1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Како да не ве крадат ebay и пејпал (преку форсирана конверзија на валутите)

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од Lokvan, 26 Декември 2016.

Тагови:
  1. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,289
    6,400
    27 Март 2014
    Тие од провизии опстојуваат. Ништо чудно не е тоа. Само со курсов колат.
     
  2. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,511
    3,448
    12 Јануари 2016
    Машко
    Провизија?
    Во принцип, продавачите се тие кои ја плаќаат провизијата (Пејпал им наплаќа). Иако може да се каже и дека всушност купувачите се тие кои плаќаат, пошто провизијата (на Пејпал) е вкалкулирана во цената. Е сега, повторното наплаќање, овојпат директно на купувачите (наплаќање провизија кон двете страни) е нешто што на Пејпал забрзано ќе му го донесе крајот еднаш штом конкуренцијата понуди подобри конкурентски услуги. Алипеј на пример, паѓа на ум. ;)
     
  3. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,697
    795
    3 Март 2018
    Пошто 2 пати имам купувано со пепел(paypal) прилично сум неук, па затоа да препрашам.
    Кога пазарев со пејпел ми излезе за конверзија со што се сложив да ме репнат 0.017денари(друга опција ми беше канцел), а за друга конверзија не ме препраша. Е сега дали кога си префрлам пари на картичка треба да ги префрлам во усд?
    Како жто разбрав доволно е само меил да пратам или треба уште нешто друго?
    Колку се безбедни фастек, гербест за да се избегне трет посредник? Покрај провицијата за конверзија кои се другите давачки кон пепел?
    Ви благодарам.
     
  4. stefan_mkd

    stefan_mkd
    Gaining Experience

    391
    194
    18 Март 2015
    Машко
    Ама те репнале еј... Не знам како си се сложил да ти земат толку пари
     
    boro1, Speedster и на NecrotoX им се допаѓа ова.
  5. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,697
    795
    3 Март 2018
    И јас не знам, тие 0.017 на секој динар плус пејпел ми го наплати еврото 64.5 а беше 61.5 на нбрм... :( Апаши. Не ми е јасно зошто и овде ми земаа 0.017(т.е. 100 ден вкупно) плус тие 400-500 денари од пејпел.
    Двапати за иста работа.
    И ако не знаеш што прашувам немора да билдаш постови ;)
    Т.е. Прашањето беше за некој што се разбира а не за некој бетер од мене.
     
  6. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,042
    1,160
    11 Март 2011
    Сега нешто купив преку PayPal и за прв пат го загледав делот за конверзија.

    Освен PayPal неповолната конверзија, имаше да се избере "View conversion options" > "Convert with card issuer“, (каде што истовремено те плашат дека не знаат која сума ќе платиш).

    Но после плаќањето и споредбата курсот на Виза спрема PayPal беше подобар за некои 6%.

    upload_2018-7-1_11-56-15.png
     
    Последна промена: 1 Јули 2018
    На PC_GAMER, BlackOuttheWoRlD, Oktar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. marto

    marto
    Gaining Experience

    168
    175
    25 Јули 2013
    Машко
    едно прашање, денеска направив купување преку ебау.ук 1.jpg и би требало да ме кошта 1020 денари, но од тутунска ми стгина порака дека ми е наплатено 1212 денати. Како да откријам кој ме краде , и како да ги избегнам овие невидливи трошоци? 1.jpg
     
  8. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,053
    3,004
    2 Септември 2012
    Машко
    Гледаш таму 14,97 GBP + 2 GBP шипинг = 16,97 GBP x 68,60 мкд = 1.164 мкд + трошоци за промена на валута и се е можно. :)
     
    PC_GAMER, marto, artweb и на уште 1 им се допаѓа ова.
  9. krema

    krema
    Professor

    9,529
    9,211
    24 Јуни 2009
    Машко
    Конверзијата од валута на валута е по курс на ebay (тој е секогаш неповолен за нас), најдобро е да ја смениш конверзијата по курс на твојата банка од каде што ти е картичката.
     
    На marto му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marto

    marto
    Gaining Experience

    168
    175
    25 Јули 2013
    Машко
    сакаш да кажеш да одам во тутунска банка и таму да барам да ми направат конверазаицја од денари во долари или фунти? или тоа се прави на самиот сајт на ебау некаде во сетингс?
     
  11. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,042
    1,160
    11 Март 2011
    На Oktar и marto им се допаѓа ова.
  12. krema

    krema
    Professor

    9,529
    9,211
    24 Јуни 2009
    Машко
    @marto
    Не во банка, тоа може да се среди и во акаунтот на PP, порано PP правеа мајмунлуци, ќе го сетираш на конверзија со својата банка и оп утре пак сетирано по нивно (по нивен курс), абе мајмуни невидени а со тие конверзии прават огромни пари.
    Не знам дали сега е така или се оправија РР.
     
    На marto му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,511
    3,448
    12 Јануари 2016
    Машко
    Никогаш нема да се смени тоа. За нив ако специфично не побараш преку customer сервисот дека не сакаш конверзија, тие правно сметаат дека ти си се согласил на конверзија (така им пишува во тој TOS-от кој никој не го читаме).

    Од друга страна после преписката со нив, откако сменија да нема конверзија - не сум имал вакви проблеми. Но кога сам ги местев сетинзите по профилот, после некој месец/недела сетинзите се враќаа на дифолт (со конверзија преку нив). И самата локација на сетинзите се менува често. Заклучок би бил дека за да немаш проблеми секако треба преку support, со порака од customer сервисот да им побараш да се намести ова подесување - секогаш да се користи конверзија од банката, односно Пејпал секогаш да наплаќа директно во валутата која ја одбрал продавачот.
     
    bicikle, krema и на Oktar им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...