1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Како можам да снимам програма од Zulu.mk

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од WikiLeaks, 27 Февруари 2011.

  1. WikiLeaks

    WikiLeaks
    Intern

    204
    9
    10 Февруари 2011
    Како можам да снимам програма од Zulu.mk ????
    некое програмче, аддон или што било што ке ми даде да снимам програма од зулу.
    Поздрав
     
  2. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,837
    824
    14 Декември 2007
    Машко
    Game developer, VFX Artist
    Јас лично си користам обичен олд скул метод.. Доколку имаш подобар интернет ( за да нема сецкање, доколку тоа ти пречи на пример ), преземи Replay Video Capture, означи прозорецот за извор, иииии.. тоа е тоа.. Големината на видеото е релативно мала.
     
  3. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,255
    857
    8 Мај 2010
    Машко
    ^ имаше опција кај зулу за фул скрин, кај ова твоево програмче дали може да се селектира целиот екран? го немам користено па онака прашувам. Тогаш резолуцијата на видеото би била колку што е резолуцијата на компјутерот.
    Поправете ме ако грешам.
     
  4. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,709
    30 Мај 2010
    Мислам дека би можело.

    Не знам дали на фул скрин се зголемува резолуцијата или само ја развлекува сликата.
     
  5. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,837
    824
    14 Декември 2007
    Машко
    Game developer, VFX Artist
    Можеш фул скрин. Едноставно го штиклираш цел екран, и го уклучуваш.

    Исто така и со camtasia, како по користена солуција можеш да го изведеш тоа, но таму “тежината“ на фајлот ќе биде далеку поголема.

    На фул скрин само се развлекува сликата. Со просечен 18-22 инчен монитор, ќе можеш да го добиеш тоа што го нуди Зулу., Доколку оригиналот на видеото е на пример DV - NTSC со 720h 480v, воопшто не влијае големината на твојот екран. И колку инчен да имаш, единствено што ќе направиш е што ќе го развлечиш, а со тоа губиш квалитет на слика.
     
  6. WikiLeaks

    WikiLeaks
    Intern

    204
    9
    10 Февруари 2011
    Фала момци, го инсталирав Replay Video Capture и работи супер.
    :D :D :D :D :D :D
     
  7. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,255
    857
    8 Мај 2010
    Машко
    додуша тоа би му дошло исти ку*ац ако го снима во онаква резолуција. он пак може кога ќе го пушта во плеер со двоклик да му дојде фул скрин :) малце го тупев погоре :))
     
  8. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,297
    3,702
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
  9. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,837
    824
    14 Декември 2007
    Машко
    Game developer, VFX Artist
    Replay Video Capture всушност претставува софтвер за снимање на екранот. Како позитивен додаток е додадено тоа што можеш да си селектираш кој прозорец да ти се снима.. И со гледањето, всушност правиш и видео копија на хард.

    Значи, како што кажав погоре, намената е иста со camtasia ( најкористеното за таква намена ), но позитивноста овде е што фаловите се далеку помали, а квалитетот е одличен.

    Сума сумариум: Се` ти што можеш да гледаш на компјутер - Replay Video Capture може да го снима ( независно дали онлајн од видео, или ти правиш видео туторијал..
     
  10. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,297
    3,702
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Тој дел ми е кристално јасен - дали некој во пракса го пробал на горенаведените сајтови ми е нејасно и сакав да го чујам :)
     

Сподели

Вчитување...