој нов пост. (без навреда)

А зашто имаш толку големи барања од лаптоп, а ти е за офис работа?
Дали си размислил на следнава опција:
1. Леново идеапад 3, и3-13та ген е 25к денари, + 4к денари за 40гб рам.
2. Хп 250 г10, иста маса исто место како леновото. (Додуша тука 64гб е мах)

Купуваш еден од овие 2, користиш 2 години, продаваш. Додаваш малку пари и купуваш најнова генерација на лаптопот.
 
JamesKirk

Practice makes perfect
12 февруари 2015
1.356
1.091
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1215u
Motherboard
Lenovo
Storage
Solidigm P41 Plus 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
MSI
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Јас ништо не те разбрав. Испомеша 100работи со секој нов пост. (без навреда)

А зашто имаш толку големи барања од лаптоп, а ти е за офис работа?
Дали си размислил на следнава опција:
1. Леново идеапад 3, и3-13та ген е 25к денари, + 4к денари за 40гб рам.
2. Хп 250 г10, иста маса исто место како леновото. (Додуша тука 64гб е мах)

Купуваш еден од овие 2, користиш 2 години, продаваш. Додаваш малку пари и купуваш најнова генерација на лаптопот.
А тек да бараше gaming лаптоп :))))
 
The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1.159
476
Јас ништо не те разбрав. Испомеша 100работи со секој нов пост. (без навреда)

А зашто имаш толку големи барања од лаптоп, а ти е за офис работа?
Дали си размислил на следнава опција:
1. Леново идеапад 3, и3-13та ген е 25к денари, + 4к денари за 40гб рам.
2. Хп 250 г10, иста маса исто место како леновото. (Додуша тука 64гб е мах)

Купуваш еден од овие 2, користиш 2 години, продаваш. Додаваш малку пари и купуваш најнова генерација на лаптопот.
Се извинувам што јас првично не се изјаснив убаво. Бидејќи не сум во тек со технолошки новости во последно време, па нормално дека нема се од рака да знам, и да знам што точно ќе ми треба првично, или од прва да одлучам што навистина ми треба.

Мене овој лаптоп што планирам да го земам (тој за кој што ќе одлучам), нема да ми служи само за работа, туку и за лична употреба. Еве ако ми испадне и за од дома да работам (remote), ќе ми дојде од голема корист, и така ќе го ослободам компјутерот (кој што го користи и брат ми), и ќе си имам јас мој слободен простор (ако ме разбираш што сакав да кажам со ова).

Значи јас грешно првично се изјаснив, и за тоа се извинувам. Ми требаше за канцелариска работа+, значи нешто како бизнис лаптоп, плус за лични работи, и секако со малку подобар процесор и батерија. Ни требаше на сите малку време да се разбереме убаво, знам. Но еве сега кога видов доста препораки и примери, се исправив и одлучив што конкретно сакам.

Не ми треба лаптоп со i3 процесор. Тој што го користев беше со i3 процесор, и со послаби спецификации. Кога го земав во 2013-та година ме кошташе негде околу 20 до 25к денари. Ме опслужи добро.

Јас сум личност која што ќе купи нешто еднаш, и не го менува подолг период. Еве моментално пишувам од телефон (Samsung Galaxy A50) кој што го земав летото 2019 - та година, и до ден денес го користам, ништо не ми фали.

Сега кога планирам финансиски да се подобрам во наредните месеци, планирам да си се подновам со нов лаптоп, и бидејќи сега (за разлика од тогаш), би можел да си приуштам подобар лаптоп уред, од кој што ќе имам и големи бенефити, а и реално ќе ми затреба и за други работи (од кои што повеќето беа наведени).

Ако ми беше за некое општо, basic користење, тогаш темава немав ни да ја отворам, и ќе земев некој од 20 - 30к што прв ќе ми излезеше на Setec / Anhoch / Neptun или остало.

И не сум личност која што користи нешто 2 години па го продава. Не продавам јас ништо, па макар и да е расипано. Таков менталитет ние имаме во фамилија, скоро се што е старо чуваме иако не е се во исправна состојба. Добро, до душа не буквално се се, но сепак поголем дел (особено телефони стари) да. Цела ќеса со стари телефони од 2008 - ма па до ден денес имам под кревет (тргнати се батериите, без грижа), ќеси со кабли, и доста работи. Кога ќе дојде ден, тоа што навистина не вреди, не работи, ќе се продаде во bulk, ќе видам за тоа во иднина.

Во меѓувреме, ако има некој друг препораки, слободно пратете, јас ќе ѕирнам. Во меѓувреме, ќе си пратам и јас, па ако има нешто ќе пишам.

