1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Kali Linux

Дискусија во форумот 'GNU/Linux' започната од AndrejFerdzo, 10 Јули 2014.

  1. AndrejFerdzo

    AndrejFerdzo
    Gaining Experience

    830
    279
    18 ноември 2013
    Машко
    Оваа тема ја отварам пошто не видов тема за Кали линукс.Во оваа тема сакам да дискутираме општо за Калито.Ајде јас прв ќе започнам.

    Веќе две децении, најдобриот оперативен систем за тестирање на сигурносни системи е Linux. Иако постојат разни дистрибуции и верзии на Linux, самата основна архитектура на системот има докажано дека е супериорна, во споредба со Windows или iOS. Причината за тоа е што Linux беше создаден со намера да му даде комплетна контрола на корисникот врз неговиот софтвер и хардвер. За разлика од попопуларните оперативни системи на пазарот, Linux постои за да послужи како совршена и сеопфатна алатка и можеби поради тоа е бесплатен и со отворен код.

    Најпопуларната Linux дистрибуција за тестирање на сигурност беше така наречениот BackTrack. Овој оперативен систем, кој е всушност длабоко модифицирана верзија на Ubuntu Linux, содржи безброј алатки за пенетрација на мрежа, пробивање на сигурносни кодови, крадење дата пакети од бежични мрежи и слично. Во минатата година, BackTrack проектот беше преименуван во Kali Linux со тоа што неговата инфраструктура беше променета од Ubuntu на Debian, промена која доведе до подобри перформанси и поголема компатибилност на хардвер.

    Мотото на Kali Linux e „Што потивки станете, толку повеќе можете да чуете“. Поентата на овој оперативен систем е да се доведат најдобрите алатки за сигурносна пенетрација до сите луѓе еднакво и бесплатно, за сите да можат да се заштитат еднакво. Со Kali можете да видите колку навистина вашата домашна или бизнис мрежа е безбедна, пред некој да има шанси да ја злоупотреби. Со други зборови, овој оперативен систем ви помага да го направите вашиот компјутер „потивок“ за да го заштитите од надворешни напади.

    За повеќе информации за Kali Linux и алатките кои ги содржи, посетете ја http://www.kali.org/
     
    borcep, HardCorec и на Oktar им се допаѓа ова.
  2. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,219
    6,346
    27 Март 2014
    Ми мириса на уште еден "WannaBe" хакер на форумов.. лол :D

    1. Она што можеш да го направиш со Кали, ке го направиш со било кој Дебиан систем, само што додатно ке си ги инсталираш алатките.

    2. Самите ке си ги тестираме нашите бизнис апликации ? Ова звучи како уште една приказна од "Уради Сам" книжулето. :D
     
  3. AndrejFerdzo

    AndrejFerdzo
    Gaining Experience

    830
    279
    18 ноември 2013
    Машко
    Само без забуни ова не е пишено од мене туку е копирано од страна само заборајв да клам извор(кредити)
     
  4. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    638
    437
    11 ноември 2015
    Машко
    Дали некој може да ми помогне како да направам мост(Bridge) помеѓу wlan0 и eth0?
    Поентата ми е wlan0 да зиам интернет и да дава на eth0.
     
  5. Volkswagen

    Volkswagen
    Gaining Experience

    220
    67
    12 Септември 2008
  6. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,236
    513
    3 Април 2008
    bridge преку wifi не се подесува тривијално.
    прво, треба AP-то да работи во WDS режим
    второ, треба wifi интерфејсот да биде подесен во WDS (т.е. 4addr) режим и тоа пред да биде up (командата е ` iw dev wlan0 set 4addr on`)

    трето, bridge-от се прави со :

    ip link add name br0 type bridge
    ip link set dev eth0 master br0
    ip link set dev wlan0 master br0

    после сево ова, треба wpa_supplicant да се повика со -i wlan0 -b br0
    и на крај, dhcp client-от да се старта на br0
     
    kirev, krema и на Oktar им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Pepsi Man
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    1,930
  2. sdarko
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    932
  3. JackDanielsHere
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    1,106
  4. Fmfob
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,234
  5. VirusZ
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    757
Вчитување...

Сподели

Вчитување...