• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Како да инсталирате touch screen на вашиот ASUS Eee

  • Ја почнал/а темата
  • #3

zlochko

Intern
23 мај 2008
140
7
www.linkedin.com
Мразам мрчала без причина... или [одстрането] тоа тролот!

А барем да се потрудеше да го преведеш ?
А ти да не го дрвеше толку? Што тоа да преведам - видеото со инструкции? Кое? Она интро што е... или она што објаснува како се отвара ASUS или она за инсталирање на самиот touch screen? Или можеби сакаш да ти го преведам видеото за инсталирање 3G модем во ASUS?

Па уште ставил и „барем да се потрудеше“.... пази бога ти - „барем“? А следниот пат уопште да не ја ставам информацијата? Така позадоволен ќе бидеш?
А ако толку си паметен и имаш слободно време пред тебе... што не го преведеш ти наместо да праќаш тотално бескорисни постови?

Трол!
 

ekonomist

Gaining Experience
17 јуни 2008
1,033
456
А ти да не го дрвеше толку? Што тоа да преведам - видеото со инструкции? Кое? Она интро што е... или она што објаснува како се отвара ASUS или она за инсталирање на самиот touch screen? Или можеби сакаш да ти го преведам видеото за инсталирање 3G модем во ASUS?

Па уште ставил и „барем да се потрудеше“.... пази бога ти - „барем“? А следниот пат уопште да не ја ставам информацијата? Така позадоволен ќе бидеш?
А ако толку си паметен и имаш слободно време пред тебе... што не го преведеш ти наместо да праќаш тотално бескорисни постови?

Трол!
Добро бе чоек, ти рекол да го преведиш големо чудо. Мислам дека треба да ги прочиташ добро упатствата и да прекиниш ти да го дрв*ш. Ова не ти го викам само заради овој пост, ме изнервира и со уште еден друг.
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
@zlochko

Друже, олади малку....

Како прво да те потсетам да ги прочиташ Правилата на форумов.

Како второ ти предлагам добро да го прелисташ делот од форумот - IT.com.mk известувања. Е таму ќе најдеш една тема со наслов За англиските содржини
и ќе го видиш ставот на Администрацијата на форумов во врска со ова, и токму затоа се однесуваше забелешката на Алекс:
Не апелираме да не се објавуваат таквите содржини, туку да се преведат, барем воведот и да се даде линк и извор.
Како трето, пред да навлезеш во расправја доколку некој Администратор/Модератор ти даде забелешка за некој пост,размисли добро дали има потреба од користење на фрази од стилот:
Мразам мрчала без причина... или ебате тоа тролот!
А ти да не го дрвеше толку?
Мислам дека воопшто немаше потреба од ваков агресивен настап од твоја страна. Не велам дека ние од Администрацијата сме секогаш во право, и ние грешиме, но мислам дека има начин покултурно да дискутираме околу некоја забелешка. Нели?

Ако ја знаеш дефиницијата на поимот Трол, ако малку подобро го познаваш Алекс и ако малку подобро го прелисташ форумот, ќе видиш дека тотално си погрешил. Придонесот на Алекс во креирањето и развојот на форумов е прилично голем и не ти држи вода квалификацијата Трол.

Ова нека ти биде прва јавна опомена малку да внимаваш на начинот на изразување спрема другите членови.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

zlochko

Intern
23 мај 2008
140
7
www.linkedin.com
Е ај сеа да не го тупам и јас, оти темава е сосем друга, па можеме да ја забегаме комплетно... значи... еве ме... се изнадишав длабоко, се напив 2 апаурина + 1 водка и решив да го напишам следново со ветување дека на тема „моето однесување“ ова ќе ми биде последна порака и не навлагам понатаму во дискусии. Значи вака:

1. Во право сум за забелешката на неговиот пост и мислам дека има ситуации каде што треба по функција да се држите меѓу себе, онака модераторски, ама има и ситуации кај што во најмала рака треба на колегата (барем во пвт) да му лупнеш една заушка. Ова е една од тие ситуации. А утре заедно сите ќе пиеме пиво и ќе бидеме другарчиња, без проблем, ама тука не сум за да се лапам со останатите.

2. За разлика од поголемиот дел ентузијасти и студенти на форумов (не ги навредувам, само нагласувам дека имаат повеќе време од мене), постојат и луѓе кои работат по 12-14 часа дневно и немаат време за да преведуваат, осоебно не видеа. Ако дотичниот смета дека видеото треба да се преведе... бујрум - нека го преведува.
Според мене доволно беше што пронајдов нешто интересно, што сметав дека ќе биде од корист на одреден дел од посетителите тука и што објавив линк до таа информација.

3. Ако некој се смета за „компујтерџија“, „хакер“ или не знам што и е доволно храбар да отвара лап-топ и да р`чка у него, тогаш биди сигурен дека знае Англиски. Ама 100% знае. А за оние што не знаат, џабе ќе им преведувам, затоа што и така немаат кокосови ореви да го отвараат лаптоп-от и да инсталираат у него 3rd party hardware.
А под кокосови ореви - мислам на: муда, мадиња, јајца, тестиси... како сакаш.

4. Биди сигурен дека барем 98% ги немаат прочитано вашите услови на користење на форумот. Меѓу нив сум и јас...

5. Можете вие и јавна и приватна опомена да ми давате, а можете и да ме исклучите. Јас немам суета проблематична за тоа да ме навреди или повреди на било кој начин. Но... пред да решиш тоа да го направиш, би ти препорачал да клилнеш на мојот ник и од опциите да одбереш „најди ги другите постови од овој корисник“, а потоа внимателно да ги прочиташ. Не се многу, јас пишувам само таму каде што сметам дека имам нешто да кажам.
Значи, за разлика од најголемиот/најмасовниот дел од мометално активната популација на форумов, јас спаѓам у оние макс. 2%-3% кои имаат нешто паметно да кажат. Моето време е многу драгоцено и јас си го ценам. Ако критикувам некого, тогаш не застанувам само на критика, туку давам и предлог што треба да се поправи. Така е во овој пост, така е во оној од погоре, а и во некои други кои слободно можеш да ги откопаш.

Тука сум дојден да допринесам со моето искуство, но и да земам туѓо. А ако видам дека си имам работа само со луѓе кои тука дошле да глумат другарчиња меѓу себе и да си тераат фини кафе муабетчиња, веруј дека и сам ќе си заминам. Сакам да ти кажам дека еве неколку дена како сум активен и се трудам на повисоко ниво да ги качам дискусиите секаде каде што нешто сум напишал. Ако не ви се свиѓа мојот стил на изразување, можам јас без проблем да заминам. Без разлика дали следнава изјава ќе ти делува многу сутетно или не, ама длабоко сум убеден дека форумов ќе изгуби многу повеќе одколку што ќе изгубам јас. На крајот на краиштата, можам јас само себично да ги читам вашите пораки тука без на никаков начин да допринесувам.

И за на крај... што сакаш кажи, како сакаш реагирај, ама пораката на твојот колега беше мрчаторска...те. троловска.
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
интересна работа
иако не би тестирал тоа на лаптоп
барем не на нов
може на некој постар да видам како е и што е :D

тоа дискусијата колку и да гледам да не навлегувам но што да правам :)

злочко е тука во право
што да се преведува видео ли
или насловот
насловот го превел

тука се само препукувате наместо да ги видите другите теми
(текстуални теми) кои не се преведени
а немаат ни опомена ни ништо

него ај :)
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Не се работи за преведување на видеото. Не ми беше поентата за преводот.
Мојата забелешка беше пред се за начинот на изразување на zlochko. Таквиот начин на изразување и користење на невкусни изрази, нема да се толерира не само кон Администрацијата туку кон било кој член на форумот.

Не сум во можност да ти одговорам цитат по цитат бидејќи моментално сум на работа и интернетов ми е скапан(Dial up).
Сума сумарум, zlochko добредојден си на форумов и никој нема ништо против тебе. Форумов е место за сите оние кои се пронаоѓаат во неговите содржини и кои го прифаќаат куќниот ред. Ако мислиш дека и ти си еден од нив, повели и уживај во престојот на форумот.

Сакам да ти кажам дека еве неколку дена како сум активен и се трудам на повисоко ниво да ги качам дискусиите секаде каде што нешто сум напишал.
Благодарам за твоите заложби но со постови како тој погоре и со започнување расправии ти го правиш сосем спротивното. На тоа сакам и да ти укажам. Едноставно барам малку респект спрема другите членови во текот на дискусијата. Потруди се во идните дискусии да го задржиш она ниво кое го затекна на форумот.

Немаше ли друг начин за да му укажеш на Алекс дека коментарот не му е на место? :rolleyes:
Мораше ли веднаш да одговориш дрско, цинично и со вербален напад? :rolleyes:

Крај на приказната!
Да се вратиме на темата и да не ја загадуваме непотребно. Во спротивно сите постови кои се надвор од темата ќе бидат избришани или префрлени во друг дел од форумов.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,569
Мислења
823,606
Членови
28,075
Најнов член
GGPPkorcula
На врв Дно