• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Како да плаќам данок како фриленсер во 2020

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Елена_К

Intern
25 септември 2020
5
1
Здраво, јас се регистрирав на форумов бидејќи сакам да прашам дали некој знае да ми објасни како како функционира со данок за фриленсери и remote работници. Имам многу прашања, и искрено не знам од каде да почнам. Нема никакви информации на нет (барем колку што јас можам да видам), а и не сум била подолго време во македонија и некои работи се сменети (повеќе пати, и веќе не разбирам ни што е актуелно моментално).

Се надевам тука ќе има некој што може да ми одговори на некои од прашањата, или барем да ме насочи каде да најдам по конкретни информации. Еве некои првични прашања од кои би почнала.

1) Дали за даночни причини во Македонија е важно дали договорот со клиентот е за contractor или за full-time редовно вработување?

2) Каде можам да најдам некаков водич, или појаснување за тоа како да уплаќам даноци како фриленсер? Кои закони покриваат точки што се значајни за оваа цел? Колку што знам, за оваа опција, треба само да бидам регистрирана во ујп, и на секоја исплата да префрлам 10% како данок на приход за хонорарци.

3) Каде можам да најдам информации за опцијата да се регистрирам како компанија за да си уплаќам пензиско? Јас уствари воопшто не знам ни како се отвара компанија во македонија. Мора некаде да пишува како може тоа да се направи, некаков водич, или некој официјален документ од владата, или нешто слично.

4) Кои закони се важни за опцијата да отворам компанија?

5) Планирам да одам во понеделник да разговарам со некој службеник во ујп или во банка. На кое друго место би ми препорачале да се обратам?
 
Може и приватна порака да ми пишете. Темава стварно е малце незгодна.
 
Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,398
1,098
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Бидејќи планираш да отвориш компанија, за тоа ќе ти треба сметководител кој ќе ти ги брка сите работи со плаќањата.. Најдобро е да најдеш некој или сметководствено биро и да те запознае со целата процедура и трошоци за отворање и водење на фирма.
 
pipelin

Practice makes perfect
8 мај 2010
1,411
1,035
ibiz.mk
pipelin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3210M @ 2.50GHz
Motherboard
FUJITSU FJNBB1C (CPU Socket - U3E1)
Storage
Kingston SSDNow UV400 120GB 2.5
RAM
4.00GB Single-Channel DDR3
Video card
Intel HD Graphics 4000
OS
Windows 10
Имам сметководител што се бави со овие работи поточно со ИТ фирми, пиши ми ПП да ти дадам контакт, таа најдобро ќе ти каже што како, ние тука на форумов (сметам) дека не сме стручни да ти одговориме на твоите прашања.
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
2,943
2,318
Здраво, јас се регистрирав на форумов бидејќи сакам да прашам дали некој знае да ми објасни како како функционира со данок за фриленсери и remote работници. Имам многу прашања, и искрено не знам од каде да почнам. Нема никакви информации на нет (барем колку што јас можам да видам), а и не сум била подолго време во македонија и некои работи се сменети (повеќе пати, и веќе не разбирам ни што е актуелно моментално).

Се надевам тука ќе има некој што може да ми одговори на некои од прашањата, или барем да ме насочи каде да најдам по конкретни информации. Еве некои првични прашања од кои би почнала.

1) Дали за даночни причини во Македонија е важно дали договорот со клиентот е за contractor или за full-time редовно вработување?

2) Каде можам да најдам некаков водич, или појаснување за тоа како да уплаќам даноци како фриленсер? Кои закони покриваат точки што се значајни за оваа цел? Колку што знам, за оваа опција, треба само да бидам регистрирана во ујп, и на секоја исплата да префрлам 10% како данок на приход за хонорарци.

3) Каде можам да најдам информации за опцијата да се регистрирам како компанија за да си уплаќам пензиско? Јас уствари воопшто не знам ни како се отвара компанија во македонија. Мора некаде да пишува како може тоа да се направи, некаков водич, или некој официјален документ од владата, или нешто слично.

4) Кои закони се важни за опцијата да отворам компанија?

5) Планирам да одам во понеделник да разговарам со некој службеник во ујп или во банка. На кое друго место би ми препорачале да се обратам?
 
Може и приватна порака да ми пишете. Темава стварно е малце незгодна.
1. Не, доколку си резидент на МК. Персоналец плаќаш, најмалце.

2. На ujp.gov.mk има и водичи, а од закон битен ти е Закон за личен доход.

3. 4. Ќе одиш кај овластен сметководител ќе ти објасни сѐ, повеќе закони се. Во исто време тие се и овластени регистрациони агенти за фирми. И почекај малку ќе има измени у закон за трговски друштва ќе даваат отварање фирми со 1еур оснивачки капитал.

5. Не губи време ни во УЈП да одиш, а уште помалку во банка, тие немаат па ништо со тоа, појма немаат.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

Fala mnogu za informaciite. Kje se informiram za ova sto vikas so 1 eur osnivacki kapital. Da, vo pravo si, kje mora so smetkovoditel da razgovaram. Mozes li da mi ispratis poraka so preporaka za smetkovoditel za koj znaes deka dobro raboti? Isto link ako imas od strana na ujp so vodic. Jas ne mozev mnogu korisni informacii da najdam na nivniot sajt. Mozebi ne se snaogjam dobro so organizacijata na sajtot.
 
Бидејќи планираш да отвориш компанија, за тоа ќе ти треба сметководител кој ќе ти ги брка сите работи со плаќањата.. Најдобро е да најдеш некој или сметководствено биро и да те запознае со целата процедура и трошоци за отворање и водење на фирма.
Fala mnogu za sovetot. Vo pravo si, treba smetkovoditel da najdam. Dokolku poznavas dobar smetkovoditel koj bi go preporacal, slobodno isprati mi poraka so kontakt informacija.
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
2,943
2,318
Fala mnogu za informaciite. Kje se informiram za ova sto vikas so 1 eur osnivacki kapital. Da, vo pravo si, kje mora so smetkovoditel da razgovaram. Mozes li da mi ispratis poraka so preporaka za smetkovoditel za koj znaes deka dobro raboti? Isto link ako imas od strana na ujp so vodic. Jas ne mozev mnogu korisni informacii da najdam na nivniot sajt. Mozebi ne se snaogjam dobro so organizacijata na sajtot.
1. Управа за Јавни Приходи на Република Северна Македонија
2. Smetkovodstveno Biro Тим Ѓорѓиевски млад фин дечко, има и адвокатка во канцеларијата, се на едно место.

Sent from my TELEFON using Tapatalk

[/QUOTE]
 
Alucard

Шериф
22 октомври 2012
1,933
1,863
Скопје
Mozes li da mi ispratis poraka so preporaka za smetkovoditel za koj znaes deka dobro raboti?
Dokolku poznavas dobar smetkovoditel koj bi go preporacal, slobodno isprati mi poraka so kontakt informacija.
Ги прашуваш членовите од вториот и четвртиот пост, а во третиот пост буквално на тацна ти сервираа сметководител:
Имам сметководител што се бави со овие работи поточно со ИТ фирми, пиши ми ПП да ти дадам контакт, таа најдобро ќе ти каже што како, ние тука на форумов (сметам) дека не сме стручни да ти одговориме на твоите прашања.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

Елена_К

Intern
25 септември 2020
5
1
Ги прашуваш членовите од вториот и четвртиот пост, а во третиот пост буквално на тацна ти сервираа сметководител:
Па му испратив порака да ми даде контакт од препорачан сметководител. Секако треба да се информирам за сметководители, и да исконтактирам повеќе. Одамна не сум била на форум некаков, сум заборавила дека и вакви луѓе постојат :)
 
Alucard

Шериф
22 октомври 2012
1,933
1,863
Скопје
Одамна не сум била на форум некаков, сум заборавила дека и вакви луѓе постојат :)
Таквите луѓе не може да знаат дали си го контактирала членот или ти промакнал постот и не си го прочитала...
 
lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,443
3,124
Мој совет ти е ако можеш да го избегнеш моментот со фирмата, и да наплаќаш како фриленсер-поединец терај така. Не сакаш да влезеш во лавиринтот наречен фирма, ќе се каеш после.
 
Futurelakimens

Practice makes perfect
12 април 2017
1,619
1,032
Зошто компанија да отвориш? Мислам дека нема потреба од тоа.

Како да станам член? | Сава пензиско друштво

UNIQA MedUNIQA - Доброволно приватно здравствено осигурување

И персоналец ќе си покриеш и тоа е тоа. Мислам дека можеш да си ја врзеш сметката (ако е МК) со УЈП и автоматски да ти пресметуваат данок.

Компанија е премногу лесно да отвориш, само прашај сметководител. Потешко е да ја затвориш.

Испратено од 1+7TPRO по DHL
 
wolverine

On your way to fame
27 јуни 2012
877
797
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 6700K @ 4 GHz + Corsair H115i PRO RGB
Motherboard
Gigabyte GA-Z170X-Gaming 3
Storage
Samsung 960 EVO M.2 + HDD 1TB WD EZEX
PSU
EVGA SuperNOVA 750 G3
RAM
32GB G.Skill TridentZ DDR4 @ 3000 MHz
Video card
Gigabyte 1660 TI SUPER 6GB GDDR6
Case
NZXT S340 ELITE BLACK + BLUE
Mouse
A4Tech V5
Keyboard
SK61 Optical Switch
Monitor
DELL UltraSharp U2412M
OS
Ubuntu
Мој совет ти е ако можеш да го избегнеш моментот со фирмата, и да наплаќаш како фриленсер-поединец терај така. Не сакаш да влезеш во лавиринтот наречен фирма, ќе се каеш после.
Јас отворив фирма ДООЕЛ и до сега не сум се покаил. Има и многу предности...

- Можеш да си бидеш осиругран и да ти тече стаж за некогаш да можеш да земаш пезнзија ко ќе не можеш да работиш
- Можеш да работиш со други фирми
- Имаш уште една сметка (различна од тебе)
- Можеш да купуваш работи во име на фирмата
- Да учествуваш во тендери
- и тн

За мирен сон и долга љубов ти треба добар сметководител што ќе си ја брка работата кога треба да се направи плата, годишни пријави, некој што ги следи законите и сл.

Ако се работи за мали суми, поарно повлекувај ги на твое име и барај некој со фирма да те осигура и плаќај му ги трошоците. Во никој случај не би те советувал да отвораш фирма ако имаш мали приходи и не редовни. Ко ќе имаш фирма треба да можеш да си исплатиш плата секој месец со сите тие дополнителни трошоци. Еве на пример за плата од 20000 треба да платиш вкупно 30000 и кусур со се трошоците.
 
Неколку факти фриленсери

1.) Ако сакаш да имаш пензија некогаш на стари години ко ќе не можеш да работиш - ти треба минимум стаж од 15 години
2.) Стаж се стекнува доколку си вработен/а, значи не да работиш туку треба да се водиш како вработен/а во фирма
3.) За да се водиш како вработен/а треба да си работиш во фирма и работодавецот редовно да плаќа придонеси, данок и плата.
4.) Фирма можеш да отвориш и сам/а и да се водиш самиот/та како единствен вработен (раководител) и така да си плаќаш придонеси
5.) За да отвориш фирма ти треба 5000 евра почетен капитал. Ова во најгоелм дел од случаевите е фиктивно, се наведуваат работи што ги имаш по дома како почетен капитал.
6.) За фирма треба сметководител пошто тие ги следат законите и ги знаат сите обврски што треба да се направат за да функционира фирмата и да не завршиш со блокирани смети и сл.
7.) Доколку си отвориш сам/а фирма може да си повлекуваш пари од Фриленс сајтовите преку Wire Transfer на сметката од фирмата и така да си исплаќаш плата како единствен вработен.
8.) Типот на фирмата препорачливо е да е ДООЕЛ пошто ако оплескаш и заглавиш тогаш одговараш само со имотот на фирмата, а со Трговец Поедиенц со целиот твој имот. Голема разлика!!!
9.) Фирмата се отвора лесно и се затвора лесно ако не си должен и заглавен.
10.) Ако заработувате поголеми суми препорачливо е да имате фирма за да си плаќате придонеси и пензија. Може дел од заработката да е пуштате на фирмата за да може да си исплатите плата, а друг дел на лична сметка која подлежи на само 10% данок.
 
NecrotoX

Unstoppable
4 март 2013
3,294
3,251
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home x64
  • Ја почнал/а темата
  • #15

Елена_К

Intern
25 септември 2020
5
1
А каков глас ги бие приватните пензиски друштва? Се ми е некако несигурно за пензиско. На приватните не знам дали би можела да им верувам. На државава па исто така не знам баш дали можам да и верувам... Само ги менуваат законите за пензиско. Од кај да знам што ќе им текне за 30-40 години...
 