А тек да бараше gaming лаптоп :))))
Никогаш во живот не би земал гејминг лаптоп уред. Зборете што сакате, ама за мене тоа е една голема глупост... Подобро би си склопил машина, која што би ја платил поевтино, за разлика да земам некоја рерна која што ќе прегрева, и едина предност ќе биде што е portable... Не фала.
 
kolesk

On your way to fame
6 февруари 2016
421
559
Ондак предлозите од горе се одлични.

1. Мекбук аир (16гб рам). Ќе го користиш 5 години минимум.

2. Зенбук/тинкпед/елитбук. (Кој ќе начекаш со подобри спецификации, а да е во твојата граница за давање пари)

А и почекај до нова година. Сигурно ќе има попусти, па ќе начекаш нешто.
 
The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1.159
476
Ондак предлозите од горе се одлични.

1. Мекбук аир (16гб рам). Ќе го користиш 5 години минимум.

2. Зенбук/тинкпед/елитбук. (Кој ќе начекаш со подобри спецификации, а да е во твојата граница за давање пари)

А и почекај до нова година. Сигурно ќе има попусти, па ќе начекаш нешто.
А вреди ли да барам од Жирафа / Ананас или остали e - commerce сајтови? Како стојат тие? Вреди од таму да се купи нешто? Има гаранција?

Имаше и еден косовски сајт, т.е. сајтот првично се отвори во косово па после и овде, имав гледано некои работи таму почетокот на годинава, ама заборавив како се вика. Само знам дека наидов на доста евтини SSD дискови. Колку е све тоа "леџит", и дали вреди да се замарам со такви сајтови, или ако зимам, да е тоа исклучиво од места како Сетек / Нептун / Анхоч?
 
petkotrajko

Practice makes perfect
16 јуни 2017
1.421
1.525
А вреди ли да барам од Жирафа / Ананас или остали e - commerce сајтови? Како стојат тие? Вреди од таму да се купи нешто? Има гаранција?

Имаше и еден косовски сајт, т.е. сајтот првично се отвори во косово па после и овде, имав гледано некои работи таму почетокот на годинава, ама заборавив како се вика. Само знам дека наидов на доста евтини SSD дискови. Колку е све тоа "леџит", и дали вреди да се замарам со такви сајтови, или ако зимам, да е тоа исклучиво од места како Сетек / Нептун / Анхоч?
Жирафа е косовскиот сајт, кој после тоа почна да функционира и кај нас.
Доста луѓе имаат купено работи од таму.
На почетокот имаше доста попусти, веројатно дел од стратегијата за влез на пазарот.
После тоа како да подзамреа.
Не дека немаат суште по некој попуст, ама не ги следам редовно, па не сум во тек.
Во поглед на гаранција, генерално по 1 година даваат на производите (и покрај тоа што некои производи имаат фабричка и по 2 и повеќе години), а тоа беше и една од негативните работи со жирафата.
Иначе испорачуваат по карго, со курир директ до врата ти го носат производот, мислам дека има можност да им платиш после достава, односно на рака, а секако и со картица онлајн.
Немам лично искуство со нив, но искуствата кои ги споделија членови од форумов во темите за жирафа, воглавно беа позитивни, со по некој hickup, ама не забележав големи жалби.

Испратено од телефоно
 
kolesk

On your way to fame
6 февруари 2016
421
559
Има повеќе форумџии кои имаат купено лаптоп од жирафа. (Тоа е косовската продавница инаку).
Мислам (не сум сигурен), дека на повеќето лаптопи тастатурата е со чешки симболи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: thrw

The Geek Boy

Gaining Experience
9 август 2018
1.159
476
Значи ако начекам некоја добра зделка на Жирафа за тоа што барем, не би било лошо да се земе?

А за Ananas? Некој купувал ли од таму?

Во глобала како што гледам нарачување преку интернет си има свои ризици. Што ако ти се погоди некој лош курир и ти ја испокрши пратката дур да стигне? Или тоа не се случува кај нас?

За ситни работи не ми е проблем, ама на пример графичка, матична, или нешто слично да нарачувам преку интернет тоа е веќе друга приказна. Исто и за лаптоп. Особено ако е некој со хард диск, тогаш е уште по комплицирана работата ако има некоја оштета.

Јас лично нарачување преку интернет сајтови го гледам како "hit or miss" работа, не знаеш што може да ти се деси.

Сум нарачувал доста пати претходно од сајтови како Али Експрес и до сега (фала му на бога) се ми стигнало во целост, без никакви оштети / гребнатинки, ама тоа до сега што сум нарачувал биле ситни делови, а не нешто големо.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
46.550
Мислења
964.780
Членови
34.921
Огласи
2.634
Најнов член
Natalija Canevska
На врв Дно