Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Камерите за казнување низ скопските улици работат на Linux и детектираат возило до 300 km/h

kirev

Guru
31 мај 2010
8.273
6.774
Тие што се сомневаат - јас сум анти-идиоти и анти-убијци со кола.
Имањето на кола никому не му дава за право да ја паркира на местата за пешаци - купете си паркинг или гаража. И правото на слободно движење важи за луѓето а не за колите. Емтое
 
Ragnar

Unstoppable
9 декември 2015
2.080
2.363
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Се знае каде се движат пешаци и каде проаѓаат улица, се знае како возач на автомобил се однесува во нормална држава, и моменталните закони се добри ако се почитуваат или има кој да го контролира нивното почитување, едноставно е. Си прошетал во некоја развиена држава да видиш како функционира сообраќајот?
Да. Возев лани Будимпешта и Виена. Лабаво беше. Е сега каде и да одиш натака кога бараш совет од наш човек прво што ќе ти каже - пази казнуваат изгор е.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
4.253
5.836
SK
Тоа е тоа. Ќе дебатираме за „битни“ моменти како тоа дали при минување на пешачки премин на зелено светло мора да ги извадиш слушалките, без разлика на вклучениот transparency мод на истите... Сето тоа додека двеста други пешаци минуваат секаде само не на пешачки премин, не па на зелено светло. И зазјапани во тоа дебилните телефони. Ама слушалките им биле проблем на регулаторите.

И како капак на навредата на интелегенцијата дури и на една амеба - пази: Слушалки да не се носеле кога се преминувале велосипедски патеки! Кои бре црни велосипедски патеки во Скопје? Тротоарите кои ги прекрстија во велосипедски патеки, а на кои неретко има паркирани автомобили?? Освен таа на Кеј нема друга велосипедска патека која е навистина безбедна и нормална за користење.

Пазете, ова се дешава во исто време додека копиљаци секојдневно гинат или се осакатуваат возејќи мотори без дозвола. Се дешава додека после сите гинења во несреќи, додека по Партизанска сеуште малтене секојдневно дивеат мотори и бесни аута со 1ХХ км/ч. Додека на пешачка патека на Партизанска се паркираат автомобили па уште и ти свират ако не се тргнеш предвреме од патеката, пред да дојдат блиску. За да не ги успориш разбирате. А можеш да се тргнеш само меѓу паркирани аута и да ги чекаш. На пешачката и велосипедската патека на Кеј цигани и други кy*тони секојдневно возат мотори, и мотори со направи-сам приколки натоварени со секакво кабасто и габаритно ѓубре. На повеќето улици нема тротоари пошто 24/7 има паркирано автомобили и од двете страни, па автомобили не можат да се разминат а не па безбедно да шеташ дете во количка.

Итн, итн. И НА СИТЕ ОВИЕ И КУП ДРУГИ СРАЊА ШТО СЕКОЈДНЕВНО СЕ ДЕШАВААТ... Овие надлежниве мамлази пишуваат нови и нови регулации и дополнувања на законите додека ни постоечките не се спроведуваат. Ама битно е да се напише нова регулација за носење слушалки на тротоар, пардон на велосипедска патека, за еднаш на плава месечина некој џандар да може да му се накypчи на рандом недолжен минувач. Затоа што имал лош ден, не дека си ја работи работата и ги спроведува законите.

Нели гледате дека само ни ги мачкаат очите, пишуваат свашта писарите ама во надлежните институции реално никој нема никаква намера да работи нешто на терен. Сѐ е отидено во три лепе ПМ.
 
Goran995

Unstoppable
16 ноември 2019
1.414
2.380
Скопје
Тие што се сомневаат - јас сум анти-идиоти и анти-убијци со кола.
Имањето на кола никому не му дава за право да ја паркира на местата за пешаци - купете си паркинг или гаража. И правото на слободно движење важи за луѓето а не за колите. Емтое

Види Перплексити AI што ќе ти каже за ова, секако само тоа го користиш периодов.
 
petkotrajko

Unstoppable
16 јуни 2017
2.018
2.248
Читајќи коментари и гледајќи анкети по телевизии, гледам преовладува некој специфичен сентимент на општа пизма (хејт по ново) буквално кон се и желба/потреба од општ реваншизам. Се аплаудира на остри/строги санкции, најави за казнена политика итн, и сите што коментираат завземаат некаква идеализирана позиција како да не се однесува на нив тоа туку на некој друг што греши/крши закони, плука, фрла отпад, вози ко стока, збори на телефон, дава мито/брка врски итн...

Во превод, сите сме чисти, ама ете некој друг таму греши во континуитет, тој некој нема име/презиме/лик, ние не го знаеме кој е и затоа е "работа на институциите", камерите, итн. да го пронајдат и да го казнат - кога тоа ќе се реши конечно ќе не биде.

35 години "независност", 35 години некој друг е крив, анонимен душман, ѓаол, шејтан, ама ние од прв до последен "топ-че до топ-че" (ова топ го замени супер, не знам дали има понов термин).

Во реалност, ова е морално колабирано општество, тотално имплодирано кое си лета на автопилот и чека генетски инженеринг да напредне до ниво да може Др. Тито да биде клониран за да ги оправи работите (и Аца на Коњ, ако го најдат).

Општа култура не може да се изгради ако нема лична култура која зависи од лична одговорност - а очигледно ние сме оперирани од тој феномен па ќе делегираме арбитража на некакви си камери, институции, господ - инфантилно и индолентно однесување.

Во меѓувреме, секој втор, буквално, вози со телефон во рака. Има ликови со телефон во лева рака, бурек во десна рака, волан со колено (.. ии како даваш/гас кочиш? .. со к*рот бе брат, хаха/хаха).

Едно време жолто беше новото зелено, потоа првите 5 секунди црвено (после жолто) станаа новото зелено, па сега некако мислам тоа се оправи па пак е жолто новото зелено, барем во по-отесаниот дел од Ск.

Шпиц веќе нема во одредени саати, шпиц е цел ден, 80% од возачите се сами во кола. Главниот град има радиус од некои 6км.

Со просечен од се стигнува од било која точка до центар за:
а) 1 час пешки, (6км/ч)
б) 15 минути со тротинет/велосипед (25км/ч)
в) 35 минути со автомобил
Според горната математика, нашиот бистар и античко биЛБиски народ, смета дека најдобра е опцијата под в) - затоа што роса, температура под 30с, промаја, сонце или облаци се опасни по живот и најдобро е да си во кола (башка голф, 1.9 тедеј, не троши, шо ќе одам, или на плин ја напраив брат-брат, упаљач еј, стаам и не мислам!).

Да не правиме муабет дека има буквален автопат за пешаци/велосипедисти/тротинетџии покрај кеј на Вардар од Ѓорче до Лисиче (некои 10-12км непрекината рута, со две ленти, покрај река, убав тревник, парк и газови во новите модели на хеланки што подобро дефинираат).

Нејсе, камерите ќе го оправат сообраќајот како што субвенците за инвертери го оправија воздухот на зима. Ова ќе биде уште едно сидро што ќе не влече напред.
Писма на 'фатени на камера' читатели
 
Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
1.462
1.802
вози точак значи и не се замарај. Царска работа е.
 
kirev

Guru
31 мај 2010
8.273
6.774
Види Перплексити AI што ќе ти каже за ова, секако само тоа го користиш периодов.
Со зелено џамче… Три пати сум го користел од кои што еднаш заради тоа што членот претходно спомена дека ништо не нашол со AI
 
Последна промена:

Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
1.462
1.802
секој пробува целата вина да ја препише на колите. А колите возат по предвидлива патека наречена улица. Пешаците пак, се ко мува без глава. Ги има насекаде и не се знае кој кога и каде ќе ти искочи. У ваков хаос на двневна база сигурно избегнува секој возач по неколку дешавки у едно искачање. Луѓето се тотално без компас и не знаат каде тераат.
 
Според тебе најдобро на секое излегување од дома да кажеме некому каде ќе одиме? Така беше во Албанија пред 50-60 години...
ПЕШАЦИТЕ МОРА ДА ГИ ИМААТ СИТЕ ПРАВА. НЕ ШОФЕРИТЕ.
 
правата се еднакви за сите. Не можеш да правиш што сакаш у сообраќај. Се надевам дека ќе има некој фејшл да ви дава системов и да ви стигаат казни како и на шоферите. Иначе, проблемот пак ќе остане.
 
xenon

אֶהְיֶה אֲשֶׁר אֶהְיֶה
15 јануари 2011
4.142
11.066
Skopje
xenon's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9950X3D, Arctic LF III 420mm
Motherboard
Asux X670E-E
Storage
8TB (1 x 980 PRO 2TB + 3Х KC3000) SSD / 2 x 8tb HDD
PSU
Antec 1300W Pro Platinum
RAM
128GB DDR5 G.skill
Video card
Geforce 4080 Super
Case
Enthoo Primo - Phanteks
Mouse
Logitech MX Master 3s
Keyboard
Logitech Craft
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x, Adam A3x, TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
42" OLED Asus PG42UQ 4K
OS
Windows 11 Pro
Според тебе најдобро на секое излегување од дома да кажеме некому каде ќе одиме? Така беше во Албанија пред 50-60 години...
ПЕШАЦИТЕ МОРА ДА ГИ ИМААТ СИТЕ ПРАВА. НЕ ШОФЕРИТЕ.

"Правата", како и се друго во општества каде сите вредности девалвираа и се сведоа на профит/пари/слава, (пошто нели, од култура, морал, етика, принципиелност итн. не се "живее") - денешно време се злоупотребуваат од една специфична група на опортунистички индивидуи кои прават таква штета да кумулативниот ефект резонира и метастазира со години.

Русија сите знаеме, секој возач има на свој трошок поставено камера во кола, затоа што вакви "пешаци" скокаат/се фрлаат по коли на специфични (за нив релативно безбедни) места, за потоа да тужат и да бараат отштета, (земаат по најмалце 10,000Е од спор па нагоре, во зависност кој какви врски има по доктори, вештаци, судови)..

Кај нас ова се гледа од т.н. каснувања од кучиња, каде просечна сума која им се исплаќа на "оштетените" е околу 1000Е. (Ова не значи дека нема навистина каснати)

И кои се тоа сите права? Си има јасно наведени права, како се преминува улица на јасно обележан пешачки премин, кога сигнално светло е зелено, во случај каде што нема обележан премин како се преминува, дека не смее да се оди пешки на магистрален пат (автопат) итн итн.

Да не аздисуваме со ова сите права. Правото е јасно, она што кај нас е проблем е почитување на правните норми и закони, спроведување на истите, општа некултура, мито/корупција/непотизам, ароганција, несолидарност, неизиживеаност...
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.957
5.856
Децата не секогаш знаат за правата. Колку и да ги учи некој.

Не се сите пешаци здрави момци од 28-41 година, во перфектно здравје.
 
marv

Unbeatable
5 октомври 2007
5.559
5.236
Децата не секогаш знаат за правата. Колку и да ги учи некој.

Не се сите пешаци здрави момци од 28-41 година, во перфектно здравје.
И што да правиме сега со овие 2 констатации? Освен нормално да повториме да се внимава.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
kirev

Guru
31 мај 2010
8.273
6.774
Подолу е извадок од Законот за БЕЗБЕДНОСТ на сообраќајот на патиштата. Ова е меѓу првите членови од законот. Ајде најдете нешто за заштита на правата на возачите? Во истиот Закон. Или било кој друг. СИ ИЗМИСЛУВАТЕ ПРАВИЛА. Колата не дава никакви права никому. Само одговорност.
Зошто парче метал има право да седи на тротоар 23 часа во денот а луѓето не смеат да го користат тој простор? Зошто во центар на главен град на држава нема пешачка зона пред Собранието? Зошто металот повеќе вреди од човекот па сега дојде тука дури и за тоа да дискутираме?

Член 4 Државните органи, органите на општините и градот Скопје, правните лица, физичките лица и другите учесници во сообраќајот ги развиваат хуманите и етичките односи во сообраќајот, ја поттикнуваат солидарноста на учесниците во сообраќајот со што придонесуваат за заштита на животот и здравјето на луѓето, особено на децата, старите и изнемоштени лица, лицата со посебни потреби и водат грижа за заштита на животната средина.
 
JamesKirk

Unstoppable
12 февруари 2015
2.808
2.535
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1215u
Motherboard
Lenovo
Storage
Solidigm P41 Plus 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
Genius
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Никогаш ништо не ќе се смени кај нас. И пешаците и возачите имаат кривица
 
Zippo

On your way to fame
22 октомври 2014
996
889
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Подолу е извадок од Законот за БЕЗБЕДНОСТ на сообраќајот на патиштата. Ова е меѓу првите членови од законот. Ајде најдете нешто за заштита на правата на возачите? Во истиот Закон. Или било кој друг. СИ ИЗМИСЛУВАТЕ ПРАВИЛА. Колата не дава никакви права никому. Само одговорност.
Зошто парче метал има право да седи на тротоар 23 часа во денот а луѓето не смеат да го користат тој простор? Зошто во центар на главен град на држава нема пешачка зона пред Собранието? Зошто металот повеќе вреди од човекот па сега дојде тука дури и за тоа да дискутираме?

