• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Како до патент за програм?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

neshanski

Intern
22 септември 2008
2
0
Здр. до сите!
Eдно прашање, можеби две... :)

Завршив со програмче во Delphi & MySql. Клиентот сака да го патентира програмот. Како и кои се Вашите искуства со ова?

Поседувам лиценциран Delphi 2007, сите компоненти што ги користам во програмот ми се лиценцирани (tms, microolap mysql-dac, fast-report ...) и моментално очекувам одговор од MySql за цена и кој тип на лиценца треба да го купам од нив.

На сајтот на заводот за индустриска сопственост (http://www.ippo.gov.mk) не најдов многу информации за патентирање освен неколку основни формулари...
Ништо не пишува за процедурата, упатство, колку се плаќа, каде, што, како, кој...

Секој одговор е добредојден.
Поздрав
Нешо
 

StarBuck

Intern
16 февруари 2008
1,295
48
Берлин
StarBuck's setup  
Processor & Cooler
Quad-Core Intel Xeon E5 3,7
Storage
256 GB SSD
RAM
12 GB DDR3-RAM
Video card
Dual AMD FirePro D300 GDDR5 4GB
Monitor
IPS
OS
Yosemite
Пред една година ја разглабав таа тема, софтвер не може да се патентира, освен ако не е во склоп со хардвер...

PS. Сега ми текна, и за некои посебни видови на софтвер беше, мислам дека се работеше повеќе за математички проблеми-алгоритми каде што постои само едно решение (софтверско) за одреден проблем... Комплицирано е бајаги...
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Најголем проблем со заштита на патенти, авторски права и слични работи е изменета. На оригиналот кога ќе се направат одредени модификации - измени, тогаш добива нов лик и џабе заштитата, веќе не важи.

Контактирај со Берин, агенција за интелектуална сопственост ( www.berin.com.mk )
Тие ќе ти излезат во пресрет и отворено ќе ти ги кажат предностите на патентирањето, како може да се патентира, за колку пари - колку заштита ќе може да се добие, затоа што има повеќе варијанти на заштита. Така според можностите на клиентот и твоите ќе можете да си изберете начин за заштита.
После заштитата, тие ќе ви дадат нешто како сериски број и текст кој може да оди на патентираниот производ со кој се гледа заштитата.
Во многу случаи, се става колку толку заштита на одредена сопственост бидејќи делува психолошки на тој што ќе сака да ја "украде", злоупотреби, отколку што стварно правно ќе го заштити производот.
 

D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,908
www.iwmnetwork.com
Софтверот во многу случаи се третира како *идјеа* и неможе да се патентира, но затоа може да се патентира начинот на кој тој софтвер е создаден и како функционира.

Доколку клиентот сака со помош на патент да запре било какво создавање на сличен софтвер на пазарот - нема да може, освен ако конкурентниот програм не е чиста копија и содржи делови од твојот програм.

За информации, најдобро јави се во заводот за индустриска сопственост.
 

Garfield

Intern
9 декември 2007
277
5
Патенти? Не благодарам!!!

Една од најглупите работи е патентирање на софтвер. Против тоа се борат многу паментни луѓе како Richard Stallman кој е основач на Free Software Foundation, треба да прочитате некое негово интервју кое е на темата патенти на софвер, и ќе увидите колку се штетни тие патенти за програмерите.

Патентите им одговраат само на огромните корпорации кои трупаат патенти и имаат само по некој милион патенти, со кои ги уништуваат помалите програмерски фирми од нив.

На пример јас како поединец правам некој многу добар програм кој вреди можда милиони, но за некоја моја несреќа Microsoft ја има патентирано некоја технологија која јас ја користам (дел од код), и доаѓа Били и ми вика продади ми го софтверот за некоја илјадарка или ќе те тужам и ќе те уништам. И јас останав со куси ракави.:plachko2:

За среќа се уште во Европа не постојат патенти на софвер но планираат да ги воведат за некоја година.:ua:

Еве еден линк за информации http://en.wikipedia.org/wiki/Software_patent
 

spiderman

Intern
16 април 2007
783
44
Проба да се донесе закон за софтверски патенти во Европска Унија но Полска беше таа која што го одби предлогот Viva La Poland :bravo::)
 

D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,908
www.iwmnetwork.com
Garfield и spiderman отворете нова тема за тоа. Сите идни постови поврзани со таа тематика ќе бидат избришани од оваа тема.

Прашањето на neshanski е друго.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

neshanski

Intern
22 септември 2008
2
0
Благодарам за одговорите, веројатано ќе се обидам со Берин по советот на Taurus.

поздрав
Нешо
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,506
Мислења
822,119
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно