1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Какви се програмерски интервјуа во Македонија?

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од khazha, 5 Септември 2018.

  1. khazha

    khazha
    Intern

    15
    7
    13 Декември 2016
    Машко
    Здраво,

    Наскоро ке почнам да си барам работа како програмер за прв пат, ке пробам со Junior позиции (бев девелопер).

    Дали има некоја разлика помеѓу македонски програмерски интервјуа и тие во америка/западна европа?

    Дали тоа што ке го видам на интернет како прашања за интервју ке бидат слични/исти или има нешто специфично во македонија?

    Колку вреди диплома тука него во странство?

    Благодарам
     
    На Ребро и Seekey им се допаѓа ова.
  2. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    Во Македонија ти е исто како сегде. Зависи од фирмата. Некои тестираат со ООП задачи, алгоритми и бази на податоци. Некои додатно бараат да положиш и тест за интелигенција.

    Во главно, диплома не важи нигде нит во МК нит во светот и не е пресудна за да добиеш работа, ама се поштува ако имаш диплома од универзитет. Уште подобро ако си магистер во струката.

    Дипломи од курсеви мислам дека не вредат ништо освен ако не научиш тоа што те учеле таму. Мислам курсеви што бараат да положиш испит вредат, како тие на Микрософт и тие на Оракл Јава. Ама курсевите доста се скапи, од 500 до 1000 евра. Испитот се плаќа посебно. И тоа секој курс е посебна тематика. Пример, основен Јава СДК. Или посебен е Јава Спринг. Или посебен си е Јава ЕЕ(Ентерпрајз). Баеги пари ќе се изнадаваш. Сега имаш на нашиве факултети, основи на програмирање те учат така да ти се исплати факсот.

    Македонски курсеви што самите центри за едукација си ги осмислиле не вредат ништо, освен ако не загрееш столче и го прочиташ тоа книгиштето од по 500-1000 страни.

    Најмногу вреди искуство во програмирање, и тоа искуство во технологијата што се бара. Пример, C# со ASP.NET и MS SQL server. Во овие три да имаш искуство, на коњ си!!!

    И то! Мислам дека е доста инфо.
     
    На The-spiki, Ребро, Seekey и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. Seekey

    Seekey
    Intern

    21
    11
    11 Август 2016
    Машко
    Зависи од фирма до фирма, нормално... Најбитно е, она што го имаш пишано во CV (ако праќаш CV) да знаеш да го објасниш, претежно за тоа ќе зборувате. Кај некои фирми интервјуто е полабаво додека кај некои ќе треба да решаваш задачи на лист, на компјутер, усно итн.. Според мене најдобро е да си пишеш што си знаеш, да имаш сработено нешто (макар и дома свои проекти) и тие да ти служат како тема за разговор. Пример ќе те прашаат во овој проект како го направи тоа, па ќе почнете дискусија, ќе те потпрашаат..
     
    На Ребро му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ребро

    Ребро
    Intern

    6
    4
    18 ноември 2016
    Машко
    Се ова што JensenInterceptor и Seekey го имат напишано е точно.
    @JensenInterceptor jас би додал тука технологии како Java за back-end и Angular и React за front-end.

    Многу е важно добро да ја владееш теоријата на Објектно ориентирано програмирање, структурите на податоци во јазикот за кој аплицираш, да знаеш што се REST APIs и да имаш барем основно познавање од SQL.

    Покрај стандардните прашања може да очекуваш и некои прашања за работи кои не ги знаеш и ги немаш наведено во CV-то (за да видат како реагираш кога ќе те извадат од комфорт зона).

    Покрај техничките знаења на интервјуто треба да демонстрираш и дека комуницираш добро. Биди позитивен, насмеан и потруди се да оставиш впечаток дека си пријателски настроен. Ако те примат на работа тие луѓе ќе работат со тебе :)
     
    На kirev и loris им се допаѓа ова.
  5. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,715
    2,007
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel, Java, JavaScript
    Се што кажаа погоре само обиди се и ти да извлечеш информации од фирмата. Не е само ти да им се допаднеш на нив, туку и тебе треба да ти се допадне фирмата.

    На работа ке поминуваш повеќе време отколку што ке поминуваш со друштвото па така треба да ти биде интересно и таму. Треба да ја сакаш и разбираш технологијата што ке ја користиш и проектот/проектите на кој ке работиш. Обиди се да ги извлечеш овие инфомрации од нив (инситирај да ги добиеш) и ако не ти се допадне оди на друго место.

    Моето лично искуство е:
    - Ме интервјуирале повеќе од 1 час за тоа што знам, што незнам, на кои проекти сум работел, која била улогата во истите и слично за на крај да не ми понудат работа и знам зошто. Сум бил премногу јасен за тоа што сакам да работам и што не сакам и очигледно беше дека немаше поклопување на интересите.

    - Сум бил и на пракса во фирма. За ова време буквално не скенирале за се што правиме, како правиме, колку е тоа квалитетно, тимска работа, софт скилс, говорни вештини, колку јасно и прецизно споделуваш инфомрации. Буквално и технички вештини и софт скилс. На крајот имаше ептен кусо интервју во кое само нагласив што е тоа што сакам да го работам и што несакам, исто побарав они да ми нагласат што оечкуваат за и јас да знам колкаво е поклопувањето. Се увиде дека се поклопиме со фирмава и сите сме задоволни.

    Исто е битно ако одиш во голема фирма, не ги зимај здраво за готово она што за нив си го чул во чаршија. Голема е веројатноста во голема фирма да има повеќе различни проекти, повеќе менаџери и кај секој од нив да важат малце поинакви услови за работа и како регрутираат кадри. Ова го зборам пошто знам луѓе што одбиле да аплицираат во некоја фирма заради чаршиски муабети и се зезнале.
     
    aleksandra n., turbiny, The-spiki и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. Kaly23

    Kaly23
    Intern

    10
    9
    17 Април 2017
    Женско
    Според мене многу е битно уште при барањето на компанија за аплицирање да се направи добро истражување. Гледај да аплицираш во компании кои поставиле оглас во последно време за позицијата која ја бараш, но доколку имаш голема желба за некоја специфична компанија, контактирај ги со објаснувањето што кај нив те мотивира и инспирира.

    Разгледај ги претходните проекти на компанијата која те интересира за да бидеш сигурен дека ќе се поклопува со тематиката на која што сакаш работиш - пример доколку те мотивира да работиш на нешто иновативно што ќе го подобри светот, што ќе има импакт, гледај да не аплицираш во компанија што се занимава со правење софтвер за казина или слично. :)

    Референцирај ги проектите што ти се допаѓале најмногу во интервјуто, но биди искрен околу мислењето, не се "улизувај" - провидно е.

    Околу однесувањето - читај ја атмосферата. Доколку интервјуто е формално биди учтив, покажи почит, зборувај смирено. Некои компании повеќе ќе се обидат да те запознаат како личност обично со неформален разговор - тука можеш послободно да се изразиш, да бидеш во најнормално издание. Често типот на интервју ја отсликува и културата на компанијата, па гледај да ти одговара со тоа што го одбираш.

    Некои општи карактеристики што генерално се ценат од било кој работодавач:

    - Одговорност [доколку нешто од твоето искуство побарало да бидеш одговорен, дури и да не е поврзано со програмирање можеш да го споменеш]

    - Искреност [не се обидувај да се "продадеш" по секоја цена, доколку ти биде поставено прашање кое не го знаеш - подобро кажи дека не знаеш, но дека можеш да пробаш да го научиш. Во спротивно можеш да завршиш во неповолна позиција дури и ако ја добиеш работата]

    - Трудољубивост [моментално многу е присутен менталитетот "да се направи што е можно помалку, а сепак да се земе плата". Битно е да покажеш дека не се плашиш од работа, дури и да има многу]

    - Комуникациски вештини [никој не сака да работи со "намќори" или пак со луѓе со кои често се наоѓаат во awkward ситуации без начин да се продолжи комуникацијата. Поработи на самодовербата и запамти дека дури и тие што те интервјуираат да ти се чинат во моментот како судии што ти ја кројат судбината - и тие се луѓе со свои интереси, емоции, работи што ги мразат итн...]

