gokica
Модератор
- 13 јуни 2009
- 9.523
- 12.986
Конкретно во Германија, проблемот со уредна достава го решија уште пред 30+ години со Закон за поштенско сандаче. Сега не би знале дали го имаат истото решение или се дигитализирале. Во принцип секое лице има обврска да регистрира и да ажурира податоци за адреса на неговото поштенско сандаче, во посебен регистрар. Ова адреса може да се разликува од адреса на живеалиште, престојувалиште.
Се што е доставено на ова последно пријавената адреса на сандачето (прекршоци, налози, известувања итн), се смета дека е уредно доставено, независно каде живее или престојува примачот.
Има логика. Регистрирано сандаче значи дека не мора потврда за примена пошта.
Еве како што можам да разберам во Англија е по пошта:
Но како тече време и знаејќи ги проблемите со поштите можеби ќе најдат и електронски начин. Кој ќе знае.