Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Кам и Стокомак заедно имаат приход како 100-те најприходни ИТ фирми во земјава

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
266
898
www.IT.mk

eX3v1l

Practice makes perfect
2 мај 2011
1.337
1.191
eX3v1l's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 5 5600X
Motherboard
ASRock Fatal1ty X470 Gaming K4
Storage
Samsung 970 EVO 500GB
PSU
Cooler Master MWE 750w
RAM
32GB 3200MHz G.Skill Trident Z
Video card
RTX 3070 EAGLE
Case
Cooler Master K380
Mouse
G502
Keyboard
RIPJAWS KM570 MX-Brown
Monitor
Dell S2721DGF
OS
Windows 10
Скоро сите фирми се странски и пуштаат пари тука колку да покријат плати, немаат приход во МК.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.916
5.823
Видеото е прекрасно. Насловот ви е потресително ужасен и во најлоша можна насока насочен. Заработката тешко може да се види, но затоа во видеово имаме супер увид во еден друг дел, а тоа се платите. Можеме да увидиме како се движат, како се однесуваат и од прилика да се увиди квалитетот на самата фирма и на привлечноста за кадар.
 
D

Администратор
31 март 2007
3.965
4.133
www.aqtos.com
Скоро сите фирми се странски и пуштаат пари тука колку да покријат плати, немаат приход во МК.

Прилично точна констатација, но сепак вреди да се измери влијанието над локалната економија од страна на ИТ секторот кој делува како многу поголем и помоќен од реално што е. Зборувам локално.

Насловот ви е потресително ужасен и во најлоша можна насока насочен.

Насловот и покрај тоа што е факт дека два ланци на супермаркети имаат исти приходи како топ 100-те ИТ фирми во земјава, а и по добивка имаат повеќе од најпрофитабилната Qinshift/Seavus, е ставен да покрене дискусија на темата.

Инаку да, малку сензационалистички е. Agreed.
 
xenon

אֶהְיֶה אֲשֶׁר אֶהְיֶה
15 јануари 2011
4.116
10.949
Skopje
xenon's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9950X 16-core, 420mm Arctic Freezer
Motherboard
Asux X670E-E
Storage
8TB (1 x 980 PRO 2TB + 3Х KC3000) SSD / 2 x 8tb HDD
PSU
Antec 1300W Pro Platinum
RAM
64GB (2x32) DDR5 6000Mhz G.skill C30
Video card
Geforce 4080 Super
Case
Enthoo Primo - Phanteks
Mouse
Logitech MX Master 3
Keyboard
Logitech Craft
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x, Adam A3x, TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
42" OLED Asus Rog Swift PG42UQ
OS
Windows 11 Pro
Ставање во ист кош сосема различни гранки само заради тоа што се економски субјекти е бесмислено. Едните се занимаваат со трговска дејност (малопродажба) другите со интелектуални услуги.

Тоа на страна, само еден аспект од целата приказна ќе адресирам, Кам и Стокомак (а во ист кош ќе ги додадам и оние "мол" печурките што се намножија последниве 2 декади). Ние каскаме многу, заради социо-економската клима (лажни филер вработувања по институции, истурање пари низ општеството каде што треба да се подмачка гласачкото лоби притоа позајмувајќи ги тие пари од надвор) за нас општествен (градски) живот се сведе на шопинг (во мол), пиење кафе (во кафич) и трчкарање/возикарање во хеланки по улици/на кеј додека надвор не се дише. Културен (градски) живот, посебно ноќен, замре или се сведе на некоја елитистичка пиздарија (мош, пош, гош, чош и остали тралалајки за мини кримоси и оптимистички рударки по потенцијално идно брачно богатство). Театри/кина се подоправија едно време, ја вратија публиката, сега гледам редуцирани претстави со сумлив квалитет.

Значи, ако се земе во предвид социо-економската (објективна) реалност, не е воопшто чудно зашто Кам/Стоко и моловите функционираат (сега за сега). Дали тоа ќе биде така во (блиска) иднина или ќе се појави играч што ќе го автоматизира целиот процес и ќе го укине физичкиот посредник, ќе видиме.

На запад фино си функционираат одамна понапредни варијанти (читај: поефтини), каде наместо касиер има самонаплата. Не би ме чудело Лидл (кој се отвара веќе 5 години по ред) да го примени ова. Комбинирано нивната бизнис тактика (одбирање на поефтини локации со добар паркинг простор) би значело дополнителен финансиски стимул за крајниот потрошувач.

Достава до дома (која кај нас почна со храна, пици на почеток, сега се и сешто) веќе не е непозната именка за повеќето. Ова дополнително се разработи со оние микро-трговчиња што се испилија каде секој втор нарачува дребулии од алибаба(експрес) и потоа ги дила на мало преку оние бабските сајтови (фејсбук, инстаграм, тикток итн).

Со дополнителна автоматизација и развој на роботика (и т.н. AI) верувам многу брзо ќе се стандардизира и методот на автономна дистрибуција, каде некое мини камионче автоматски ја пакува нарачката од некој магацин уџум/надвор од градот, па потоа ја дистрибуира до домот, притоа заштедувајќи ем време, ем пари за крајниот потрошувач (ем нервози за барање паркинг, луксузот на 21век). За дронови кои преку воздушен пат ќе го прават истото да не правиме муабет, на многу места во светот има пилот проекти од овој калибар, некаде и цели градови се опфатени.