    - Желба и способност за учење и унапредување [IT сферата рапидно се менува и секогаш мораш да имаш знаење кое е применливо - тоа значи дека постојано мора да се учи, доучува, доаѓаат нови технологии, програмски јазици, концепти, бизнис модели итн... На секој му треба работна сила што е спремна да биде во тек со времето]

    Околу знаењето - според мене најмногу се цени да покажеш некој проект/и на кој си работел (не мора да значи во компанија, уште подобро ако е на своја иницијатива), па доколку немаш такви би сугерирала да се припремиш на тој начин.

    Зборувај околу тоа што те мотивира, околу твоите интереси, тоа што го знаеш, тоа што те импресионирало во последно време или каде се гледаш себеси во блиска иднина. Комуницирај ги своите очекувања, но информирај се и за нивните.

    Од програмирање од тоа што сум видела на пазарот се бара:

    ВЕБ: (најсоодветно за junior)
    HTML / CSS / Bootstrap (задолжително)
    Javascript / jQuery (за основни страни, исто се претпоставува дека знаеш)
    React / Angular / Vue <- голема побарувачка
    WordPress
    Node.js
    <- голема побарувачка
    PHP
    ASP.NET


    МОБИЛНИ:
    React Native <- голема побарувачка
    iOS Developers

    ОСТАНАТО: (mid / senior)
    Java
    Phyton
    Drupal

    Тоа е тоа од мене, со среќа! :carefree:
     
    mviktors, pecko95 и на mkextremer им се допаѓа ова.
  7. pecko95

    pecko95
    Gaining Experience

    92
    66
    5 Април 2018
    Машко
    Да те прашам само, ова што го наведе за ВЕБ, мора да знаеш се од наведеното, претежно full-stack се бара? Или може да се добие пракса, па дури и работа со html/css/js и накнадно да се опфати и react/angular? Исто така, како гледаат потенцијални работодавачи на кандидати кои аплицирале (пракса/junior позиција, не битно во овој случај) кои немаат ИТ диплома ?
     
  8. Kaly23

    Kaly23
    Intern

    10
    9
    17 Април 2017
    Женско
    Не мораш да знаеш сè од наведеното, особено не за пракса. За пракса се прифаќаат и кандидати што немаат искуство / големо знаење но имаат позитивен mindset, мотивација и добар став кон работата. Дури и за работа со HTML/CSS/JS можеш да бидеш чисто front-end developer, но во тој случај ќе треба да бидеш поизвежбан за брзо изработување респонсивен HTML, и да можеш да изведеш HTML-от да биде точно според одреден дизајн што ќе ти биде најверојатно доставен. Секако, подобра плата е доколу знаеш React / Angular, но најчесто и за работодавците полесно е да стават нов човек на позиција што нема премногу одговорност каде нема многу место за грешки - како пример HTML / CSS, а и оставаат време за надоградување. Плус, така им одговара и за платата - додека е нов човекот помала плата, помала работа, и понатаму како ќе се надоградуваш, како ќе се вклопуваш како функционален дел од фирмата би требало да расте и платата.

    Во врска со дипломата, до сега не сум чула за junior или пракса во Македонија некој да направил проблем доколку нема диплома кандидатот затоа што има огромна побарувачка на пазарот и буквално секој што го бива во работата или има потенцијал може да добие проекти. Проблем може да настане понатаму, за посериозни позиции - Project manager, Lead Developer или позиции со голема одговорност како Software Architect, System Administrator...
     
    На pecko95 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pecko95

    pecko95
    Gaining Experience

    92
    66
    5 Април 2018
    Машко
    Ок, фала ти на одговорот :D
     

Сподели

Вчитување...