• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Како да го оверклокуваш твојот компјутер?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,078
27,210
kalco.ru
Ова е еден мал туториал за оверклокување...за оние кои незнаат што е тоа или што се beginner во сето тоа.
Па поради тоа решив да го припремам овој мал туториал „што е тоа оверклок и како се постигнува’’

НАЈВАЖНА работа е што морате после оверклокување(graf. ili cpu ili memmorijа) или све тоа заедно,морате да пробате т.е да тестирате како ќе работи све тоа и колку ќе биде стабилен windows-от и колку све тоа ќе грее при најголемо оптеретување.

Што е OC воопшто?
Едноставно кажано тое а „ЗА МАЛЦЕ ПАРИ МНОГУ ДА ВОЗИШ=)

1.Оверклокување на CPU-то
-Секој процесор има своја defaultnа брзина и секако волтажа на која работи.Пр (1800Mhz и работи на 1.35v).Она на што треба да обрнете големо внимание е ТЕМПЕРАТУРАТА
Пред на почнете да оверклокувате процесор задолжително е да видите колку е всушност температурата на процесорот.Земете оптеретете го колку што можете најмногу процесорот и потоа измерете ја температурата.
Температурата може да се измери со специални програми или едноставно да видите во БИОС.
Одкако ќе видите дека температурата не преминува повеќе од 50*C при MAX оптеретување тогаш дури можете да почнете со оверклокување на процесорот.Најдобар совет е да го дигате само FSB (Front Side Bus),бидејќи дигањето на волтажата од 1.35 ја дигнете на пример 1.45 и сл. се подига и температурата што е логично зар не=)

Важно**= Исто така има и еден трик а тоа е да е темп. мала,а вие се чудите зашто нејќе да се упали ПЦ-то...тоа е затоа што волтажата е недоволна... значи тогаш мора да ја дигнете волтажата малце на пример од 1.35 на 1.4 или 1.425...во зависност.
Да пуштиме ние дигањето волтажа...значи ќе се пуштиме на дигање само на FSB-то,а кога се дига FSB гледајте размерот на цпу-то-меморијата да бидат 1:1 бидејќи тоа се најдобрите перформанси,а со програмата CPU-Z пратете го движењето на FSB и под memory видете на колку моментално Mhz работи меморијата(200Mhz е одприлика Максимална за од прилика слаби мемории оверклокот може да иде и до 250Mhz што е и од прилика 400 FSB.

Одкако ќе завршиме со ова идеме во БИОС(може и преку прогарми али варез е забрането на форумов=)
во биосот влагате во advansed и барате кај ви пишува FSB speed или само Speed на него ја местите брзината.Пр(оптималната бризна е 1800Mhz вие ја местите на 2000Mhz).Со Ова се завршува оверклокувањето на процесорот.

2.Оверклокување на графичка
-За оверклок на граф. треба слична постапка како и на процесорот преку биосот али има подобар и полесен начин преку програми како на пример PowerStrip...во суштина начинот е ист.
Одкако ќе го симнете програмот и инсталирате отворете го и идете Propertis на граф.картичка и најдете Perfomance тука местете на manual и мењајте ја фреквенцијата и правете ТЕСТ можете да ја дигате све додека не видите дека компјутерот не работи убаво.Во тој случај спуштете малце и така сочувајте ја брзината.
Рестартирај те го компјутерот и почуствувајте ја разликата и моќта на ОВЕРКЛОКУВАЊЕТО!!!!

