• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Какви игри играат вашите деца?

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Повеќе од 75% од родителите се загрижени за содржината на видео игрите со кои се забавуваат нивните деца. Скоро половина од 4000 родители кои учествувале во испитувањето спроведено во Англија, Франција, Италија и Германија рекле дека 1 час играње игри дневно треба да биде лимитот. Скоро 43% од испрашаните родители рекле дека не ги знаат оценките на игрите за да можат да утврдат дали се добри за нивните деца.

Индустријата за видео игри денес завзема во огромни размери. Затоа треба да се акцентираат образовните и социјални аспекти на игрите бидејќи тие се достапни за сите возрасти, не само за полнолетните.

Асоцијацијата на производители на софтвер за забава и разонода ќе ги рангира игрите според возраста на која одговараат и ќе се потрудат да направат можност за родителска контрола. Оваа асоцијација веќе се посвети на едукација на родителите за игрите и нивната содржина и го создаде веб сајтот www.askaboutgames.com да им помогне на родителите да бидат подобро информирани за игрите со кои нивните деца се разонодуваат.

Истото истражување открива дека повеќе од половина од децата своите игри ги играат на конзоли, 32% на компјутери, 9% онлајн и 45 на мобилните телефони. За најголемиот број деца оваа активност не е друштвена. 64% играат игри сами, помалку од 1 од 10 деца играат игри со членови на семејството а 12% со своите пријатели.

Истражувањето покажува дека е потребна родителска контрола. Родителите се се пољубопитни за содржините на игрите и самите сакаат да дознаат што повеќе за своите деца и нивните активности.

Постојат игри со содржини кои не би требало да ги гледаат деца, затоа производителите и продавачите на игри треба да им кажуваат на потрошувачите што купуваат.

Извор: ИДИВИДИ
 

Vavo

Intern
20 октомври 2007
270
15
Skopje
Абе и во мое време игравме ама ова е без осет. Слават роденден во и-кафе и играат игрици аман!

А и би било убаво родителите да седнат да поиграат со нив некоја игрица за да не ги „изгубат“ децата.. ако веќе немаат време да прошетаат со нив негде
 
D

DimitarMK

Гостин
Луѓе, не играјте WoW,Warcraft, OpenArena :lut2: играјте Solitare.
 

SwIPE

Intern
29 мај 2007
346
5
Абе и во мое време игравме ама ова е без осет. Слават роденден во и-кафе и играат игрици аман!

А и би било убаво родителите да седнат да поиграат со нив некоја игрица за да не ги „изгубат“ децата.. ако веќе немаат време да прошетаат со нив негде
Еее... Другар такво е времето сега. Тоа што било некогаш си останува за тогаш, сега е друго време. Сега веќе кога ќе прашаш некое мало дете што сака Дедо Мраз да му донесе за Нова Година, нема да побара топка, играчка, пакетче, тука компјутер, Sony PlayStation, мобилен... И тоа на 3-4 години ;)

P.S А можеш да замислиш како ќе биде за 20-30 години...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,606
Мислења
821,586
Членови
28,258
Најнов член
mimoza.stoilova
На врв Дно