• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Како да се намали гласност на електро мотор

  • Ја почнал/а темата
  • #1

skullmonkey

Unstoppable
25 април 2007
4,287
3,276
Скопје
www.gorast.com
Кој се бави со сервисирање на електромотори? Моторот е 2 коња, 180 волти, 5400 РПМ на 8 ампери. Станува збор за мотор за трака за трчање.
Во мојот случај сакам да ја намалам бучавата. Пред да го сменам ребрастиот каиш сакам да го сервисирам и моторот.

IMG_4238.jpg IMG_4239.jpg

Од мое искуство тоа го прават винклери (поправете ме ако сум грешка) па ми треба насока ако некој има контакт од човек што тоа го праи.

Фала ви.
Г
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,337
1,437
Евентуално ако има расипан лагер да се смени, инаку според мое искуство превинклован (пренамотан) електромотор е неколкукратно понеквалитетен од оригинален. Веројатно некој и нема да се сложи, но ова е според лично искуство кога моторот неколкупати прегоруваше потоа.
 

maci

On your way to fame
2 април 2008
3,046
722
Кој се бави со сервисирање на електромотори? Моторот е 2 коња, 180 волти, 5400 РПМ на 8 ампери. Станува збор за мотор за трака за трчање.
Во мојот случај сакам да ја намалам бучавата. Пред да го сменам ребрастиот каиш сакам да го сервисирам и моторот.

Погледнете го атачментот 102002Погледнете го атачментот 102003

Од мое искуство тоа го прават винклери (поправете ме ако сум грешка) па ми треба насока ако некој има контакт од човек што тоа го праи.

Фала ви.
Г
најефтина варјанта:изолирај го местото околу,ќе намали на бучава
инаку ,отварање,лагери...мењање...заебанции
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

skullmonkey

Unstoppable
25 април 2007
4,287
3,276
Скопје
www.gorast.com
најефтина варјанта:изолирај го местото околу,ќе намали на бучава
инаку ,отварање,лагери...мењање...заебанции
Нема таква опција тоа. Ќе грее, а затворено е во куќиште.
 

Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
165
329
Прво треба да бидеш сигурен дали бучавата доаѓа од самиот мотор, или од некој друг подвижен дел (запчаници, лентата за трчање, итн.). Ако проблемот е во моторот, тогаш тоа е само проблематичен лагер - едноставно треба да се замени со некој поквалитетен. Замената на лагерот мора да ја направи мајстор. Добро би било и да се провери состојбата со подмачкувањето на сите подвижни делови.
Не ни помислувај на премотување на моторот - тоа нема ништо да промени.
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,337
1,437
Со винклување евентуално би ја намалил силината на моторот да врти поспоро и така да е помалку бучен, нешто што сега се добива со понизок напон, т.е. кога трчаш со помала брзина.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

skullmonkey

Unstoppable
25 април 2007
4,287
3,276
Скопје
www.gorast.com
Мислам дека лагерите го прават пиштечкиот звук, галамата. Мислев само лагери да се сменат без да се преморува.
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,553
14,533
Мислам дека лагерите го прават пиштечкиот звук, галамата. Мислев само лагери да се сменат без да се преморува.
Ако дозволува намести керамички. Ги местат по скејтборди, внатрешни вентилатори од клими...
Општо во мотори каде што има односно каде што се во силно магнетно поле (електро корозија)
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,337
1,437
Однеси го кај Китан на крајот од Јужен Булевар во бараките. Важи за добар поправач на бела техника и апарати за домаќинство. Веројатно нема да му е проблем да ги смени.

Контакт

 

Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
165
329
Со винклување евентуално би ја намалил силината на моторот да врти поспоро и така да е помалку бучен, нешто што сега се добива со понизок напон, т.е. кога трчаш со помала брзина.
Тоа е многу погрешен обид за решавање на овој проблем. Најчеста причина за зголемена бучава се неисправните лагери на моторот.
Инаку, брзината кај ваквите подвижни ленти се менува континуирано и по желба на корисникот.
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,337
1,437
Тоа е многу погрешен обид за решавање на овој проблем. Најчеста причина за зголемена бучава се неисправните лагери на моторот.
Инаку, брзината кај ваквите подвижни ленти се менува континуирано и по желба на корисникот.
Знам имам лента, лошо си ме разбрал, поентата ми е дека не треба да го успоруваш моторот со винклување, можеш и со копче, што би имало ист ефект во дијагностицирањето на бучавата.