Член 4 Државните органи, органите на општините и градот Скопје, правните лица, физичките лица и другите учесници во сообраќајот ги развиваат хуманите и етичките односи во сообраќајот, ја поттикнуваат солидарноста на учесниците во сообраќајот со што придонесуваат за заштита на животот и здравјето на луѓето, особено на децата, старите и изнемоштени лица, лицата со посебни потреби и водат грижа за заштита на животната средина.
Македонија ја има ратификувано виенската конвенција за патен сообраќај според која што возачите се должни да го забават и сопрат возилото на места каде што поминуваат пешаци.

За повеќе инфо, член 21 во: https://assets.publishing.service.g...18_CM9570__Convention_on_Road_Traffic_WEB.pdf
 
moongose

Unbeatable
19 јули 2013
4.176
5.135
секој пробува целата вина да ја препише на колите. А колите возат по предвидлива патека наречена улица. Пешаците пак, се ко мува без глава. Ги има насекаде и не се знае кој кога и каде ќе ти искочи. У ваков хаос на двневна база сигурно избегнува секој возач по неколку дешавки у едно искачање. Луѓето се тотално без компас и не знаат каде тераат.
Сите сме пешаци, а само некои се и возачи.

Не сум слушнал за незгода на пешаци кои налетале еден на друг и завршиле со смртни последици.
 
Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
1.462
1.802
Сите сме пешаци, а само некои се и возачи.

Не сум слушнал за незгода на пешаци кои налетале еден на друг и завршиле со смртни последици.

јас возам низ град често и често се среќавам со неписмени пешаци. Преминуваат на сред булевари на необележано, искачаат на семафор на црвено, искачаат на улица покрај пред кола а не ни гледаат позади дали доаѓа кола. Тоа мислам дека е најголемата грешка, кур ми е двор ми е понашање. Ја пример сум совесен и возам претпазливо околу пешаци, но некои не се такви, и сеа како пешак си ебана странка кога некој метален објект со 30-50 на саат иде накај тебе. Боље е малце да имаш очи отворени него отпосле да тераме правди.
 
389mk

Gaining Experience
16 јануари 2020
244
254
Со казни за носење слушалки или зборување на телефон при преминување на пешачки се пробува да се стави вина и врз пешаците како олеснителна околност на возачите кои ќе прегазуваат пешаци во иднина, не смее да се дозволи да се изгласа закон кој е многу редок и го нема скоро никаде во развиените држави.
 
Скоти

Practice makes perfect
15 октомври 2013
1.121
1.912
Со казни за носење слушалки или зборување на телефон при преминување на пешачки се пробува да се стави вина и врз пешаците како олеснителна околност на возачите кои ќе прегазуваат пешаци во иднина, не смее да се дозволи да се изгласа закон кој е многу редок и го нема скоро никаде во развиените држави.
И јас се слагам со ова. Зошто вината да е на пешакот со слушалки ако тој преминува улица на обележан пешачки премин ?
 
Ragnar

Unstoppable
9 декември 2015
2.080
2.363
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Ниту еден од вас што сте во улога на пешаци ни еднаш не призна дека пешаците имаат било каква вина во сообраќајот. Претрчувања ви се нормални? Одење по коловоз? Чудо.
Веројатно се воодушевувате од оние зомбиња што се појавуваат од грмушките од жардињерите на булеварите и прескокнуваат. Еден на хауба ќе ми паднеше, стар прч се качува и скока а пешачкиот на 50 метра.
 
gdamjan

Unstoppable
3 април 2008
3.886
3.106
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Ниту еден од вас што сте во улога на пешаци ни еднаш не призна дека пешаците имаат било каква вина во сообраќајот. Претрчувања ви се нормални? Одење по коловоз? Чудо.
за секое одење на пешак по улица, имаш 100 коли паркирани на тротоари - така да обидов да ги изедначиш колите кои убиваат и пешаците кои гинат, ти е гн'сна замена на тези.
 
389mk

Gaining Experience
16 јануари 2020
244
254
Ниту еден од вас што сте во улога на пешаци ни еднаш не призна дека пешаците имаат било каква вина во сообраќајот. Претрчувања ви се нормални? Одење по коловоз? Чудо.
Веројатно се воодушевувате од оние зомбиња што се појавуваат од грмушките од жардињерите на булеварите и прескокнуваат. Еден на хауба ќе ми паднеше, стар прч се качува и скока а пешачкиот на 50 метра.
Законот е казни за пешаци со слушалки во ушите и пешаци со мобилен в рака ако поминуваат на пешачки премин. Ништо повеќе, ништо помалку. Ако тоа ти е во ред, аргументирај за тоа. Пешаци кои поминуваат од жардињери се веќе забранети.
 
Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
49.190
Мислења
1.007.722
Членови
36.674
Најнов член
Zl4tk0

ит маркет

На врв Дно