1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Како до подобра фотографија? - 1 дел

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од M.Pix, 19 ноември 2016.

  1. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    693
    2,299
    27 Јануари 2014
    Машко
    Доста често слушам „Ех, да имав и јас таква камера ќе направев добра слика". Не, немаше да направиш добра слика со таква камера. Ако имаш око за фотографија, ќе направиш добра слика со било каков апарат. Под било каков подразбирам телефон, мало камерче т.е. идиотче, дслр, и се што е возможно да фотографира.

    Не е битна опремата, колку што е битно окото и композицијата. Приказната се цени и оценува, не опремата што е искористена. На голем број светски натпревари победници најчесто се оние што имаат големо исо, евентуално изгорена слика или премногу темна, со многу неправилности. Тие слики имаат приказна позади себе и добра композиција. Џабе е скап апарат, скап објектив и било каква фотографска опрема ако не знаете да го пренесете тоа што се наоѓа пред вас.

    Убаво е да се читаат и гледаат туторијали. Лошо е кога сакате да ги добиете истите слики и ефекти. Трудете се секогаш да го доловите тој момент што го гледате преку вашето око или на уникатен начин. Не се трудете да рекреирате иста слика како фотографот што ве инспирирал да отидете на таа локација. Уникатност, е многу битна работа. Сега во првиот дел ќе се задржам на композиција.
    Членот @gokica веќе ги има објаснето основните поими на следнава тема. Поради тоа нема да се задржувам да ги објаснувам овие поими и се надевам дека веќе ги знаете.
    Пред да почнеме сакам да напоменам дека ова се правила за композиција. Ама тоа не значи дека истите мора да се почитуваат. Ова се само еден вид насоки кои ќе ви помогнат. Истите правила се прекршуваат.


    1. Правило на третини
    Ова правило е едно од најпознатите. Често се употребува кај фотографите и лесно можете да го забележите на некоја фотографија. Поделете ја фотографијата на 9 еднакви делови со 2 хоризонтални и 2 вертикални линии. Според ова правило главниот елемент треба да биде поставен на позицијата каде што линиите се среќаваат. Често ќе треба да менувате локација и да движите околу главниот елемент што го фотографирате.

    Не е грешно ако елементот што го фотографирате го поставите во центар на фотографијата, но пробајте малку по различно со правилото на третини. Ќе се изненадите колку различен ефект ќе добиете. Човековото око подобро реагира на ова правило кога главниот елемент не е во центарот на фотографијата.
    Поскапите апарати ја имаат оваа функција па можете да изберете Grid од 9 или 16 делови. Потребно е многу вежбање, и не секогаш е потребно елементот да е точно центриран на линиите.

    1.jpg
    2.jpg

    Што би рекле некои луѓе артои чоече!
    3.jpg

    2. Балансирање елементи

    Правило на третини, ама не баш. Со правило на третини често можете да добиете празна слика или премногу празен простор. Сликата може да ја оставите таква и да има минималистички изглед како горната слика или да балансирате повеќе елементи. Тука главниот предмет исто се поставува како кај правилото на третини со тоа што го балансираме со друг елемент во позадина за да не добиеме празна слика.

    4.jpg
    5.jpg
    6.jpg

    3. Водечки линии... wtf? Leading lines
    Едно од моите омилени правила. Воедно и најпријатно за човечкото око. Неможе да не го забележите ова правило на фотографија. Кога ќе ја видите фотографијата самото око гледа во главниот елемент затоа што насоките водат кон него. Главниот елемент се позиционира на крајот од водечката линија, а и немора да значи дека треба да има елемент на крајот на линијата.
    Овие линии во фотографија често ја поврзуваат позадината со предниот дел на сликата и добива еден вид длабочина. Вакви линии има насекаде околу нас. Линиите најчесто започнуваат од доле и го водат нашето око нагоре кон фотографијата. Пат е најубав пример за ова. Кога добро би го фотографирале ќе добиете чувство на движење, далечина и слично. Патот некаде води, најчесто и не го гледаме крајот. Но, има и случаеви кога на крајот на патот нешто не очекува. Она главното.

