• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Каква меморија за лаптоп?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

kkxenon

Intern
22 мај 2007
38
0
Имам Fujitsu Siemens лаптоп и сакам да додадам 1GB меморија.
Прашував у Интек што се генерални застапници ми нудатат некомпатибилна меморија за околу 850ден а компатибилна за ~2000ден.
Тие додавале на некои лаптопи од некомпатибилната и немале никаков проблем. Прашањето е дали да си платам повеќе за да добијам поквалитетна и компатибилна меморија или да ставам од ефтината. Сте имале ли вакво искуство?
 

FreakyDroid

On your way to fame
21 август 2008
521
555
Гевгелија
FreakyDroid's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 2700X - MasterLiquid ML240L
Motherboard
ASRock - Fatal1ty K4 X470
Storage
2 x 4TB WD Black, Samsung 250 Evo 256GB, WD Black 500GB M.2
PSU
Gigabyte Odin Pro 1200W
RAM
2x16 GB G.Skill @ 3200MHz CL16
Video card
MSI GeForce GTX 1080 Ti Duke
Case
Cooler Master HAF-X
Mouse
Logitec G903
Keyboard
Шајзе Genesys Rhode 400
Audio
Шајзе Genius
Monitor
LG 27GL850
OS
Win 10 x64
Daj karakteristiki na tvojata memorija sto ja imas vo laptopot i isto daj karakteristiki na dvete plocki sto ti gi nudat. Vaka od pamet mislam nikoj nema da moze da ti dade dobar sovet.

Pozdrav,
Dimitar
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

kkxenon

Intern
22 мај 2007
38
0
Моја грешка, Fujitsu Siemens AMILO Pro V3505, го купив со 512MB а модулот што го имам јас ги има овие карактеристики:
--------------------------------------------------------------------
Име на модулот Hyundai HYMP564S64BP6-C4
Сериски број 0000201Dh
Капацитет на модулот 512 MB (2 rows, 4 banks)
Тип на меморискиот модул Unbuffered
Тип на меморијата DDR2 SDRAM
Брзина на меморијата DDR2-533 (266 MHz )
Ширина на модулот (bit) 64 bit
Напон на модулот SSTL 1.8
Метода за одкривање на грешки Нема
Брзина на освежување Скратено (7.8 us)
----------------------------------------------------------------------
Се јавив во Anhoch, ми кажаа дека имаат Kingston некомпатибилна и компатибилна. Е сега, ако се одлучам за некомпатибилната тие само ќе ми дадат гаранција дека таа ќе функционира а како тоа не е нивни проблем. Тоа значи дека компјутерот може да ја препознае, да работи само може и не идеално. За компатибилната даваат и гаранција дека системот ќе функционира без никакви ппроблеми со тоа парче меморија.
Имаат и добар конфигуратор за сите системи:
http://www.anhoch.com/ponuda/komponenti/kingston_konf.asp
за мојот лаптоп може да нарачан:
KFJ-FPC165/1G 1GB 533MHz Module
KFJ-FPC218/1G 1GB 667MHz Module
и цената е околу 30 USD+ddv и ќе стигне макс за еден месец.

Повеќе луѓе ми кажаа дека по фирмиве претежно ставале од тиа стандардните модули и дека немале некои проблеми, луѓево не им се жалеле.
 

mrafka

Intern
27 септември 2008
4
0
imas vo MEBIUS, SAMSUNG DDRII667, certified under Fujitsu-Siemens standard, znaci jas gi stavam ovie na site FS laptopi i nema nikakov problem, cenata mislam deka e negde okolu 1000-1100den.
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,854
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
2000 денари, тоа е многу некултурен рекет. Јас би им се изнасмеал гласно и би им рекол "Добар виц, момци".

Во принцип нема да имаш никаков проблем со било кој SO-DIMM DDR2 533 или побрз. Гледај само да купиш две идентични плочки. И веќе кога купуваш нов РАМ, земи си DDR2-800 SO-DIMM и барем 2GB(2x1GB) кога веќе DDR2 e бадијала.

А тоа со компатибиилен и некомпатибилен...:LOL:, момците кои ти го продаваат знаат како да те заколат.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Муахахахахахааааааа!!!!!!!!

Како прво, нека ти го дефинираат поимот НЕКОМПАТИБИЛЕН. :LOL:
Колку што јас се разбирам, DDR модулот е НЕКОМПАТИБИЛЕН со конфигурација чија матична (и мемориски слотови на неа) се предвидени за DDR2. И обратно, разбира се. Или грешам? Нека ме исправат оние кои ти ги сервирале бабините деветини за компатибилни и некомпатибилни мемории. What an assholes.......
Постојат сертифицирани (ај, така да ги наречеме) мемориски модули, кои се тестирани од производителот на конфигурацијата и со кои лаптопот проверено работи без проблем. Што од друга страна не значи дека нема најисправно и без проблеми да работи и со модули од други производители.
Да резимираме. Тури им пепел на ваквите бош муабети кои ти ги сервираат со цел да ти увалат "компатибилен" модул и да се обидат да те одерат за цена.
Слободно земи си еден модул од 1 GB (667 или 800), или пак два такви, но исти. Постоечкиот извади го и стави го на оглас - можеби ќе се најде некој на кој му треба токму таков.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

kkxenon

Intern
22 мај 2007
38
0
Mr.Alien за ова си во право, за "компатибилните" се плаќа повеќе зошто самиот производител на компјутери ги има тестирано на своите машини и кажува дека тие на таа машина ќе работат без никакви проблеми. Јас како што знам самиот процес на тестирање на производ во производство на вакви работи зема околу 30% од цената т.е. ти можеш да купиш пример мрежни карти од кина на кило за многу ефтини пари кои ја тераар истата работа ама не се тестирани, не ти гарантираат дека ќе работат беспрекорно на Интел, амд машини и.т.н. Според мене, и обичната меморија би завршила работа но сепак и би межело кај нокои да настанат проблеми т.е да не работи 100% како што треба а тие мали проблеми да не бидат приметливи.
А фирмиве кога ќе се јавиш не ја нудат првин таа поскапата-тестираната туку кажуваат дека и обичната ќе работи во ред и дека тие до сега намале никакви проблеми со тоа...
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
alien таква е целата политика на дилерите кај нас
али а најдат некој што ич не се разбира
добро се омрсат
со исклучот на поединци, увек ги има
 
M

Mr.Alien

Гостин
@kkXenon

Верувај дека нема да има никакви проблеми со било која друга меморија која не е "а-тестирана" за односниот лаптоп, а која е целосно исправна. Ова од искуство, не само со лаптопови, туку и со матични плочи. На голем број модели на матични плочи е наведено во упатствата дека се препорачуваат тие и тие мемории, бла, бла,бла.....
Врска нема. Сум пробувал и со PQI и со Corsair, како и со Transcend (последниов кај еден модел матична беше во списокот на препорачани). Немаше никакви проблеми во работата ниту со стабилноста дури и при оверклок, освен што тест апликациите знаеја да покажат различни резултати, што е и нормално.
Сестра ми има постар модел на ASUS лаптоп, кој "под default" се добиваше со Transcend мемории. Со оглед дека кога го купував имаше само 512 MB RAM (Тranscend), го појачував со уште толку меморија. Ама за беља, немаше иста таква со тој капацитет.
Најдовме со продавачот два истоветни Nanya модели. Лаптопот и ден денес работи како сат - "спие", што би сме рекле.
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Мене ова компатибилна, некомпатибилна меморија ми изгледа дека сакале да кажат исти или различен модул на меморија од тој што го има лаптопот.
Али како што кажа Mr.Alien, нека дефинираат прво што мислеле со тоа компатибилност па потоа ќе разговараме.
 