Ете толку од мене...ќе го едитирам постов ако приметам дека нешто сум заборавил бидејќи се уморив веќе и неможам да размислувам....
За прашана критики дополнувања ако нешто не е јасно обрате ми се...
П.С Благодарност до Tony(CPU) Што ме приближи до овеклокувањето


Поздрав
Fatal1ty_
 

GigaC

Intern
23 април 2008
344
7
www.xeezi.com
Мислам дека нема потреба од оверклокирање на компјутерот. Со оверклокирање, шансите за да процесорот да ти згасне се многу големи, така да нема зошто да ризикуваш, туку работи го под "нормала" :)
 

Acika_Beast

Intern
18 август 2008
124
3
Еве некое прашање од мене :
КОЛКАВА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ НОРМАЛНО КОРИСТЕЊЕ И ОВЕРКЛОКУВАНО????
ДАЛИ ЛЕСНО СЕ РАСИПУВААТ ДЕЛОВИТЕ ПРИ ОВЕРКЛОКУВАЊЕ?
 

Blagojce

Gaining Experience
26 декември 2007
890
70
Прилеп
Blagojce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-3570 3.40GHz
Storage
2 TB
RAM
8 GB
Monitor
ASUS 24" LED Full HD
OS
Windows 10
Ако направиш грешка при пресметките за тоа колку може да издржи процесорот може лесно да се расипе, а брзината не знам ама мислам дека не е некоја ПРЕголема разлика, според мене не вреди да се ризикува за ова:).
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,078
27,210
kalco.ru
Еве некое прашање од мене :
КОЛКАВА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ НОРМАЛНО КОРИСТЕЊЕ И ОВЕРКЛОКУВАНО????
ДАЛИ ЛЕСНО СЕ РАСИПУВААТ ДЕЛОВИТЕ ПРИ ОВЕРКЛОКУВАЊЕ?
Па Ако добро го направш оверклокувањето ќе почуствуваш разлика.
Има шански да направиш хаварија ако не бидеш доволно внимателен или одеднаш сакаш многу да го оверклокуваш(повеќе од што е дозволено).Иначе доколку све направиш како што треба мали се шансите да расипеч нешто меѓутоа мора да напоменам дека оверклокуваните делови се изложени на поголем ризик
 

Acika_Beast

Intern
18 август 2008
124
3
А колку од вас користат оверклок ме интересира и дали сте задоволни оти и јас сакам да го напрам ова ?
И дали кога ќе го оверклокувам процесорот во Properties на My Computer ќе ја дај новата брзина на процесорот. Патем имам AMD Athlon 64 3000+ процесор и Nvidia GeForce 6600 на 256 мега меморија.
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
Еве некое прашање од мене :
КОЛКАВА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ НОРМАЛНО КОРИСТЕЊЕ И ОВЕРКЛОКУВАНО????
ДАЛИ ЛЕСНО СЕ РАСИПУВААТ ДЕЛОВИТЕ ПРИ ОВЕРКЛОКУВАЊЕ?
kako што ти кажа fatal1ty, за оверклокување прво гледај да имаш добро ладење кое ке може да работи на нормални услови не сега бапни му сув мраз :rolleyes:
според мене најдобро е водено ладење со комбинација од добар кулер на хладљакот да има

ке се примети и те како разлика, ако наравно добро се направи
а не би требало да ти се оштетат деловите нарабно со тоа се намалува и векот на користење, али гледај на друга страна

век на делови е многу поголем
е сега ти дали би сакал да го користиш нормално компјутерот едно 7-8 години и да ти застари и да мора да го мењаш
или едно 7-8 години да го исцицаш и да го смениш
не ме факајте буквално за години онака ги наведов

со нормално ладење кое што го користиш, можеш да речеме едно 10тина % да ги зголемиш перформансите
за повеќе ке почне да ти грее да ти се исклучува процесорот итн.
 

