• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Како да изградам инфраструктура на компјутери со користење на бесплатни ДевОпс алатки и дали може?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

JensenInterceptor

Gaining Experience
28 ноември 2015
577
217
Скопје
tunephp.blogspot.com
JensenInterceptor's setup  
Processor & Cooler
i5-7500 Kabylake
Motherboard
Asus Prime b250m plus
Storage
1TB HDD Western Digital
PSU
Cooler Master 500 Watt
RAM
16 GB, DDR 4, 2133 MHz, Non-ECC, DIMM, CL15
Video card
GeForce GTX 1050 2B
Case
Cooler Master Elite 343
OS
Dual boot: Ubuntu 16.04, Windows 10
Имам домашна за правење. Треба да напишам документација за проект кој треба да го испрограмирам. Меѓутоа пречката е што истиот тој проект треба да го покажам пред учителот кој го ми води предметот.

Иако можам се да истуркам на еден компјутер, мојот нискобуџетен лаптоп, сепак не е тоа целта на предметот. Треба да личи дека работам проект за вистински побарувачи на софтвер кои ми „плаќаат пари“ и е наводно „озбилен“ проект.

1. Ми требаат бар три клиентски компјутери кои ќе имаат барем Виндоус 7 Хоум, со барем 4 гига РАМ, Дуал Кор процесор и 10тина гига колку да може да има оперативен систем и апликацијата инсталирано.

2. Такоречи и оној компјутер што ќе служи како апликациски сервер може да биде како претходно наведените, ок би одел со Виндоус 7 Профешнл ради дека има некои предности во однос на Хоум издание.

3. Ми треба исто така и база на податоци. Со оглед на тоа дека ќе користам Микрософт, најдобро би било SQL Server 2014 Express или Developer издание бидејќи овој е последен кој работи на Виндоус 7 доколку нема друго чаре освен Виндоус 7 да се користи. Значи ова би било во идеални услови пак посебна машина за чување податоци и бекап на податоци.

4. Ќе користам и Ардуино или некаков сличен уред кој ќе се уштекува пак на некаков клиентски компјутер кој ќе има софтвер за врска со базата, запишување податоци во базата. Идеално би било да биде поврзан со УСБ кабел на апликацискиот сервер(посебен компјутер) кој ќе биде посебна машина.

Значи се ова би одело преку некаква си SSL врска бидејќи нема да постои веб дел за да оди преку HTTP или HTTPS.

Дали се ова би можело за се изведе со бесплатни алатки како

Докер https://www.docker.com/,
Ансибл Ansible is Simple IT Automation,
Папет Powerful infrastructure automation and delivery | Puppet,
Градл Gradle Build Tool,
Гит https://git-scm.com/

нели за поставување нови верзии од апликацијата/те и користење на онлајн виртуелни машини.

Кои можности ги нудат новите Клауд сервиси за поставување на софтвер во „облакот“, заличување на LAN врска и слично?

Кои се вашите мислења?
 

Feelyo

Gaining Experience
2 април 2017
77
65
Да бидам искрен, се потрудив да сфатам што точно ти треба, прочитав неколку пати, ама само се повеќе и повеќе се збунувам.
Ако треба целиот проект да заличи како да е за клиенти, тогаш зошто во 2019та би користел Windows 7?

Те молам малце повеќе потруди се да објасниш што ти е задачата па ние да разгледаме и да ти дадеме предлози за како да го решиш целото тоа, а вака сам си поставил задача, си тргнал некаде, но без никаква злонамера, искрено ми личи дека баш и не знаеш во кој правец тераш.

Освен ова, алаткиве што си ги нафрлил на крај ми изгледаат како оглас за sysadmin/devops, а не како да има прашање за нив? Не сум баш сигурен дали си сфатил за што служат тие со оглед на тоа што горе си направил некоја делумна слика за што сакаш да постигнеш, а не сфатив како би ги користел во проектов и каква вредност на проектот би ти додале тие? Имаш некое конкретно прашање за некои од нив?

---
Edit: Да ти одговорам на прашањето, што всушност ти е наслов на темата: Да, можеш. Имаш free tier и на aws и на azure, разгледај ги, искористи нешто од типот на Terraform, CloudFormation или ARM Templates во комбинација со Jenkins и Ansible и мислам дека тоа уствари те носи во добар правец :)
 

null_ptr

On your way to fame
20 ноември 2013
619
583
пц страната било кој виндовс, WPF C# + Azure Tables (имаат redundancy...free tier а и одличен сдк) и си на коњ, другото ти имам сугерирано во другата тема.


Испратено од ONEPLUS A3003 преку IT.mk форум апликација
 

Zippo

On your way to fame
22 октомври 2014
849
713
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Наместо да ги мачиш машините со Windows 7 инсталирај Дебиан минимал со Docker поддршка. Arduino има т.н. нативна поддршка во Debian. Мајкрософт се толку добри што ти спремиле Docker Hub имиџ. Сето ова со Puppet и Аnsible на AWS.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

JensenInterceptor

Gaining Experience
28 ноември 2015
577
217
Скопје
tunephp.blogspot.com
JensenInterceptor's setup  
Processor & Cooler
i5-7500 Kabylake
Motherboard
Asus Prime b250m plus
Storage
1TB HDD Western Digital
PSU
Cooler Master 500 Watt
RAM
16 GB, DDR 4, 2133 MHz, Non-ECC, DIMM, CL15
Video card
GeForce GTX 1050 2B
Case
Cooler Master Elite 343
OS
Dual boot: Ubuntu 16.04, Windows 10
Вчера у полноќ го нашкрабав ова. Ќе додадам и цртеж/дијаграм за да биде појасно. Фората е да искористам бесплатни алатки без да ми требаат додатни вистински компјутери, но во исто време да можам и да демонстрирам пред луѓе што сум направил, и како ми работи софтверот.
Лаптопот што го имам ја нема моќта да врти неколку виртуелки одеднаш.

Виндоус 7 не е задолжителен. Го спомнав ради SQL Server 2014 кој е последен кој може да работи на Виндоус 7.
Ако можам да уштекам Виндоус 10ка виртуелки на Дебиан и да можат да работат меѓу себе, исто така ќе го прифатам како решение, на Докер најверојатно.
 

kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,314
3,671
Скопје
Ѕирни го Vagrant, евентуално Ansible за локално да ја симулираш мрежата. И како што ти рекоа - AWS, Azure имаат free-tier опции па може и натаму да тераш.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

JensenInterceptor

Gaining Experience
28 ноември 2015
577
217
Скопје
tunephp.blogspot.com
JensenInterceptor's setup  
Processor & Cooler
i5-7500 Kabylake
Motherboard
Asus Prime b250m plus
Storage
1TB HDD Western Digital
PSU
Cooler Master 500 Watt
RAM
16 GB, DDR 4, 2133 MHz, Non-ECC, DIMM, CL15
Video card
GeForce GTX 1050 2B
Case
Cooler Master Elite 343
OS
Dual boot: Ubuntu 16.04, Windows 10
Наместо да ги мачиш машините со Windows 7 инсталирај Дебиан минимал со Docker поддршка. Arduino има т.н. нативна поддршка во Debian. Мајкрософт се толку добри што ти спремиле Docker Hub имиџ. Сето ова со Puppet и Аnsible на AWS.
Имам простор на дискот на лаптопчево. Можам да ставам дуал-бут со Дебиан. Едино кретенизам ќе биде 4 гига РАМ(што и не се 4 туку се 3 бидејќи еден е за графичката) на Пентуим Дуал Кор да вртам 3-4 виртуелки.
Освен ако идам со Виндоус Икс Пе и да им турам по 512 мега доделен РАМ.
Што мислите? :eek:h::eek:h::eek:h:

Се шалам, не ме карајте.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

JensenInterceptor

Gaining Experience
28 ноември 2015
577
217
Скопје
tunephp.blogspot.com
JensenInterceptor's setup  
Processor & Cooler
i5-7500 Kabylake
Motherboard
Asus Prime b250m plus
Storage
1TB HDD Western Digital
PSU
Cooler Master 500 Watt
RAM
16 GB, DDR 4, 2133 MHz, Non-ECC, DIMM, CL15
Video card
GeForce GTX 1050 2B
Case
Cooler Master Elite 343
OS
Dual boot: Ubuntu 16.04, Windows 10
Од друга страна имам десктоп компјутер со 16 гига РАМ и Intel i5 Kabylake 7500. Дали можеби е паметно се на овој локално да си изработам, и да си закупам VPN па кога ќе сум на факултет, само да се уштекам со лаптопчево?
 

Zippo

On your way to fame
22 октомври 2014
849
713
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
На десктопот можеш да си работиш, да спремиш OracleVM или VMware виртуализација, да направиш еден master image и негови клонови за сите типови клиенти и сервери (апликациски, бази на податоци и сл.).

Ако ова што го правиш не ти го плаќаат, т.е. ти е факултетска задача, многу веројатно е дека некој сака да заработи на твој грб.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

JensenInterceptor

Gaining Experience
28 ноември 2015
577
217
Скопје
tunephp.blogspot.com
JensenInterceptor's setup  
Processor & Cooler
i5-7500 Kabylake
Motherboard
Asus Prime b250m plus
Storage
1TB HDD Western Digital
PSU
Cooler Master 500 Watt
RAM
16 GB, DDR 4, 2133 MHz, Non-ECC, DIMM, CL15
Video card
GeForce GTX 1050 2B
Case
Cooler Master Elite 343
OS
Dual boot: Ubuntu 16.04, Windows 10
На десктопот можеш да си работиш, да спремиш OracleVM или VMware виртуализација, да направиш еден master image и негови клонови за сите типови клиенти и сервери (апликациски, бази на податоци и сл.).

Ако ова што го правиш не ти го плаќаат, т.е. ти е факултетска задача, многу веројатно е дека некој сака да заработи на твој грб.
Самиот проект го осмислувам сам, и сам си го зададов ова како задача, само затоа што не знам како на глуп лаптоп да симулирам мрежа од повеќе компјутери. Не знам како тоа да личи дека е документацијата запишана за „вистински“ проект без да користам нешто појако од глуп лаптоп.

Запишав последипломски, ама вака како што е осмислено, „направи сам“ проектчиња, излеа ќе треба да го шутнам. Ми се крева коса сеа...

Освен да го сменам проектот и да биде се на еден глуп лаптоп, само што би било тоа...
 
Последна промена:

Zippo

On your way to fame
22 октомври 2014
849
713
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016
Јас прво би се запознал со секоја поедина технологија и нејзините можности, па би правел некаков си проект. Посвети добар дел од времето на секоја од технологиите што ги наведе во иницијалниот пост и идеи за направи сам одма ќе ти дојдат.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн администрација

Статистика

Теми
42,553
Мислења
820,391
Членови
28,214
Најнов член
vanadi
На врв Дно