• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Како да форматирам компјутер?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

caci_cris7

Intern
25 септември 2008
8
0
Луѓе ве молам помогнете ми и кажете ми како да си го форматирам компјутерот сама, не сакам да го носам некаде други да ми го форматираат оти форматиран ми е пред месец ипол и дадов 300 ден. и сега не ми се дава пак толку пари (не се којзнае колку) а и сакам да научам како се форматира
 

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Оди во мојот компјутер,стисни десен клик на драјвот што сакаш да го форматираш,одбери Format и потоа Start,но внимавај,формат брише се во компјутерот,можеш да го форматираш и на друг начин,со помош на виндовс цд-то,тоа е малце по сложено,ама пробај вака ,ако не оди,ке пробаме и со цд :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

caci_cris7

Intern
25 септември 2008
8
0
Пробував така, D го форматирав а C не оти мислам дека не може така.Ако знаеш кажи ми како да го форматирам со CD
 

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Мислам дека ова клипче ке ти помогне :

[ame]http://www.youtube.com/watch?v=n0cop_am1WM[/ame]

Ако пак не сфаќаш,ке ти кажам како :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

caci_cris7

Intern
25 септември 2008
8
0
Stane, gledaj vaka, neli na pocetokot ima "first boot from CD" i "prees any key to boot from CD"................e mene ne mi se pojavuva takvo nesto, tuku ima da stisnam "delete" ili "tab" za razlicni funkcii, a toa neli e za da vlezam vo bios...........e sega da te prasam da ne treba da imam nesto napraveno pred toa osven CD so windows staveno vo komp?
 

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Да,тие ти се за да влезеш во БИОС,па треба да ти биде бутибилно цд-то (значи да се пушта на бутирање ).
 

CyberSpic

Intern
14 април 2007
823
26
howtoformatacomputer.com
За да се појави тоа boot from cd треба да подесиш во биосот.
Да се надоврзам на Stane еве исто клипче од youtube на кое е објаснато каде е таа опција, кај тебе може да е на различно место во биосот boot order, startup или слична опција, побарај низ фукнкциите но освен таа функција не менувај ништо друго.
Направи рестарт и при стартување на компјутерот кога ќе се појави press del to enter bios притисни del и ќе влезеш во биосот.

[ame]http://www.youtube.com/watch?v=AzrhxXYqB50&feature=related[/ame]

Доколку ти е понов компјутерот може да има вградена функција, да притиснеш tab или F8 за директно да те праша дали сакаш да бутираш од CD. Би ти препорачал тоа да го пробаш прво, и ако не може така, тек тогаш одново рестарт и да менуваш во биосот.
 

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Доколку користиш хр, кога ќе го ставиш цедето правиш рестарт и уште на почетокот на стартувањето притискаш F11. Тука ќе ти даде опција од што сакаш да бутираш: од хдд или од цд.
Одбираш цд. (се разбира доколку е бутабилно цедето)

После тоа цедето се лоадира, и ќе ти даде опција дали сакаш да притиснеш ентер за да се инсталира windows xp и опција да притиснеш R за да направиш repair.
Тука треба да притиснеш на R.
Потоа ќе те праша which instalation type.. или така нешто, и тука ќе пишеш 1 и маваш ентер.
Следно те прашува за пасворд на администратор. Доколку имаш ставено пасворд на админ. ќе го пишеш, доколку немаш..само притисни ентер.
После пишуваш: format c: (доколку windowsot ти е во c: ) и маваш ентер.
Ќе те праша дали сакаш да го форматираш c: со опција Y/N и на тоа ќе одговориш со Y и пак маваш ентер.
Ќе треба да почекаш да се наполни до 100%. Откако ќе заврши процесот ќе ти се рестартира пц-то и пак треба да го бутираш цедето преку F11. Пак ќе се лоадира...и пак ќе ти ги даде истите опции да притиснеш ЕНТЕР за да инсталираш хр или да притиснеш F.
Тука ќе притиснеш Ентер. После ти дава опција да избереш која партиција сакаш да ја форматираш (најверојатно ц и д).
Одбираш c: и идеш понатаму.
Сега ќе те праша каков формат сакаш да направи. Не се сеќавам точно како се опциите, но знам дека има: NTFS format и NTFS (quick format).
Ти одбери NTFS (quick format). После тоа мислам дека си почнуваше форматирањето. Пак ќе треба да го почекаш да се наполни до 100ка. Кога ќе заврши пак имаш рестарт, и после автоматски почнува инсталација на windows xp. Тоа трае околу 35-40 мин и во текот на инсталирањето ќе те праша да наместиш време, датум, јазик итн....
Откако ќе заврши, прави рестарт и се стартува Windows XP.

ТХЕ ЕНД
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

caci_cris7

Intern
25 септември 2008
8
0
Decki fala mnogu na stie sto mi pomognavte so sovetite za formatiranje kompjuter, Problemot bil vo CD-to so windows sto go imav (sigurno ne bilo butabilno), so drugo probav i se bese OK
THANK YOU VERY MUCH :D:bravo:
P.S:Kako mozam da znam dali CD-to e butabilno ili ne???
 

HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5,108
297
www.gorjan.info
Па или можеш да го ставиш во компјутер и да видиш дали ќе се подигне, или да го отвориш со PowerISO, и доле ќе ти каже дали е бутабилно или не.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,576
Мислења
823,750
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно