dekomote
Скептик
dekomote's setup
- Processor & Cooler
- Ryzen 9 9950x + Arctic Liquid Freezer ||| 360
- Motherboard
- X870 Aorus Elite WIFI7
- Storage
- Samsung NVME 980 Pro, Synology DS 920+
- PSU
- NZXT C850 ATX3.1
- RAM
- 2x16GB G-Skill 6000 CL32
- Video card
- EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
- Case
- Fractal Design North XL
- Mouse
- Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
- Keyboard
- Keychron Q1 Max
- Audio
- Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
- Monitor
- Dell S2721DGF 165Hz HDR
- OS
- Fedora
Знам дека повеќето ги имате овие звучници, па ако некогаш ви се случи како мене видете го моето решение за инспирација. Поприлично е едноставно и ефтино а крајниот резултат е одличен.
Моите цркнаа пред неколку месеци после 2-3 години активно слушање, цркнаа многу (со изгорени трејсови со сѐ) и не можев да ги поправам како што беа.
Малце DIY и алиекспрес делови и звучат подобро од оргинал.
Ги модував со помош на:
1. Стерео TPA3116 модул од алиекспрес
2. 19V адаптер од стар лаптоп (може да се користи адаптер од 12 до 32V DC)
3. Конектор за адаптерот што се монтира на шасија
4. Жици, леткум, парче протоборд
Најпрво ја отстранив цела електроника од задниот панел на активниот звучник и го одлемив прекинувачот и конекторот за струја.
На задниот панел ставив конектор за barrel jack за адаптерот, и го поврзав со прекинувачот напред (има доволно долги жици).
Од прекинувачот вратив во ТПА плочката.
Од плочката ги одлемив RCA влезовите и ги вратив на место, на нив залемив 3 жици (влез).
Го одлемив предниот потенциометар од daughter board-от и на него ги залемив трите жици од влез, а спроведов 3 према ТПА плочката (влез во појачало).
Едниот излез од ТПА го спроведов кон конекторите за пасивниот звучник
Другиот излез го спроведив до мини скретница (само еден кондензатор) што го одлемив од оргиналната плочка. Истата скретница е и во пасивниот звучник, така што еднакви ќе се.
Скретницата е најелементарен high pass filter до високотонецот.
За напојување искористив стар адаптер од лаптоп, 19V. Плочкава поддржува од 12 до 32 волти, на 12 волти имаше многу изобличување.
Дупките што останаа ги затворив со лепење парчиња микропорозна гума со неостик врз нив. И фабрички се така затворени.
Повелете слики.