Јас отворив фирма ДООЕЛ и до сега не сум се покаил. Има и многу предности...

- Можеш да си бидеш осиругран и да ти тече стаж за некогаш да можеш да земаш пезнзија ко ќе не можеш да работиш
- Можеш да работиш со други фирми
- Имаш уште една сметка (различна од тебе)
- Можеш да купуваш работи во име на фирмата
- Да учествуваш во тендери
- и тн

За мирен сон и долга љубов ти треба добар сметководител што ќе си ја брка работата кога треба да се направи плата, годишни пријави, некој што ги следи законите и сл.

Ако се работи за мали суми, поарно повлекувај ги на твое име и барај некој со фирма да те осигура и плаќај му ги трошоците. Во никој случај не би те советувал да отвораш фирма ако имаш мали приходи и не редовни. Ко ќе имаш фирма треба да можеш да си исплатиш плата секој месец со сите тие дополнителни трошоци. Еве на пример за плата од 20000 треба да платиш вкупно 30000 и кусур со се трошоците.
 
Неколку факти фриленсери

1.) Ако сакаш да имаш пензија некогаш на стари години ко ќе не можеш да работиш - ти треба минимум стаж од 15 години
2.) Стаж се стекнува доколку си вработен/а, значи не да работиш туку треба да се водиш како вработен/а во фирма
3.) За да се водиш како вработен/а треба да си работиш во фирма и работодавецот редовно да плаќа придонеси, данок и плата.
4.) Фирма можеш да отвориш и сам/а и да се водиш самиот/та како единствен вработен (раководител) и така да си плаќаш придонеси
5.) За да отвориш фирма ти треба 5000 евра почетен капитал. Ова во најгоелм дел од случаевите е фиктивно, се наведуваат работи што ги имаш по дома како почетен капитал.
6.) За фирма треба сметководител пошто тие ги следат законите и ги знаат сите обврски што треба да се направат за да функционира фирмата и да не завршиш со блокирани смети и сл.
7.) Доколку си отвориш сам/а фирма може да си повлекуваш пари од Фриленс сајтовите преку Wire Transfer на сметката од фирмата и така да си исплаќаш плата како единствен вработен.
8.) Типот на фирмата препорачливо е да е ДООЕЛ пошто ако оплескаш и заглавиш тогаш одговараш само со имотот на фирмата, а со Трговец Поедиенц со целиот твој имот. Голема разлика!!!
9.) Фирмата се отвора лесно и се затвора лесно ако не си должен и заглавен.
10.) Ако заработувате поголеми суми препорачливо е да имате фирма за да си плаќате придонеси и пензија. Може дел од заработката да е пуштате на фирмата за да може да си исплатите плата, а друг дел на лична сметка која подлежи на само 10% данок.
Фала многу за информациите. Се согласувам со се што си нашишал. И јас исто мислам, прво некое време да се водам како хонорарец, па после да отворам фирма. Дефинитивно први на листа за читање ми се законот за личен доход и законот за пензиско.
 
artweb

On your way to fame
5 март 2012
1,407
682
Скопје
artweb's setup  
Processor & Cooler
I5 6500 3,2Ghz, 6mb cache
Motherboard
HP EliteDesk 800 G2 795970-001
Storage
Patriot Blast SSD 120gb
RAM
8 DDR4 2133mhz
Video card
Intel GPU on board
Case
HP EliteDesk 800 G2 Tower case
Mouse
Gigabyte AIRE M60
Keyboard
A4Tech
Monitor
LG 24MB56HQ-B
OS
Windows 10
Мој совет ти е ако можеш да го избегнеш моментот со фирмата, и да наплаќаш како фриленсер-поединец терај така. Не сакаш да влезеш во лавиринтот наречен фирма, ќе се каеш после.
Зошто да се кае?
Јас не се каам не знам зошто би се каел.
Не е ич комплицирано како што ви изгледа, особено за мала фирма.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

Елена_К

Intern
25 септември 2020
5
1
Мој совет ти е ако можеш да го избегнеш моментот со фирмата, и да наплаќаш како фриленсер-поединец терај така. Не сакаш да влезеш во лавиринтот наречен фирма, ќе се каеш после.
Да, сепак треба внимателно со такви чекори.
 
Rufflesaurus

Gaining Experience
16 јуни 2018
114
214
Скопје
davorminchorov.com
Како фриленсер (индивидуалец) се шѕо треба да направиш е да се најавиш на Е-ПДД и да пресметаш данок (процесот е помалце од 5 минути на месечно ниво.

За отварање фирма, можеби статијава ќе ти разјасни некои работи.
 
wolverine

On your way to fame
27 јуни 2012
877
797
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 6700K @ 4 GHz + Corsair H115i PRO RGB
Motherboard
Gigabyte GA-Z170X-Gaming 3
Storage
Samsung 960 EVO M.2 + HDD 1TB WD EZEX
PSU
EVGA SuperNOVA 750 G3
RAM
32GB G.Skill TridentZ DDR4 @ 3000 MHz
Video card
Gigabyte 1660 TI SUPER 6GB GDDR6
Case
NZXT S340 ELITE BLACK + BLUE
Mouse
A4Tech V5
Keyboard
SK61 Optical Switch
Monitor
DELL UltraSharp U2412M
OS
Ubuntu
Тие пари за пензиско стави ги во акции или фондови и штеди редовно и немаш потреба од плаќање во систем што ќе се сруши кога тогаш.
Ништо не ти е сигурно.... Корпорации и фондови поверојатно да пропаднат од држава што може да зема кредити неограничено... Така да не ти држи многу вода муабетов.
 
12 октомври 2016
22
25

Со инвестирање во корпорации, фондови, недвижнини, крипто, злато итн зависиш само од својата способност, и реално ептен малку способност е потребно за да го задржиш или растеш капиталот со тек на време.

Со полнење на државните фондови гарантирано капиталот бавно ти се намалува цело време, и гарантирано губиш поголем дел во периоди на криза.
 
wolverine

On your way to fame
27 јуни 2012
877
797
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 6700K @ 4 GHz + Corsair H115i PRO RGB
Motherboard
Gigabyte GA-Z170X-Gaming 3
Storage
Samsung 960 EVO M.2 + HDD 1TB WD EZEX
PSU
EVGA SuperNOVA 750 G3
RAM
32GB G.Skill TridentZ DDR4 @ 3000 MHz
Video card
Gigabyte 1660 TI SUPER 6GB GDDR6
Case
NZXT S340 ELITE BLACK + BLUE
Mouse
A4Tech V5
Keyboard
SK61 Optical Switch
Monitor
DELL UltraSharp U2412M
OS
Ubuntu
Со инвестирање во корпорации, фондови, недвижнини, крипто, злато итн зависиш само од својата способност, и реално ептен малку способност е потребно за да го задржиш или растеш капиталот со тек на време.

Со полнење на државните фондови гарантирано капиталот бавно ти се намалува цело време, и гарантирано губиш поголем дел во периоди на криза.
или ептен малку "неспособност" да изгубиш се. :D Кажете ги и лошите страни, не туку убедувајте луѓе као демек тоа е мед и млеко.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: marv

StefAngel

Practice makes perfect
28 ноември 2015
2,049
1,309
Ништо не ти е сигурно.... Корпорации и фондови поверојатно да пропаднат од држава што може да зема кредити неограничено... Така да не ти држи многу вода муабетов.
Држава може да банкротира и да ти се девалвира валутата. Венецуела и Грција се најдобар пример за тоа.
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
2,943
2,318
Држава може да банкротира и да ти се девалвира валутата. Венецуела и Грција се најдобар пример за тоа.
Грција нит банкротираше нит девалвираше. Тоа можда пред 30+ години у времето на драгмата и пред ЕУ.

Sent from my TELEFON using Tapatalk
 
12 октомври 2016
22
25
Уствари и wolverine и stefangel сте во право, зависи само за кој човек е наменет советот.

Нажалост над 90% од луѓето немаат ни минимална способност за правилно инвестирање, нити пак им изгледа како неправда некој на власт присилно да им ја менаџира пензиската инвестиција, така си го заслужуваат тоа што го добиваат на крајот.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,560
Мислења
820,540
Членови
28,218
Најнов член
macika
На врв Дно