1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Како до поживи и пореални бои на мониторот - QuickGamma

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од gokica, 14 Август 2011.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,495
    10,515
    13 Јуни 2009
    QuickGamma е едноставен програм за калибрирање на гама и RGB бои на монитор.

    [​IMG]

    Постои одамна а јас го употребив денес за прв пат и сум задоволен од резултатите.

    Не треба да сте вични во областа нити да имате било какви предзнаења. Програмчето е мало и едноставно за употреба. Може да направи чуда посебно со TN панели. Јас го користев под XP и се е едноставно. Компатибилен е со 7мица но не можам да потврдам за тоа како под тој ОС функционира.

    Се што треба е да се стартува програмот и да се следи упатството.

    На првиот скрин треба да се подеси осветлување и евентуално контраст на мониторот (не софтверски туку на мониторот) така што вертикалниот црно сив бар „А“ да биде видлив до точката 1.8. Над неа да е црн а под неа да осветлува накај сиво.

    Потоа во делот за гама треба истата да се подеси преку копчето Monitor Gamma на точката 2.2 да се прекршуваат двата вертикални барови од сиво во светло сиво. Уште подобро е да се активира Gamma копчето горе лево (црвено, зелено и сино топче на него) и за секоја боја засебно да се сетира гамата така што прекршувањето на двете нијанси да биде во средина за секоја боја.

    Програмот може да се најде овде:

    http://quickgamma.de/indexen.html

    Сајтот води кон многу интересен туторијал за калибрирање.

    Доколку фабричките сетинзи не се сјајни и успешно се изврши балансирање на гамата мониторот ќе започне да изгледа многу подобро и ќе извлечете супериорни бои во споредба со порано.

    Контрастот игра огромна улога. Главната страна на форумов нека биде водилка за добро подесен контраст. Насловот на секоја секција е во поле кое има сива кон бела нијанса од горе кон доле. Ако не ги гледате полињата од насловите така тогаш односно ако се чисто бели без сива нијанса од пола нагоре тогаш контрастот на мониторот е силен.

    Знам дека најголемиот број од членовите на форумов веќе точно знаат за што говорам во темава но можеби на некого сепак ова ќе му помогне.

    Се извинувам ако веќе за ова е напишано на форумов.
     
    3 « број на членови на кои им се допаѓа ова.
  2. Ghost

    Ghost
    Intern

    121
    16
    3 Декември 2010
    Машко
    реп+, одличен пост
     
  3. masterficx

    masterficx
    Gaining Experience

    1,345
    349
    5 Јули 2009
    сајтот е одличен и туторијалот е детално напишан со многу убаво објаснување, ти благодарам
     
  4. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    Ако ве мрзи да си играте со програмот, еве го истото на вебсајт: http://www.lagom.nl/lcd-test/
     
  5. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,060
    4 Септември 2008
    Фала ти Гокица за тестовите.

    Лагом тестот го поминав со максимален успех т.е. сите тестови беа успешни, контрастот, деталноста на црната, аголот на гледање, сатурацијата на белата, успеав да ја видам разликата помеѓу најсличните елементи, пример: имаше видна разлика во тестот за контраст помеѓу полињата 31/32 кои се скоро идентични :bravo:
     
  6. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,408
    11,631
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Одличен програм, го користам со години (откако баталив Adobe Gamma :rolleyes:).

    Само мала напомена за почетници (повторување, gokica веќе кажа): програмот не е за лаптоп. Мониторот треба да има хардверски команди за подесување на контраст, осветленост... што лаптопите најчесто ги немаат.
     
  7. maci

    maci
    On your way to fame

    2,885
    648
    2 Април 2008
    бидејќи нагласи ѓокица не го пробал на вин7,дали од членовите го пробаа на вин.7?
     