    7.jpg
    8.jpg
    9.jpg


    4. Симетрија
    Има луѓе кои обожаваат симетрија и оние кои сакаат да скршнат од неа и да ги остават работите неизбалансирани. Симетрија исто така има скоро секаде. Со малце труд можеме да ја доловиме и да ги направиме работите избалансирани. Тоа е она правило каде што сликата ја делиме на два дела. Хоризонтално или вертикално сеедно. Левиот дел од центарот треба да е идентичен со десниот т.е. горниот дел од сликата треба да е идентичен со долниот.

    Прилично е лесно да се долови овој ефект, со доволно балансирање на камерата или во пост-продукција.
    Ова правило може да важи за целата фотографија но и за дел од неа.
    10.jpg
    [​IMG]
    [​IMG]

    5. Кадрирање (лош превод) или Framing
    Пробајте ги сите композиции погоре. На крај пробајте ги истите со тоа што ќе ги кадрирате односно ќе вметнете еден вид рамки. Главниот елемент не е битно каде ќе се наоѓа на фотографијата. Она што е битно е да истиот се наоѓа меѓу други елементи така што фокусот сепак ќе остане на главниот елемент, а не на "рамките".

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]


    За секое од овие правила на композиција е потребно вежбање. Без разлика дали имате добра камера или не со воведување на овие правила ќе го подобрите квалитетот многу. Правилата се и за да се прекршат. Е, ова прашање многу ме мачеше кога јас почнував со фотографија. Зошто правила, ако истите треба да се прекршат?
    За прво да ги прекршите правилата, треба да ги знаете истите. Пробајте, вежбајте па споделете резултати. Ако има интерес, ќе продолжам со втор, трет дел.
     
    На theMAD, HardCorec, FLEGMA и уште 52 други им се допаѓа ова.
  2. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,235
    1,345
    10 Септември 2010
    @M.Pix , тотално не ме интересира фотографија, ама кога ги читам твоиве постови си велам како барем трошка талент немав во мене за ова :)

    За мене лично од голема помош пост.
     
    На Psycore, mviktors, Gaston и уште 3 други им се допаѓа ова.
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,446
    25,343
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    То благодарам. иде стики.
     
    На Psycore, igor_xxxx, Gaston и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,406
    25,849
    4 Септември 2008
    Ки не ње! фантастично објаснето. Се надевам оваа година на уште поголеми сензори у телефониве барем 1/2.0 па така да бидат уште побиску до DSLR-те.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    светло! без добро светло нема добра фотографија! фотос / графос = цртање со светлина.

    јас би го поправил постот, не е битна опремата колку што е битно светлото.

    Испратено од LG-D855 преку IT.mk форум апликација
     
    Boce!, moongose и на Oktar им се допаѓа ова.
  6. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,606
    2,426
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Ваквите постови се златни. Не сопирај тука.
    Браво @M.Pix
     
    На M.Pix му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,832
    2,675
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Нема што да се поправа, сигурно ќе дојде светлото во вториот дел, почнато е со правила за композиција.
     
    На alumen :) и Whisky Vishera им се допаѓа ова.
  8. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,680
    3,820
    1 Септември 2011
    Машко
  9. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    сепак, мораш прво да имаш светло за воопшто да направиш фотографија :)

    Испратено од LG-D855 преку IT.mk форум апликација
     
    На alumen :) му/ѝ се допаѓа ова.
  10. alumen :)

    alumen :)
    On your way to fame

    1,125
    596
    6 Јануари 2012
    Машко
    WOW, прекрасно објаснато. Алал да ти е. Жално ќе е ако нема 2+ делови.. :)
     
  11. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    693
    2,299
    27 Јануари 2014
    Машко
    Како е тргната работава, се надевам за брзо ќе го видиме тоа.
    Баш ми е мило што некако помогнав. Ќе има повеќе делови ќе објаснам се детално. До следно слободно време :)
     
    На Psycore, Krkac, igor_xxxx и уште 3 други им се допаѓа ова.
  12. OldSchoolPvP

    OldSchoolPvP
    Practice makes perfect

    748
    1,181
    13 Февруари 2014
    Машко
    Супер објаснето досега само првото правило го употребував ретко кога сликам со телефонот а не ми се уклучени gridlines, ама еве денес дознав и за други што се надевам дека ке ги применам во иднина.
     