Во денешниот деперсонализиран, стерилен и извештачен свет, каде сите вредности се сведоа на пари, единствен одлучувачки фактор стана цената. Кам и Стоко избија на врвот баш заради ова и ги засенија претходните играчи кои останаа преекспонирани (Веро, Рамстор, Тинекс) со големи објекти, повисоки цени, повеќе персонал итн. Исто како што секој понов и поголем мол го истиснуваше претходниот од игра (Рамстор го истисна ГТЦ, Сити Мол го тргна Рамстор, Ист Гејт некако балансира со Сити Мол моментално, Дајмонд појма неам како е не сум бил..)

10% разлика во цени со достава до дома лесно и брзо ќе ги истисне Кам и Стоко од игра, посебно комбинирано со некаков автоматизиран систем (уредче во фрижидер ти прати дали имаш ова или она, каков е рокот, ако немаш а често користиш ти врши нарачка, нарачката ти стига а не ни знаеш па викаш бериќатфасан сум забораил али џуџето во фрижидер памти и ми носи).

Бизнисите поврзани со интелектуални услуги од друга страна може да одат само нагоре. Дали ќе биде гарантирана квантитетот и квалитетот на работната сила во тие сфери зависи од образованието и ред други фактори во кои колективно не котираме воопшто добро во последно време. Муабетите дека AI програмите ќе заменат многу од работната сила се смешни, можат само да комплементираат и да понудат "буст", отскок во претходно трансираниот линеарен прогрес и тоа во секоја засегната област.
 
kolesk

On your way to fame
6 февруари 2016
501
705
Нема да има никаква промена со кам/стокомак за првото место. Едноставно не можат, веро/рамстор да ги побијат со цена. Х артикли, во кам коштаат 600, истите артикли во веро коштаат 700. Народот е толку сиромашен, а толку занесен по луксуз и по патувања, немај каде...
 
GoranMak

Gaining Experience
13 февруари 2020
200
194
Веро можеби не е најголем по приходи ама затоа по заработка е далеку пред другиве.

Инаку нормално дека ланци на маркети за малопродажба ќе имаат поголеми приходи од ИТ компании. Сигурен сум дека нешто слично важи и во други економии.
 
Psycore

Модератор
12 ноември 2013
1.062
1.417
Скопје
Како што спомнаа погоре, целата статистика за ИТ фримите е погрешна. Повеќето фирми овде се outsourcing и service oriented. Х фирма отвара подружница во Скопје крстена Х ДООЕЛ СКОПЈЕ. Сета добивка и профит за фирмата оди директно во Х (не во Х ДООЕЛ СКОПЈЕ). Х на месечно ниво праќа пари до Х ДООЕЛ СКОПЈЕ за да покрие плати, придонеси, кирија, ИТ опрема и таа е таа бројка што ја гледаат сите тука и влага во овие статистики. А, таа бројка не е повеќе од 10-20% од прифитот што бил изгенериран за Х преку интелектуалните услуги и outsorced програмерите вработени во Х ДООЕЛ СКОПЈЕ.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
570
763
Уствари имаме фирми без производ.... Т.Е. сива економија.... Перење и белење на пари.
Колку сакате вриштете и пиштете, IT секторот моментално е најсивата економска гранка во нашава вукојебавина...
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
4.084
5.606
SK
Офтопик, гуглам што значи „бериќатфасан“ кога она гугл веќе стигнал да го ажурира индексот за содржината на форумов... Прва страна, втор резултат.

1701973936194.png
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.916
5.823
Најсива била ИТ? Ако не знаеш што е сива економија бар не спомињај. Во ИТ 99.9% од парите не се кеш и имаат релативно јасни потекла. Од друга страна ако бараш сивило барај си во градежништво, огрев, кафичи, дискотеки, печатници, маркети, туристички, фитнес... вагон има пред да дојдеш до ИТ.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
570
763
Најсива била ИТ? Ако не знаеш што е сива економија бар не спомињај. Во ИТ 99.9% од парите не се кеш и имаат релативно јасни потекла. Од друга страна ако бараш сивило барај си во градежништво, огрев, кафичи, дискотеки, печатници, маркети, туристички, фитнес... вагон има пред да дојдеш до ИТ.
Еве попросто да ти објаснам , секој производ во МК е оданочен 50-55%... По многу многу основи. Ај ти икономијата е оданочена 10-15%(во многу ретки случаеви 20%).
Еве уште попросто. Еден Апворк зема 10%, плус на тие пари треба да си платиш дома персоналец во зависност од приход итн. итн.
Сума сумарум , Мачедонија има помал бенифит од сите странцки ИТ компании во споредба со Апворк...
 
kirev

Guru
31 мај 2010
8.038
6.480
Баби и жаби. ИТ индустрија е сервисна, 20.000 и кусур луѓе носат дома по 1.500 евра нето. 20.000 и кусур домаќинства.
Едит: и секој месец расте плус е ИЗВОЗ. Без тие девизи малку потешко СтокоКАМ ќе увезува роба од Србија, Норвешка и Полска....
 