  8. boro1

    boro1
    Practice makes perfect

    1,629
    1,294
    13 Август 2009
    Машко
    дап, работи на Windows 7 64-bit Ultimate SP1
     
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,495
    10,515
    13 Јуни 2009
    Кој од вас си играл со Digital Vibrance (nVidia) или Saturation (ATI/AMD)?

    http://www.nvidia.com/object/feature_dvc.html

    [​IMG]

    [​IMG]

    Преку благо тонирање на овој сетинг нагоре може да добиете приказ на ТН панел кој ќе биде посличен (не ист се разбира) на IPS панел. Овој сетинг ја менува сатурацијата на боите односно ги прави подречави од нормала а во игри знае да функционира добро.

    [​IMG]

    Знам дека на 99% на членовите ова им е познато но можеби некој не се интересирал за ова до сега па не го испробал.
     
  10. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,810
    5,012
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Јас играм со digital vibrance i saturation ,пеколно добри sexy сетинзи :)
    btw ,saturation има и во nvida панелот ,во adjust video color seting ....е тој сетинг...не знаеш :) Врхуњска слика се добива :)
     
    1 person likes this.
  11. gokica

    gokica
    Модератор

    8,495
    10,515
    13 Јуни 2009
    Да, во видео колор сетингс работите знаат да се изменат драматично посебно со dynamic range во advanced. Доколку панелот е во можност да прикаже длабока црна боја и доколку има висок контраст сликата добива нова димензија. На ТН панел често овој сетинг доведува до губење на сенките и тоа е доказ колку панелот добро репродуцира темни нијанси.

    Да најдам време па ќе споделам омилени сетинзи во различни модови (видео, десктоп, гејминг итн.). Се разбира на различни панели и тие се различни но сепак ќе може да се добие претстава.
     
  12. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,249
    1,402
    10 Септември 2010
    Ај едно можеби глупо прашање, дали може овие програми да се искористат за калибрација на плазма тв или намената им е за монитори (TN , IPS)?
     
    1 person likes this.
  13. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,600
    5,165
    20 Април 2007
    Машко
    Овие програми се онака, да речам аматерски колку да се залажеш дека нешто си добил...
    Можат да послужат и за тоа, меѓутоа доколку треба да се направи подесување на бои, светло контраст итн за професионална употреба, се знае кои алатки се користат :D
     
    1 person likes this.
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,365
    27,060
    4 Септември 2008
    Све што ќе добиеш е прејаки и нереални бои, кои дречат ака Самсунг :D
     
    1 person likes this.
  15. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,249
    1,402
    10 Септември 2010
    Фала salesk и psyside, тогаш не се замарам со ова, ми се свиѓаат боите како неутрални и нијанса топлост како што се сега.Мразам дречави слики :)
     
  16. gokica

    gokica
    Модератор

    8,495
    10,515
    13 Јуни 2009
    Да, во поглед на сатурацијата нити за плазма нити за IPS туку најмногу за TN панел и тоа само за ограничена средина на употреба како игри на пример.

    Но софтверот за кој е отворена темава е софтвер кој во делот на гамата врши промени во LUT врз основа на општо востановено правило за гама шифт на специјализирани вертикални линии и нема зошто да не може да се користи на било кој панел кој е врзан на PC. Софтверот за кој се говори тука е наменет за профили под виндовс кои може да се менуваат според потребите на корисниците. Значи ова е софтверско калибрирање кое може да даде задоволителни резултати посебно доколку гамата фабрички е лошо сетирана (што е поредок случај денес). Ама сепак говориме за виндовс околина. Моето мислење е дека за калибрирање „од око“ кое никогаш нема да биде до крај успешно сепак корисникот треба да има сенс за тоа како изгледа калибриран монитор. Инаку само ќе си експериментира можеби и до недоглед.

    Но како и да е QuickGamma сепак дава задоволителен резултат за калибрирање баш како што реков „од око“.
     
    1 person likes this.
  17. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,810
    5,012
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Сатурација сетингот е баш да се намалт прејаките бои. Многу е погоден за самсунзи баш.. :)
     

Сподели

Вчитување...