  13. Boce!

    Boce!
    Gaining Experience

    117
    163
    4 Август 2017
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    915
    1,397
    6 ноември 2007
    Да прашам нешто околу shutter speed....
    На prime леќа - Како да се постигне максимум кога во затворен внатрешен простор нема доволно светло?
    Да речеме ќе ја отвориш блендата ете f2, што правиме со shutter speed сите објаснуваат како тоа брзо затварање бленда се користи за фаќање објекти во движење a споро затварање со стативи се прават оние интересни фотки со motion blur а никој не објаснува како да се користи тоа за осветлување на фрејмот? Кревање ISO не ми помага толку колу успорување на блендата. На 1/30, 1/15 веќе имам доволно светла слика али матна. Ми се тресат рацете :) ISO се држи на некој 800 аутоматски. Фактички без OIS нема шанси да сликаш во затворена просторија?
     
  15. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    693
    2,299
    27 Јануари 2014
    Машко
    Не знам што фотка сакаш да извадиш, но ако намалување на бленда не ти помага друго чаре ти е кревање исо или користење светло. Трипод ако користиш ќе го оставиш шатерот на пократок интервал, а ако сакаш да фатиш нешто во движење и ти треба поголем шатер ондак блиц е чарето. Блицот на еден начин ја замрзнува сликата дополнително и добиваш поголема острина. Но, пак ќе кажам се зависи од тоа што сликаш и што сакаш да постигнеш. Се се сведува на светото тројство - бленда, шатер и исо :D
     
    StalkeR, Boce!, Oktar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  16. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,628
    1,398
    27 Јануари 2011
    Машко
    За твојот случај ќе треба трипод, тоа е предолга експозиција за фотографирање од рака. Или стави го апаратот на маса или некое постоље и намести одложено окинување 2-10 секунди, за избегнеш поместување при окинување.
     
    На StalkeR и gokica им се допаѓа ова.
  17. gokica

    gokica
    Модератор

    8,408
    10,252
    13 Јуни 2009
    Се согласувам со двата поста погоре. 1/15 е премногу да се очекува од раката на тој кој фотографира. Дури и стабилизација најверојатно нема да те спаси. Побрз шатер и повисоко ИСО е единствената опција во твојата ситуација (без доволно светло).

    Јас лично на секој кој започнува со фотографија му препорачувам објективи со стабилизација. Прајмовите се најдобри но за да се користат успешно потребно е повеќе искуство.

    Значи мора да експериментираш со различни сетинзи се додека не научиш што најмногу одговара во дадени услови. Не очекувај дека во два-три дена и со педесетина фотографии ќе ги совладаш техниките на добра експозиција.
     
    На StalkeR и Boce! им се допаѓа ова.
  18. stefan_off

    stefan_off
    Gaining Experience

    321
    266
    29 oктомври 2009
    Фотограф
    Или ако сликаш RAW да ставиш 1/30 или 1/60 да ти е малку темна сликата па после во LightRoom да дигнеш експозиција за +1, било која камера ако е од последните 1-2 години може да издржи +1 на експозиција.
     
  19. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,365
    3,074
    24 Септември 2012
  20. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,952
    2,191
    19 Јули 2013
    Бленда, осетливост (исо) и време на експозиција се трите параметри што ја одредуваат експонираноста на фотографијата. Порано за да смениш исо требаше да ставиш поскап филм, сега тоа е електронски па дава поголема флексибилност при фотографирањето.

    Доброто е што чекорите при зголемување или намалување се на сите исти (се удвојуваат или преполовуваат).

    Така бленда 5,6 со експозиција 1/1000 е исто со еден број позатворена блена - 8 и една вредност на експозиција подолу - 1/500. Ако ја отвориш блендата за еден број на 4, експозицијата треба да ја скратиш на 1/2000. Исто е и со исото.

    Правилна експозиција може да се направи со дузина различни вредности од овие параметри, но фотографиите ќе се разликуваат. Многу отворена бленда значи плиток фокус, со кратка експозиција ќе има нешто матно, дали објект што се движи, дали цела слика ако раката ти тресе, со големо исо ќе се јави зрно.
    До 1/60 можеш да вадиш остри слики од рака, за една вредност пократко треба да си снајперист (стабилна подлога, цврсто држење на апаратот, да не дишиш додека окинуваш), а за уште пократко само со статив.
     

Сподели

Вчитување...