1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Како софтверски да го подесите вашиот IPS монитор

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од gokica, 17 Април 2014.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,552
    10,655
    13 Јуни 2009
    На форумов има многу поучна тема од колегата @psyside:

    http://forum.it.com.mk/threads/tестирајте-ги-способностите-на-вашиот-монитор.27541/

    Ви препорачувам да ја прочитате зашто е многу добро објаснето.

    Бидејќи истата се осврнува пред се на хардверска калибрација јас ќе се задржам на можностите да се потсреди мониторот со помош на бесплатни софтверски алатки.

    Во следната тема има поподробни информации:

    http://forum.it.com.mk/threads/Како-до-поживи-и-пореални-бои-на-мониторот-quickgamma.23406/

    Но сега ќе се задржам на основите без многу подробности.

    Симнете QuickGamma (работи на Windows 7 па нагоре - за XP има чаре но тоа ќе го презентирам ако има желба и потреба).

    Отворете на lagom.nl на страната за агол на гледање (важи најмногу за IPS/VA панели).

    Мониторот да биде во 24/32 битна околина, на максимум резолуција и во поставките кои ги користите во секојдневие (тие што за вас се најдобри).

    Отворете ја на цел екран оваа слика:

    dell lagom.jpg

    На овој тест идеално е доколку вашиот монитор гледан централно под прав агол прикаже целосно сив екран односно буквите "lagom" да не се видливи или да се што е можно помалку видливи.

    [​IMG]

    Отворете ја QuickGamma која веќе сте ја инсталирале.

    [​IMG]

    Горе на сликата гледате два прозори. Првиот е оној кој ве пречекува кога го старувате програмот а вториот (десно) се отвора кога ќе притиснете на копчето "Gamma".

    Прво пробајте во првиот прозор (лево) на плусот и минусот да додавате или одземате вредности додека во позадиба ви е отворен браузерот со тестот од lagom.nl.

    Кога ќе ги добиете најдобрите резултати може да се премине на вториот чекор:

    http://www.lagom.nl/lcd-test/sharpness.php

    Отворете го овој тест погоре и настојувајте колку што е можно кругот во средина да е изедначен со квадратите во поглед на сива боја и нијанси.

    Не треба да е ни потемен ни посветол. Во најмала рака најсличен.

    Кога ќе завршите и ако двата теста се идеални може да кликнете на ОК за да програмот ви го постави тој ICC профил.

    Доколку не ги постигнете посакуваните резултати кликнете на Cancel за да не ви зачува нов профил.

    Како водилка за приказот на сивите нијанси нека ви биде форумов во неговата бела варијанта (стандарден ИТ.КОМ.МК изглед). Имено таа е кремаста/сивкаста а сите реплики се скроз бели. Ако во пост во кој има реплика може да забележите разлика во белата боја на добар пат сте.

    Исто така сајтот на Yahoo може да биде репер. Ако насловната е цела бела тогаш сивите нијанси на мониторот не се како што треба. Централниот дел со сликички и текст е бел а додека вон него позадината е сивкаста.

    Ќе дополнам наскоро...
     
    На Krkac, shifty, psyside и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. Roncic

    Roncic
    Гостин

    +1 за гајдот....
    Доколку имате нвидиа графичка и другар/ka со оштро око слободно можете да го калибрирате вашиот монитор без додатни програми :). Само ран оптимизејшн визард.
    Иначе додаток - секој следен чекор при софтверска калибрација го расипува претходниот, затоа немојте да земате при срце доколку не ги добиете посакуваните резултати со првиот обид.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,648
    13,007
    2 Август 2012
    Машко
    Јас оваа фора можам да ја приметам но кога на оваа стандардна тема некој постави слика со бела позадина и тогаш позадината на форумот е потемна. Ова со репликиве не можам да го видам (дури ни во Photoshop кога пробувам да го видам скриншотот со levels)
    Yahoo го гледам од сто километри

    Dell 2412
     
  4. gokica

    gokica
    Модератор

    8,552
    10,655
    13 Јуни 2009
    Пробај со погледот по вертикала од горе на долу или обратно на пост со реплика дали ќе забележиш разлика. Всушност кремаста е погрешен израз. Соодветно е сивкаста.
     
  5. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,648
    13,007
    2 Август 2012
    Машко
    Ќутук сум....
    Де те молам заокружи кај треба да гледам?

    Untitled.png
     
  6. gokica

    gokica
    Модератор

    8,552
    10,655
    13 Јуни 2009
    Во мојот претходен пост ти реплицирам. Текстот кој го цитирам е во правоаголник кој има посива лента со твојот ник на почетокот а под лентата е текстот кој го цитирам.

    Е тој правоаголник под лентата со никот (со текстот од твојот цитат) е за нијанса различен од позадината.

    Пробај и со мала промена на контраст во сетингот (копчињата) на мониторот дали ќе има диференцијација но запомни на кој сетинг ти бил првично за да го вратиш ако треба.
     
  7. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,648
    13,007
    2 Август 2012
    Машко
    :D

    На погрешна тема сум бил. Бев на стандарден xenforo изглед. Ја наместив и сега гледам како што треба, односно ја гледам разликата.
    Подесувањата ми се 35% светлина и 75% контраст. Не користам профили и сум на Standard профил.
    Кога го зедов мониторот експериментирав на lagom и на моја среќа морав да подесувам само светлина и контраст.
    Ваљда ми се паднал добар панел.



    btw
    Кога некој има ставено слика со бела позадина (на форумов) гледам јасна разлика без напрегање.
    Каде што се стрелките има јасна разлика.

    33.png
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gokica

    gokica
    Модератор

    8,552
    10,655
    13 Јуни 2009
    Ах, да извини воопшто не го видов скриншотот погоре кој кажува дека не си на стандардниот IT.COM.MK изглед. Фала ти за ова зашто на други може да не им е јасно што сум сакал да кажам.

    Едит: да кога има фотографии со бела позадина исто треба да се видливи.
     
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,780
    27,476
    4 Септември 2008
    Oдлична тема Гокица, многу корисно.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. reng
    Одговори:
    23
    Прегледи:
    2,422
  2. psyside
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,070
  3. psyside
    Одговори:
    42
    Прегледи:
    4,249
  4. freeman
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    789
  5. psyside
    Одговори:
    52
    Прегледи:
    3,193
Вчитување...

Сподели

Вчитување...