1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Како да направам „Verify Java“ преку било кој веб-пребарувач?

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од PC_GAMER, 26 Јули 2019.

  1. PC_GAMER

    PC_GAMER
    Gaining Experience

    132
    53
    16 Јуни 2017
    Машко
    Здраво дечки,

    Како што гласи насловот, иако знам дека скоро никој веб-пребарувач повеќе не дава поддршка за Јава, има ли некаква шанса да направам верификација? Во моментов ми е потребна за да ја искористам како „дигитален сертификат“ за да можам да ги користам услугите на е-системот за издавање на дозволи за градби. А искрено не ми се плаќа на Телеком или на КИБС за да купам, т.е. набавам дигитален сертификат, бидејќи и онака планирам само еднаш да ги искористам услугите на е-системов.

    Ве молам за совет!

    п.с. Се извинувам доколку темава не одговара во делот „Генерална дискусија“ во овој дел од форумов. Ако е потребно админите слободно нека ја преместат темава доколу постои друго посоодветно место.

    Фала ви однапред и се најдобро.
     
  2. architect

    architect
    Unstoppable

    1,924
    2,284
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Работиш со издавање на дозволи за градба ?
    Инаку за да го решиш проблемот со кој се соочуваш, треба да инсталираш постара mozilla која подржува JAVA, во твојот случај Directory Listing: /pub/firefox/releases/51.0b9/
    Во опциите за update ќе исклучиш да не се надоградува и така ќе функционираш, освен тоа можеш комотно да инсталираш последна верзија на JAVA.
    Ако имаш дилеми или било какви прашања можеш да ми се обратиш преку пп.
     
  3. PC_GAMER

    PC_GAMER
    Gaining Experience

    132
    53
    16 Јуни 2017
    Машко
    Обратно, ми треба дозвола за градба:D

    Се обидов и со Интернет експлорер, постари верзии на Хром, Опера и не знам кои други веќе ама заборавив да проверам и Мозила. Чепкав дури и во сетинзите на пребарувачиве за да го активирам јавата ама попусто. Инаку може ли да ја инсталирам оваа верзија на мозила во друг директориум, бидејќи не би сакал да ми се избришат сајтовите што ги имам зачувано во постоечкиов букмаркс (зошто кој ќе ги бара одново:D - ќе биде право патешествие). Патем, може ли да инсталирам 64 битна верзија, бидејќи имам 64 битна 10-ка?

    Ќе пишам пак ако не евентуално не успее и ова.
     
  4. architect

    architect
    Unstoppable

    1,924
    2,284
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Не само 32 битна верзија со 32 битен драјвер за токенот. Откако ќе ја инсталираш мозилата, исклучи ја опцијата за апдејт, потоа идеш на Verify Java Version верификуваш, ставаш сетинзи remember and allow. Каков токен користиш кибс или телеком ?
     
    На PC_GAMER му/ѝ се допаѓа ова.
  5. PC_GAMER

    PC_GAMER
    Gaining Experience

    132
    53
    16 Јуни 2017
    Машко
    Моментално не користам никаков токен од наведените, затоа и се обидувам со Јава бидејќи и оваа опција е прифатлива. Гледав на прирачникот за е-системов не наведуваат коонкретно каков дигитален сертификат треба да користиш. Но во други прирачници за други е-системи читав дека може и Јава. Се надевам нема да ми требаат такви сертификати со оглед на тоа што немам вишок пари за фрлање.:D
     
  6. architect

    architect
    Unstoppable

    1,924
    2,284
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    за да успееш во намерата, треба да имаш валиден токен (електронски потпис)
     
  7. PC_GAMER

    PC_GAMER
    Gaining Experience

    132
    53
    16 Јуни 2017
    Машко
    Сега го забележав тоа. Кога притиснав на копчето за прикачи сертификат ми го покажа следново: TypeError: singer. LoadCertificateList is not a function. Шо да праам сега? Треба ли да купам од тие сертификати на КИБС или Телеком? Офф мајко мила.:mad: И ако треба како да го купам треба ли од нивните сајтови и како?
     
  8. architect

    architect
    Unstoppable

    1,924
    2,284
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    да, можеш да купиш токен онлајн, но за парите што ќе ги фрлиш за еднкоратна употреба ако ти е иди замоли некој кој има да ти заврши работа или плати (ополномошти некој за да ти заврши работа)
     
  9. PC_GAMER

    PC_GAMER
    Gaining Experience

    132
    53
    16 Јуни 2017
    Машко
    За жал немам некој кој може да ми помогне околу ова.

    Уште ова да прашам:

    1. Дали кога ќе го купувам токенот треба да го купувам преку старава верзија на Мозила пошо нели ќе се инсталира во делот за сертификати на самиот веб-пребарувач?

    2. Дали купениот токен се користи само за верификација или пак треба да го ставам и како електронски потпис на секој документ што ќе го скенирам и прикачам на е-системот?
     
  10. architect

    architect
    Unstoppable

    1,924
    2,284
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    1. не
    2. електронски потпис се користи за проследување на документацијата а другото што го прикачуваш ти е веќе потпишано од тој што ти ја изработил документацијата.
     
  11. PC_GAMER

    PC_GAMER
    Gaining Experience

    132
    53
    16 Јуни 2017
    Машко
    Фала ти многу што одвои време за да ми помогнеш. Барем сега знам на што сум. За понатака ќе видам што ќе правам. Ќе гледам од следнава недела ако успеам да најдам некој кој веќе има токен и да завршам работа ќе биде ок, ако не тогаш ќе купам свој. Фала ти уште еднаш!

    Поздрав и се најдобро!:)

    Може клуч за темава.
     
    На architect му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...