Инаку да не ме сфатиш погрешно ги читам твоите постови за звучна изолација и имам голем респект за стручноста. Поздрав
 

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,294
1,257
Скопје
ако имаш простор,земи вд40 спреј и подмачкај ги лагерите
и одкако ќе ги "подмачкаш" со вд40 (исчистиш уствари) после вистински подмачќај ги со некое соодветно масло ..
 

Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
165
329
Подмачкувањето на лагерите, запчаниците и останатите подвижни делови е наука, такашто на тој сериозен проблем не треба да се пристапи лаички, во стил „исчисти со WD40“ или „стави графитна маст“.
Промената на маста за подмачкување во некои видови лагери (т.е. тркалачки лежишта) се врши со „мазалица“, под притисок, со кој се истиснува старата маст (така се врши „чистењето“) и на тој начин се заменува со нова.
Графитната маст се препорачува само за мали брзини на вртење, големи оптоварувања, потоа за зглобови и за лизгачки површини. Никако за електромотори!
Секој саглам производител специфицира точно одреден вид на маст (или масло) за подмачкување за секој точно одреден дел - тука нема место за импровизации!
Во конкретниов случај најверојатно проблемот е во неисправниот/потрошениот лагер (ако лентата во последно време прави погласна бучава, а претходно било ОК), па со замена со нов лагер (кој си доаѓа фабрички веќе подмачкан) проблемот ќе се реши. Освен тоа, треба да се направи проверка на состојбата на мазивата на останатите подвижни/ротирачки делови и за нив, ако има потреба, да се употреби соодветна маст. Ако не се знае со каков вид на маст треба да се подмачка одреден дел, најбезбедно (но не и најоптимално!) решение е литиумската маст.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

skullmonkey

Unstoppable
25 април 2007
4,287
3,276
Скопје
www.gorast.com
Апдејт на ситуацијата.
Најдов човек кој менува лагери на ваков мотор. Се наоѓа карши Педагошка академија кон Карпош на тротоарот во малецок киоск. До него има едно за сервис на мотори. У прашање е кога ќе ги срушат и нив.

Ги смени лагерите, ставил SKF, но иако свирењето се намали, се појави звук на т-фкање, како да преклапнува нешто што е во принцип исто говно само 1500 денари потрошени и време.

пс: Чоекот сам ми рече, поарно од фабрика нема да го напраиме, али јас бев убеден дека треба да се сервисира.
 

Vladimir Filevski

Gaining Experience
17 февруари 2019
165
329
Намалувањето на свирењето укажува дека (дел од) проблемот сепак биле лагерите од моторот. Оној друг звук, како што го опишуваш, доаѓа од нешто што ротира со многу помала брзина од самиот електромотор - тоа сигурно е некој дел во редукторот (на брзината) или во некој дел поврзан со потпирањето/движењето на самата лента. Дали овој вториов звук претходно не постоеше, или само бил прекриен од претходното свирење?
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,553
14,533
Да не го презатегна каишот или пак да е лабав?
Го проба без траката/каишот?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #20

skullmonkey

Unstoppable
25 април 2007
4,287
3,276
Скопје
www.gorast.com
Новиот тк тк тк звук го немаше порано воопшто. Инаку не е до каишот зашто го пуштив без него прво. Мислев да не е до четките ама до сега ќе се наместеа и клапнеа.
Немам идеја што ви можело да биде со оглед на тоа дека освен лагери сруго ништо не допира внатре.
 

stefan_mkd

Gaining Experience
18 март 2015
479
286
Новиот тк тк тк звук го немаше порано воопшто. Инаку не е до каишот зашто го пуштив без него прво. Мислев да не е до четките ама до сега ќе се наместеа и клапнеа.
Немам идеја што ви можело да биде со оглед на тоа дека освен лагери сруго ништо не допира внатре.
Не мора да значи дека го немало звукот, туку лагерите да го маскирале и да не го слушаш
 

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,553
14,533
Новиот тк тк тк звук го немаше порано воопшто. Инаку не е до каишот зашто го пуштив без него прво. Мислев да не е до четките ама до сега ќе се наместеа и клапнеа.
Немам идеја што ви можело да биде со оглед на тоа дека освен лагери сруго ништо не допира внатре.
Мислам дека мајсторот има нешто зезнато со позицијата на новите лагери или пак да го нема собрано како што треба.

Мораш да го контактираш. Мислам дека ќе ти речи "терај, ќе пушти" ама биди упорен.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #23

skullmonkey

Unstoppable
25 април 2007
4,287
3,276
Скопје
www.gorast.com
И јас мислам дека нешто не е уштеловано како што треба. Ако се наканам ќе го отворам пак сам да видам на што личи.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,737
Мислења
856,437
Членови
29,741
Најнов член
Bitpb
На врв Дно