Последна промена:

GoranMak

Gaining Experience
13 февруари 2020
200
194
На 1500е нето има 800е придонеси и персонален данок, еднакво на 4ца вработени на минималец.

Така да веројатно е подобро да имаме повеќе со плати од 1500е :D
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.916
5.823
А тек ако земеш малку пореални бројки дека платите се 2300еур, уште подобро ќе ти излезе.
 
kirev

Guru
31 мај 2010
8.038
6.480
Офтопик, гуглам што значи „бериќатфасан“ кога она гугл веќе стигнал да го ажурира индексот за содржината на форумов... Прва страна, втор резултат.

Погледнете го атачментот 132554
Правилно ќе да е бериќатверсен (bereket versin)

(Хинт: влегуваш во гугл транслејт и му го изговараш зборот и ќе ти направи аутокорект и ете)
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
570
763
Секој ден верглате за платите. Вашите плати значат ама баш ништо за економијата. Спротивно на тоа, допринесуваат за инфлација.
Баш ме интересира во која нормална земја цел ит сектор зема x5 поголема плата од просечната.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.916
5.823
Секој ден верглате за платите. Вашите плати значат ама баш ништо за економијата. Спротивно на тоа, допринесуваат за инфлација.
Баш ме интересира во која нормална земја цел ит сектор зема x5 поголема плата од просечната.

Погрешна хипотеза доведува до погрешен заклучок. Прашањето треба да е обратно.
Во која нормална земја народот зема 3х помала плата од платите во ИТ, и што може да направиме да ја кренеме просечната плата, во таа земја.

Инфлација мора да има во земја која се глупирала со години држејќи субвенционирани производи, енергенси и слично. Тоа е патот кон нормализирање на цените. И тоа е добро за нас се додека се доближуваме до реалните несубвенционирани цени.

Проблемот е што профитите растат, а платите не ги следат. Тука барај си го проблемот. И тоа е изразено скоро секаде во светот, ама некаде повеќе, некаде помалку.
 
Последна промена:

Zippo

On your way to fame
22 октомври 2014
986
885
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Ме занима што си ти по професија
Секој ден верглате за платите. Вашите плати значат ама баш ништо за економијата. Спротивно на тоа, допринесуваат за инфлација.
Баш ме интересира во која нормална земја цел ит сектор зема x5 поголема плата од просечната.
 
D

Администратор
31 март 2007
3.965
4.133
www.aqtos.com
Баби и жаби. ИТ индустрија е сервисна, 20.000 и кусур луѓе носат дома по 1.500 евра нето. 20.000 и кусур домаќинства.

Тригеров на сите во целава статија е само насловот - кој очигледно си ја постигнува целта.

Меѓутоа, насловот е само обична илустрација за да ја спореди големината на 100-те најприходни ИТ компании користејќи пример кој што сите го разбираат.

Лично, не би се согласил дека мешаме баби и жаби, едноставно користиме споредба за да ја прикажеме малата моќ и економска удел на гранка од индустријата за која што сите сметаат дека којзнае колку е голема бидејќи во неа се земаат големи плати.

Друг доволен показател кој е истакнат и во текстот е дека во топ 100-те по приходи нема ниту една ИТ компанија.

ОК, профитот бил тоа што ја мерел силата на фирмата, ама за да имаш профит мора да имаш приход.

Поентата ни е да разбереме колку е мала индустријава и да вложиме напори да и го искористиме целиот потенцијал, а не да влегуваме во комфорт зона и да мислиме дека сме го достигнале врвот.
 
Платите се показател на сила на фирма.
 
Zippo

On your way to fame
22 октомври 2014
986
885
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Во списокот на фирми скоро и да нема македонска фирма, скоро сите се бренч офиси...
Како што спомнаа погоре, целата статистика за ИТ фримите е погрешна. Повеќето фирми овде се outsourcing и service oriented. Х фирма отвара подружница во Скопје крстена Х ДООЕЛ СКОПЈЕ. Сета добивка и профит за фирмата оди директно во Х (не во Х ДООЕЛ СКОПЈЕ). Х на месечно ниво праќа пари до Х ДООЕЛ СКОПЈЕ за да покрие плати, придонеси, кирија, ИТ опрема и таа е таа бројка што ја гледаат сите тука и влага во овие статистики. А, таа бројка не е повеќе од 10-20% од прифитот што бил изгенериран за Х преку интелектуалните услуги и outsorced програмерите вработени во Х ДООЕЛ СКОПЈЕ.
 
Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
570
763
Ме занима што си ти по професија
Product developer... Поточно PD Manager, во фирма каде последнава година развивме преку 100 продукти... Со увид во бројки и договори... Колку само ит секторот е заслепен дека е к фактор за развој на нашава економија.
Да ит секторот е к фактор, само за некои трети земји. И затоа бројките се такви какви што се.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
48.653
Мислења
998.572
Членови
36.601
Најнов член
mewbrooks630333

ит маркет

На врв Дно