Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Затоа постои опција „барај“ на форумов па има „напредно пребарување“ а ако заглавиш некаде со туторијаливе од форумов за XP/Linux инсталација тогаш се прашува.
1) Оди на сајтот на ubuntu.com/download .
2) Од таму си избираш каква верзија сакаш (ако имаш десктоп, си избираш десктоп, ако сакаш сервер си избираш сервер)
3) Потоа си избираш каков компјутер имаш
4) Си избираш локација блиску до местото кај што живееш и си кликаш на Start Download. Со ова ќе ти се даунлоадира ISO image file за Ubuntu Linux.
5) После тоа ставаш едно празно CD од 700 МB и со твојата омилена програма за режење дискови (Nero на пример) избираш опција Burn Image. Го бараш симнатиот фајл и го ставаш да се изреже на CD-то.
6) Го ставаш CD-то во CDROM-oт и го рестартираш компјутерот
7) Ја избираш првата опција на менито и чекаш.
8) Кога се ќе се подигне, одиш на икончето Install - со ова започнува процесот на инсталација
9) Кога installer-от ќе те праша за партиции - правиш Resize на партицијата од која сакаш да земеш меморија и креирај две партиции:
- "/" (root) со екстензија еxt3
- swap со екстензија swap и одвои простор 2x твојата RAM меморија
10) ги докликуваш останатите опции и чекаш инсталацијата да заврши. Се конектираш на интернет преку Ubuntu (ако не знаеш како прашај), одиш во System->Administration->Restricted Drivers-> ги симнуваш 3D драјверите и толку.