JasSum
Unstoppable
- 8 мај 2007
- 2.272
- 2.659
Пред многу години кога во едно списание (на хартија беа тогаш сите) гледајќи ги статиите за врвните светски дизајнери што на прашањето, што работна конфигурација користат, имаше еден дечко што одговори дека има работна столица (не и паметам името) и работно биро (исто не му паметам името) и дека тоа е основата, а се друго е менливо со развојот на технологијата и во суштина не е многу битно за дизајнот.
Ми остави впечаток на интересно размислување, што со тек на годините се покажа точно.
Канцелариска (работна) столица го чува здравјето и овозможува работа во која нема да имаш непријатности од седењето..
Проблем е што како и за се друго, колку пари, толку музика. За малку пари се купува ѓубре, за многу пари се купува сериозно добар стол.
На пазарот (во светот) изборот е преголем особено во долниот сегмент.
Би ги поделил во 4+1 група.
1. Ефтинарија - до 10.000 (150евра)
2. Средна цена - 10.000 - 20.000
3. Квалитетни - 20.000 - 50.000
4. Премиум - 50.000+
+1 гејмерски столици - голем дијапазон на цени и сите во суштина се ѓубре во однос на соодветна столица во истиот ценовен ранг, ама народ сака светкави џиџиња и турбофолк...
Проблем е што Македонија е ограничена во избор и најчесто има кинеско ѓубре што варира во цена поради дизајн а не и квалитет.
Па подобро е да се седи на добро дрвено столче што те држи исправен од седење криво оти седалото се клацка на амортизерот и наслонот на грбот е секогаш под некој агол оти не може да се држи право.
Втор проблем е што цените се драстично пораснати и тоа што пред неколку години беше 400 сега е 600 евра, тоа што беше 700 сега е речиси 1000. Инфлација од 3% што би рекле клептомани вработени во највисоките институции.
Според повеќе препораки, цена на столот треба да се изрази во тоа колку не чини на годишно ниво. Стол од 150 евра што трае една година е 150 евра годишно.
Стол од 1000 евра што трае 15 години е 66 евра годишно, со дополнителен момент дека тие 15 години имате супер држење на телото и помалку потреба од масажа, физикална терапија и одење и барање на ново столче...
Убедувањето дека и тоа од 100 евра врши работа е точно. И со фичо може да се оди на море. Свиткан и згужван, ама ќе стигнеш. И на даска се седи. Како се седи и колку тоа се плаќа во следните декади од животот е дел од приказната.
Моето досегашно искуство е со три столици од ист бренд. Steelcase.
Let’s B - 3 години
Reply - 3 години
Please v2 - 1 година
Првите две се одлични столици и кога почнав да ги користам се потсетив на воведот во сторијава. Дека добро столче е можеби најбитниот дел од опремата што ја користи „компјутерџија“. Третата столица ме убеди во тоа. Разликата помеѓу првите две и третата е како од првите две до ефтина кинезарија.
Сега сум во потрага за нова столица и видов дека на пазаров има неколку фирми што носат интересни столици, па да споделите искуство, која столица од кој бренд/продавница ја користите (колку време и со која оптовареност - висина/килограми)
Тоа што видов дека се нуди е:
delightoffice
b2solutions
salon29 - иако не сум убеден во квалитетот
comfortcorner - имаат копии на некои познати столици, ако има некој искуство добро е да сподели
hedra - имаат само една столица со лошо ривју на нет
Доколку имате и други предлози, би било добро да ги пишете па да се додадат на списоков.

Последна промена: