1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Како да инсталирате Custom Rom на Xperia X8

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од StalkeR, 9 Февруари 2012.

  1. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,109
    3,776
    5 Декември 2009
    Машко
    По барање на неколку членови од форумов, еве и туторијал.

    Најпрво треба да го рутирате телефонот. Се рутира со Super One Click или z4root алатките.

    Одкако ке се рутира треба да инсталирате xRecovery. Линк за инсталација.

    Следен чекор е да изберете кастум ром кој што сакате да го симнете.
    Доколку ромот кој го симнете е во .zip формат треба да се флешува преку рекавери.
    Ова се прави кога:
    Ке го ставите фајлот ( обично се пишани како update.zip ) на мемориската картица /sdcard, значи да не биде во фолдер), и ке го рестартирате телефонот. Влезете во рекавери модот, и изберете Install Custom zip. Лоцирајте го фајлот ( update.zip ) од мемориската картица и изберете го. По кратко време ке заврши инсталацијата и ке бидете известени дека е инсталиран ромот.

    Е сега, има случаеви и кога ромот кој што треба да го симнете е во .rar датотека.
    Тогаш треба да ја одпакувате таа архива, и доколку го менувате името на архивата( препорачливо е да не се менува) гледајте да нема место помеѓу името.

    Пример за правилно име: ImeNaRom.
    Неправилно: Ime Na Rom.

    Овие ромови се инсталираат на следниот начин:

    На мемориската картица правите фолдер кој ке се вика xrecovery. ( /sdcard/xrecovery)
    Во xrecovery фолдерот правите нов фолдер кој се вика backup ( /sdcard/xrecovery/backup)

    Во овој фолдер backup, ке ја ставите папката која ја одпакувавте.

    Следно, рестартирате телефонот, и влегувате во рекавери модот.
    Тука избирате Backup and Restore. Влегувате таму и одите во Restore. Тука ке го најдете тој фолдер што го ставивте во него. Пример: ImeNaRom. Го избирате него, и ке почекате кратко додека тој ром се "ресторира".

    Одкако ке бидете известени дека е операцијата извршена треба да го ресетирате телефонот и да започнете со користење на новиот ром.

    Задолжително после инсталација на кастум ром, правете Full Wipe !


    Доколку имате прашања слободно прашајте.
     
    uwemi, тотето и на alek99 им се допаѓа ова.
  2. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    449
    380
    28 Јануари 2008
    Машко
    Секоја чест за упатствово.
    Само да те надополнам, дека тие што ќе се решат да стават кустом ром, ке треба да внимаваат на детали, бидејќи секој кустом ром си има свој начин на инстлација. На пример некој се инсталира преку xRecovery, друг преку CWM и тоа преку соодветна верзија. Исто така си бараат и соодветен baseband и kernel. Така да ова е добра основа, а за детали ке треба да си прочитат подетално кај производителот на ромот.
     
    На StalkeR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,109
    3,776
    5 Декември 2009
    Машко
    Тоа да. Гледам за новите ромови е потребен одклучен бутлоадер пример, последен бејсбенд и сл. Али тоа е за секој ром посебно, па затоа не е вметнато во текстот.
     
  4. тотето

    тотето
    Спамер

    694
    674
    4 oктомври 2011
    Машко
    Фала за упатството но има уште работи шо не ми се јасни.

    За xRecovery најдов понова верзија ама не разбирам упатството, ако можи некој да ми помижи како да го снимам и што конкретно се прави со ова апликација.

    Дали за froyobread треба bootloader и за што служи ова. Потоа во Settings-> About Phone за Model Number ми пиши E15i. за Firmware version 2.1-update1, за Baseband Version m76xxx-tsncjolym-53404015, Kernel version 2.6.29 [email protected] #1 и за Build Number 2.1.1.A.0.6. Дали е потребна надоградба на нешто од овие за исталирање на froyobread.

    Или па ако имате некој туторијал (најдобро видео) во кој е објаснато се малце подобро, а не вака со поими непознати за обичниот корисник.
     
  5. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,109
    3,776
    5 Декември 2009
    Машко
    Не ти е потребна понова верзија. Во некои ромови ја ставаат и поновата верзија на рекавери. Тебе рикавери ти е потребно само да го флешуваш ромот, не е битна верзијата.

    Надоградба не ти е потребна.
     
    На тотето му/ѝ се допаѓа ова.
  6. тотето

    тотето
    Спамер

    694
    674
    4 oктомври 2011
    Машко
    А дали мора Root Exploler или има и бесплатна алтернатива? И за што служи?

    И за инсталирање на xrecovery кога ќе ги преместам фајлојте во system/bin сами ќе се снимат или?

    И дали пример ако ми се појави некој дефект на телфонот можи сега да направам бекап и тогаш да вратам во фабричка сосотојба за да ми ја важат гаранцијата. Или па Full Wipe ќе сврши работа?
     
  7. Tawe

    Tawe
    Gaining Experience

    498
    154
    12 Август 2011
    Машко
    ChipТuning
    Здраво. Кога го купив телефонот (X8) имаше инсталирано 2.3.7. Па сега ме интересира дали може да се врати на фабричко подесување (и како) и дали ќе ми остане пак 2.3.7 верзија :)
     
  8. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,109
    3,776
    5 Декември 2009
    Машко
    Го препорачав рут експлорер зошто го сметам за најдобар фајл менаџер, и можеш да менуваш персмисии со него. Доколку ти треба кракувана верзија пиши ми ПП, ке ти пратам. А можеш да користиш и бесплатна верзија од него мислам.

    Епа, ако ги копираш тие работи таму, не може само да се снимаат, ти мораш рачно да ги пастираш таму.

    Дефект, каков дефект. Со инсталација на кастум ром, препорачливо е првен да се направи фул вајп на се.

    Бекап се прави преку рекавери, а можеш да го вратиш фабричкиот ром преку PC Companion.

    Фабрички може да се врати, како што пишав погоре со PC Companion. 2.3.7 нема да ти остане, освен ако не си направиш бекап.
     
    На тотето му/ѝ се допаѓа ова.
  9. тотето

    тотето
    Спамер

    694
    674
    4 oктомври 2011
    Машко
    Фала многу, дел ти дел од интернет собрав храброст и успеав :D За оние на кои уште не му е јасно како оди одприлика процесот нека побарат "xrecovery xperia x8" на google и одма првиот резултат не можам да го клам линкот бидејки има линкови за слегвање на апликации кои се плаќат.
     
  10. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,109
    3,776
    5 Декември 2009
    Машко
    Нема проблем. Доколку има некои прашања слободно прашајте.
     
  11. тотето

    тотето
    Спамер

    694
    674
    4 oктомври 2011
    Машко
    Само уште ако знајш како да го овозможам мултитачот, на форумот во froyobread темата пиши дека сега работел со ax8mt и само требало да го копирам во /system/lib/modules, го копирам (со root exploler) не работи.
     
  12. marchesk

    marchesk
    Gaining Experience

    164
    102
    4 Септември 2012
    Машко
    Све направив како што треба, инсталирав FroyoBread | v023b, но нејке да продолжи после тоа FroyoBread, цело време истото ми го врти.. Солуција ???
     
  13. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,109
    3,776
    5 Декември 2009
    Машко
    А full wipe направи ли од кога го инсталираше ромот ?

    Задолжително после инсталација на кастум ром, правете Full Wipe !

    (Нека го додаде ова некој модератор во првиот пост)
     
    На mjovcevski му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dulemilosevski

    dulemilosevski
    Gaining Experience

    78
    58
    20 Декември 2010
    Машко
    со помош на алткава ке си го решиш проблемот линк : http://www.mediafire.com/?0o32mo8yvu5yft2
     
  15. AstroBoy

    AstroBoy
    Intern

    146
    29
    29 Јули 2012
    Машко
    го следев туторијалот и направив се како што беше сега ми застанува на Сони Ериксон логото кога се вклучува ПОМОООШ
     
  16. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,109
    3,776
    5 Декември 2009
    Машко
    Сигурно не си направил Full Wipe, па затоа заглавил на SE logo.
     
    На AstroBoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AstroBoy

    AstroBoy
    Intern

    146
    29
    29 Јули 2012
    Машко
    нели одкако се става ромот се рестартирува телефонот принф па опсле се прави фулл вајп фабрички?
     
  18. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,109
    3,776
    5 Декември 2009
    Машко
    Не. После инсталација се прави вајп.
     
    На AstroBoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AstroBoy

    AstroBoy
    Intern

    146
    29
    29 Јули 2012
    Машко
    ок фала ти ке пробам пак да инсталирам одкако ке добијам одговор уште на ова прашање

    слушнав дека ако позади батеријата пишувало 11w и број над 29 не било добро да се инсталирува нешто само незнам што дали е за кастом ромови тоа?
    пошто на мојот пишува 11w43
    очекувам одговор
     
  20. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,109
    3,776
    5 Декември 2009
    Машко
    Ти одговорив во темата. Да не се повторувам по 2 пати.
    Поздрав.
     
    На AstroBoy му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...