GigaC

Intern
23 април 2008
344
7
www.xeezi.com
се во ред..ако имаш доро ладење можеш да експериментираш.
+ една работа...ако компјутерот ти е постар, односно ако користеш P3 од тие пред едно 5-6 години немој да оверклокираш :D :D :D
 

Acika_Beast

Intern
18 август 2008
124
3
Фала ај баш утре не одам на школо па ова ќе го работам. Ако цркни процесорот или графичката кај вас ќе ги носам. ::):)
Шала на страна денес немам време ама утре ќе ја дотерам работава и не вервам дека ќе имам некој проблем. Поздрав до утре, тогаш ќе ви постирам ама ако ме нема знајте дека не е на арно.:)
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
acika немај му гајле нема да ти прегори ништо прво види на колку е ставен процесорот да се исклучи
и ако ти почне да грее ке ти се исклучи самиот
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,078
27,210
kalco.ru
acika само внимавај на температурата и немај гајле
Со среќа и утре чекам да кажеш што си направил
 

ajvar

Intern
19 август 2008
297
6
Ако ви се расипе комјутерот,а имате гаранција кога ќе го однесете на сервис никако не кажувајте дека сте го оверклокувале бидејќи веќе не ви важи гаранцијата
 
Мислам дека нема потреба од оверклокирање на компјутерот. Со оверклокирање, шансите за да процесорот да ти згасне се многу големи, така да нема зошто да ризикуваш, туку работи го под "нормала" :)
Интел и АМД ги прават процецорите со работен век од 25 години. Во реалност се од 12 до 20 години. Со оверклокање (зависи од волтажа/температура) векот им се намалува за 4-8 години. Со други зборови, процесор нема шанси да го рикнеш пред да имаш потреба да го смениш оти застарел веќе после 5-6 години користење.

Еве некое прашање од мене :
КОЛКАВА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ НОРМАЛНО КОРИСТЕЊЕ И ОВЕРКЛОКУВАНО????
ДАЛИ ЛЕСНО СЕ РАСИПУВААТ ДЕЛОВИТЕ ПРИ ОВЕРКЛОКУВАЊЕ?
Не се расипуваат лесно, сите модерни делови имаат по 3-5 заштитни слоеви и механизми.

Ако направиш грешка при пресметките за тоа колку може да издржи процесорот може лесно да се расипе, а брзината не знам ама мислам дека не е некоја ПРЕголема разлика, според мене не вреди да се ризикува за ова:).
Вреди да се ризикува и тоа како. Мојот процесор е оверклокуван за 80%, Со други зборови работи 80% побрзо од парите за кои што сум го платил. Разликата е преголема.

НАПОМЕНА: Горенаведеново важи само за новите процесори. Нема поента да оверклокуваш некој стар процесор, зошто дури и да го оверклокуваш за 300%(фантазирам, ама колку за пример), и до толку клокан, пак ке биде ужасно спор во споредба со новите.
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,840
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Мислам дека нема потреба од оверклокирање на компјутерот.
Ако ти немаш потреба, не значи дека и другите немаат. ;)

Со оверклокирање, шансите за да процесорот да ти згасне се многу големи,
Шансите за да ти рикне процесорот оверклокуван може да бидат исти или поголеми, а колку ќе бидат поголеми зависи како ќе го оверклокуваш и при какви температури ќе работи.

BTW, ако имаш несоодветно ладење шансите да рикне не-оверклокуван процесор се поголеми одошто да имаш оверклокуван процесор со соодветно ладење.

така да нема зошто да ризикуваш
Ако знаеш што правиш нема ниакков ризик. Неможам ни приближно да пребројам колку процесори, матични, мемории и графички сум оверклокувал до сега. Ниту една од нив не ми рикнала од оверклок.

BTW, ризикот го прави капиталот. ;)

туку работи го под "нормала" :)
За мене "нормала" е оверклокуван хардвер до максималната, сигурна граница. :D

+ една работа...ако компјутерот ти е постар, односно ако користеш P3 од тие пред едно 5-6 години немој да оверклокираш :D :D :D
Зошто да не?:ha:

Ако направиш грешка при пресметките за тоа колку може да издржи процесорот може лесно да се расипе
Нема врска, збориш на памет.

а брзината не знам ама мислам дека не е некоја ПРЕголема разлика
Зависи за што ќе се користи хардверот и зависи кој оверклокува и што оверклокува.
КОЛКАВА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ НОРМАЛНО КОРИСТЕЊЕ И ОВЕРКЛОКУВАНО????
Зависи каков компјутер имаш и што правиш со него.

ДАЛИ ЛЕСНО СЕ РАСИПУВААТ ДЕЛОВИТЕ ПРИ ОВЕРКЛОКУВАЊЕ?
Ако го направиш тоа правилно, деловите не се расипуваат. Погоре Сефир објасни во врска со животниот век на процесорот.
Зависи од тоа како ќе го оверклокуваш компјутерот, каков хардвер и какво ладење имаш.

Нема поента да оверклокуваш некој стар процесор, зошто дури и да го оверклокуваш за 300%(фантазирам, ама колку за пример), и до толку клокан, пак ке биде ужасно спор во споредба со новите.
Не се согласувам. Напротив, многу поголема поента има да оверклокуваш постар хардвер одошто нов. Современиот хардвер има помал проблем со перформансите споредено со постариот. Покрај ова, членовиве на форумов, како и луѓето во Македонија, најчесто имаат стар хардвер.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,078
27,210
kalco.ru
gOJDO suck:bravo: Така е абсолутно...затоа и го направив туториалов за да не се направи некоја грешка при оверклок
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,840
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Ја поздравувам инцијативата за пишување на таков туторијал, меѓутоа за да го наречеш тоа туторијал треба да напишеш многу многу повеќе, постручно, поконцизно и поконкретно(т.е. да се огарничиш на неколку генерации на процесори и неколку генерации и модели на графички карти).

Јас едно време пишував написи за оверклокување за ЕМИТЕР. Меѓутоа поради одредени причини престанав да ги пишувам тие написи.
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Овие работи се опасни за аматери. Му препорачувам на секој кој што е заинтересиран за Overclock е да научи многу повеќе за волтажи. Со високи температури процесорот пак релативно долго ќе трае, меѓутоа со безобзирно кревање на волтажата на процесорот може да го направите пуканка :)

А за почетници : користете OC софтвер што го даваат веќе сите производители на хардвер.
 

Acika_Beast

Intern
18 август 2008
124
3
Еј значи вака :
Јас не зедов ново ладење, односно го оставив на старото и го оверклокував процесорот за отприлика 12% и притоа од 1800 сега имам 2025.
Мислам дека нема големи разлики во темп. на процесорот ама при 100 проценти искористеност температурата на матичната се менва. Промените не се големи ама сепак дека ми е прв пат да оверклокувам морам да си прашам.
TNX TO ALL
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,840
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
ај кажи ми ја конфигурацијата која ја имаш со сите детаљи и сетирањата. Ќе ти дадам напатсвија како да го оверклокуваш најсоодветно.
 

Acika_Beast

Intern
18 август 2008
124
3
Имам:
AMD Athlon 64 3000+ беше на 1800 MHz сега на 2025 MHz
Nvidia GeForce 6600 на 256 MB
1.5 GB RAM
матична: n-force4-A939
мислам дека е ОК и дека не е премногу од 1800 - 2025
 

Password

Intern
10 април 2007
393
9
Одсекогаш сум работел со оверклокиран PC. Ако не ми поддржува матичната хардверски, тогаш оверклокот го правам софтверски со помош на CockGen Download. Успеав Celeron D 336 2.8GHz да го оверклокирам за 30% (3.6GHz) и немав никаков проблем. Се што треба е внимателно и полека полека да се зголемува FSB. Наеднаш никако. Слика Овде
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,840
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
За да можам да ти помогнам, мора да ми дадеш децидни информации.

Имам:
AMD Athlon 64 3000+ беше на 1800 MHz сега на 2025 MHz
Кој степинг?
(CG, D0, E3 или E6)

Nvidia GeForce 6600 на 256 MB
Од кој производител, кој модел и која ревизија.

Од кои производители ти се модулите, кои модели, каква е нивната конфигурација, кои им се латенциите и рабтоните напони? Би било корисно да знаеш и какви чипови имаат.

матична: n-force4-A939
Кој производител, кој модел, која ревизија и која верзија на BIOS-от?

мислам дека е ОК и дека не е премногу од 1800 - 2025
Би требало да може многу повеќе од тоа.

Најди ми ги овие информации и ќе ти кажам како и што да сетираш. Информациите можеш да ги дознаеш со помош на слениве програмчиња: Everest, GPU-Z и CPU-z.
 

Acika_Beast

Intern
18 август 2008
124
3
Мислам дека вака е доволно ама ке пробам до кај 2200 па да видам како ќе тера, а програмите ги имам ама не е битно кога веќе вака не крева многу температура мислам дека е в ред. А ако велите дека можи многу поќе ке одам и нагоре- нормално секогаш можиш да се вратиш(ако не претераш).
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,840
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
можеш да ставиш лоши сетинзи и потоа системот воопшто да не се стартува. Потоа ќе треба да го ресетираш биосот преку џампер од матичната плоча, па наново сите сетинзи да ги местиш. Затоа добро е да знаеш што правиш, а за да знаеш што правиш треба да знаеш со каков хардвер си имаш работа.
 

kicedz007

Баниран/a
7 декември 2008
215
10
ццц... леле. Абе за оверклок не ви треба некое ладење или такви глупости. Се се Прави во биосот и во самиот оперативен систем (мислам на windows). ПРВО ЌЕ ОТИДЕТЕ ВО БИОСОТ : Таму Ќе одите Во POWER BIOS Features (ако имате Award phoenix bios), па ентер на CPU Clock/Speed. Сега: Ако FSB ви е 533 MHz тогаш бројката која ќе ја внесете нека биде од 133 па до 150 (пр. јас од 133MHz го покачив на 147 без ниту еднаш да ми падне, Т.Е. го оверклокував CPU-то(од 2.80на 3,07 GHz), FSB-от (од 533 на 585MHz) i RAM-от (од 667 на 750MHz), а ако ви е од 800 MHz па нагоре тогаш нека биде од 200 до 300MHz. Кликнете ентер и рестартирајте го компјутерот. И НЕ ЧАЧКАЈТЕ СО ВОЛТАЖАТА АКО НЕ САКАТЕ ДА КУПИТЕ НОВ ПРОЦЕСОР !!!

Ако не се подигне компјутерот :plachko2: тогаш треба да го ресетирате биосот т.е. да ја извадите батеријата од матичната плоча и после пак да ја ставите. Тогаш би требало се да биде ОК. :D

Ако се подигне компјутерот, Успешно сте оверклокувале. Тогаш симнете го CPU-Z со кој ке можете да видите што сте напраиле.

СЕГА за ОВЕРКЛОК НА ГРАФИЧКА КАРТА

Ако имате од поновите Графички од Ати Радеон, тогаш тоа сторете го во catalyst control center > со ati overdrive*. е сеа ако имате графичка како мојата (ати х1650про 512мб ддр2), т.е. ако ви се појавува следнава порака "ATI Overdrive capabilities have not been properly initialized yet. Please try again later." некој нека даде реплика па да видиме.

Ако имате некоја графичка од NVidia тогаш симнете го RivaTuner > стартувајте го > кликнете со „рачето“ на customize... > па на low level system settings > чекирајте го enable low level hardware overclocking и оверклокувајте. ако имате проблеми со ладењето не купувајте ладилници. само во другиот таб „fan“ , чекирајте го управувањето со кулерот и ставете го на 80-90 % (по ваша желба).

RivaTuner РАБОТИ И СО АТИ ГРАФИЧКИ КАРТИ

СО Аti Оverdrive НЕ ВИ ИСТЕКУВА ГАРАНЦИЈАТА !!!:) (бидејќи е дел од драјверите)

Поздрав до сите.

И ве молам РЕПЛИКИ !!!
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,553
Мислења
823,198
Членови
28,061
Најнов член
Viktorofski
На врв Дно