StMartin

Баниран/a
24 февруари 2008
172
3
За мирно да си спиеш најдобро е да земеш идентични мемориски модули. Искрено ако ми е постар лаптопот, би зел каква било, а ако ми е нов, ќе се запрашам малку.
 

Baki

Intern
29 јануари 2008
46
0
Kakva glupost.:LOL:Zosto da dades 2000 den. koga mozes da pomines i so 800 den.Ja imam istata memorija na mojot Gateway i sega brzo napraviv interesna kombinacija.Imav 2 po 512mb a mi trebase 1.5gb.Vo Niko kupiv 1gb za 800 den,smeniv edna 512ka i sea imam kolku sto mi treba,1.5.Gi cita i se osekja pogolemata brzina.Ednata 512ka ja staviv na vtoriot laptop sto go imam i toj sega od 512 ripna na 1 gb.:bravo:
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,854
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Тоа се што го кажа Алиен е така.

Друга работа, сите мемории се тестирани, некои повеќе, а некои помалку.
Пред да се произведат модулите, сите мемориски чипови се тестираат и се сортираат во зависност од нивните перформанси (фреквенции, напони и сл. за кои работат исправно).
Потоа кога се прават модулите, секој модул се тестира(компјутерски) дали е функционален. Потоа, има модули кои се тестираат за стабилност на различни сетинзи. High-end и квалитетните мемории, производителите обично ги упаруваат по два, слични по перформанси, модули.

Од ефтините модули се тестират по неколку примероци од контингент од 1000 модули. Ако се воспостави неисправност, дополнително ја тестираат целата група од 1000 модули.

Дури и да земеш неисправна меморија, тоа ќе се покаже веднаш, па зошто е под гаранција веднаш ќе ја замениш.

Секоја матична плоча се произведува да работи со сите мемории кои се по JEDEC стандарди, а такви се сите budget/mainstream мемории. Ако таквиот модул е исправен, тогаш системот нема да има никаков проблем при работењето.

jas mislam od skapata no imam iskustvo so menuvanje na ram memorija na lap top (lesno moze da se rasipi:ua::ua:
Од коментаров, секој кој се разбира од хардвер ќе заклучи дека немаш никакво искуство.
 
M

Mr.Alien

Гостин
@ gOJDO
Се се сведува на две работи - или сакаат да го "ошурат" човекот терајќи го да земе поскап модул кој се обидуваат да му го тутнат за едно 700 - 800 денари повеќе (2000, како што вели), или пак продавачот/чката кој(а) го рекол(а) тоа толку разбира. Чуле нешто или некој им кажал па слепо веруваат во тоа.
Лично, преку глава ми е од такви. :ua:

@kkxenon
Еве, како илустрација, неколку цени (малопродажни) со ДДВ:

1GB Apacer DDR2 667 965,oo деанри
1GB Kingston DDR2 667 CL5 985,oo денари
1GB Kingmax DDR2 800 1.067,oo денари
1GB Transcend DDR2 667 905,oo денари
1GB Transcend DDR2 800 990,oo денари
1GB NCP DDR2 667 910,oo денари
1GB NCP DDR2 800 940,oo денари

2GB NCP DDR2 800 1.860,oo денари
2GB Kingmax DDR2 667/800 2.028,oo денари
2GB Kingston DDR2 667 CL5 1.995,oo денари
2GB Transcend DDR2 667/800 1.751,oo денари

Па сега ти kkxenon види што сакале да те убедат. :D

@gOJDO
Во право си за начинот на тестирање на евтините модули.
И токму тоа тестирање, кое го вршат врз неколку на шашма избрани модули, според мене не е реален показател на квалитетот на целата серија.
Ќе се покажат исправни, а меѓу останатите нетестирани се провлекол еден или два со грешка или слаб квалитет, и после неупатените купувачи спомнуваат мајки и шајки на фирмите кои склопуваат компјутери :D.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,576
Мислења
823,737
Членови
28,078
Најнов член
Korisnik13
На врв Дно